
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



За првото полугодие од тековната година падот изнесува 4,7 отсто во однос на истиот период лани! Негативните трендови за германската автомобилска индустрија продолжуваат да опстојуваат. Продажбата на автомобили во првата половина од 2024 година изнесува околу 269,5 милијарди евра, што е за 4,7% помалку во однос на првата половина од минатата година. Во 2023 година, индустријата забележа рекордна продажба од 282,6 милијарди евра, а главната ...
Досега, глобалната банкарска мрежа за пораки беше вклучена во испитувања на дигитални пари и токениизирани средства. Глобалната банкарска мрежа за пораки SWIFT најави дека следната година ќе тестира трансакции во живо на токенизирани средства и дигитални валути. Тоа е последниот чекор во моментално бавната интеграција на таквите средства во поширокиот финансиски систем, забележува Ројтерс. Банките и менаџерите на средства веќе неколку години ја ...
Eдукативна работилница за успешен кариерен развој наменета за студентите се реализира преку воспоставената соработка меѓу Комерцијална банка и Бордот на европски студенти по технологија. Целта е да им се помогне на младите да направат вистински избор при вработувањето, кое е е еден од најголемите предизвици. Работилницата се одржа во просториите на Банката, каде што студентите од техничките факултети зборуваа со вработените од Дирекцијата за ...
Тркалезната маса се организира како резултат на спроведената анкета меѓу компаниите членки на Комората… Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира тркалезна маса на тема: „Дефинирање на улогата на здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“. Тркалезната маса се организира како резултат на спроведената анкета меѓу компаниите членки на Комората. Наодите од анкетата ...
Повеќе од десет американски држави поднесоа тужби против TikTok, обвинувајќи ја платформата за влошување на менталното здравје на тинејџерите. Група од 14 државни обвинители тврдат дека TikTok користи функции за зависност за да привлече млади корисници, додека „намерно ја доведува јавноста во заблуда за безбедноста на долгорочната употреба“. Тужбата поднесена во Њујорк го обвинува TikTok за „уништување на менталното здравје на милиони ...
Од сите објавени огласи во бугарските медиуми во септември, 26 отсто се специјално за работа во дуќани, чаршии, на берзи. Вкупните понуди за ангажирање минатиот месец беа нешто повеќе од 44.000. Сè уште има многу слободни места во производството, во хотелите и рестораните и во транспортот. Релативно малку има огласи за сметководители и градежни кадри, покажуваат податоците. Во однос на минатата година, има различни промени во побарувачката на ...
Србија има убедливо најголеми резерви на злато на Западен Балкан. Македонија е втора на Западен Балкан со седум тони злато, потоа Албанија со 3,5 тони, Словенија со 3,1 тони, Црна Гора со 1,9 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони. Во текот на оваа година златото речиси секој месец бележеше нов ценовен рекорд. Како што велат експертите, во сегашното економско опкружување, каде што економскиот раст е нестабилен, а повеќето економии се ...
Готовината сè уште е најприфатениот начин на плаќање за швајцарските бизниси, соопшти Швајцарската централна банка, и покрај плановите на некои компании да ја намалат употребата на банкноти и монети во иднина. Физичките пари сè уште се прифатени од 98% од 770 компаниите во истражувањето на трговците на мало, компаниите за јавен транспорт, давателите на услуги како фризери, како и културните и забавните објекти. Испитаниците рекоа дека клиентите ...
Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Како што посочи, затекнал сериозна финансиска состојба во Министерството за одбрана заради тужби во вредност од ...
Утре ќе се одржи првата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) по формирањето на новата Влада. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачувањето на минималната плата. – Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите ...
Во четврток ќе се одржи првата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) по формирањето на новата Влада. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачувањето на минималната плата. – Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и ...
Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно повторно ќе ги намали каматните стапки во октомври, изјави гувернерот на француската централна банка Франсоа Вилерој де Галхау, а шефот на германската Бундесбанка, Јоаким Нагел изјави дека е подготвен да гласа за таква одлука. Централната монетарна институција на еврозоната најверојатно ќе ги намали на состанокот на 17 октомври, бидејќи економскиот раст е слаб, што значи поголем ризик инфлацијата да ...
Во десетгодишна националната стратегија за развој на винарството и лозарството, се предвидува двојно поголем извоз на флаширано вино како и обнова на 30 проценти од лозовите насади и нивно зголемување за 5 отсто. На 4 проценти од лозовите насади да се произведува органско сертифицирано винско грозје… Во винарството се предвидува зголемување на извозот на вино во шишиња за 50,а за 10 проценти на наливното вино. Во лозарството, обновување на ...
Руските златни резерви на крајот на септември годинава достигнаа рекордна вредност од 199,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Централната банка на Русија. На почетокот на септември инвестициите на Москва во златни резерви се зголемија за 5,8 отсто, што влијаеше вкупните резерви на благородниот метал да достигнат рекордна сума. Во моментов уделот на златото во руските резерви е 31,5 отсто, што е рекорд во споредба со 1999 година, кога ...
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, нафтата од типот „брент“ се продава за 79 долари за барел, а во исто време е забележан и пад на цените на златото и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:30 часот падна на 18.947,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.194,41 поени, францускиот CAC 40 на 7.482,01 поени, а московскиот MOEX на 2.776,63 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс ...
Ставен параф на 500-те милиони за општините и бизнисот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во име на Владата во Будимпешта го потпиша договорот за заем со унгарската експорт-импорт банка . Со овие пари, покрај поддршката за компаниите и општините се обезбедува ликвидност на буџетот .Со ваквиот потег се очекува економијата да расте и да се решат дел од горливите проблеми, особено на локално ниво. Половина од парите ќе одат за ...
Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе ги намали каматните стапки на 17 октомври бидејќи економскиот раст е слаб, што го зголемува ризикот инфлацијата да падне под целта од два отсто, изјави претседателот на француската централна банка Франсоа Вилеро де Гало. ЕЦБ веќе двапати ги намали стапките од рекордно високите стапки оваа година, а пазарите сега очекуваат побрзо олабавување на политиката, со промени во октомври и декември, ...
Европскиот совет денеска реши да ја отстрани малата карипска држава Антигва и Барбуда од листата на ЕУ на „некооперативни земји и територии за даночни цели“. Советот посочува дека ваквата одлука е донесена откако Антигва и Барбуда направила измени на важечките даночни правила. Државата, која има нешто над 100 илјади жители, беше ставена на листата на ЕУ на „даночни раеви“ во октомври 2023 година, врз основа на негативната оценка дадена од ...
На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство. Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалаци од 2019 до 2023 година, при што е утврдено дека ...
Во светот на глобалното финтек инвестирање, платформите за P2P (peer-to-peer) стануваат сè попопуларни како начин за обичните луѓе да инвестираат директно, наместо преку традиционалните финансиски институции. Овие платформи овозможуваат директна поврзаност помеѓу примателите на средства и инвеститорите, нудејќи можност за поголема профитабилност и поголема транспарентност. P2P.mk е првата таква платформа во Македонија, иновација која создава ...
Есенската потрошувачка кошница и Законот за забрана на нефер трговски практики спречија натамошен раст на цените на прехранбените производи и на инфлацијата, но сепак цените на дел од производите во кошницата останаа со исти цени, кажа министерот за економија, Бесар Дурмиши во експозето за сработеното во првите 100 дена на Владата. Дурмиши најави дека ново намалување на цените, би требало да има откако трговците ќе ги потрошат залихите во ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. На седницата на оваа Комисија ќе се разгледува Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија. ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска Методологија, прибраните ...
Цените на недвижнините во Македонија продолжуваат да растат, иако темпото на поскапување е забавено во третиот квартал од 2024 година. Според последните податоци од Народната банка, цените на квадратен метар во овој период се зголемиле за осум проценти, што претставува благо намалување на динамиката во споредба со вториот квартал, кога растот изнесуваше 11 проценти. Овој тренд на пораст на цените започна уште во четвртиот квартал на 2021 ...
Германската влада ќе ја коригира прогнозата за економски раст за оваа година, потврди министерот за економија Роберт Хабек. Министерот ја оцени економската состојба во Германија како незадоволителна. Податоците постојано се коригираат – „за жал, сега се намалени“, рече Хабек. Ситуацијата, додаде, е многу нестабилна. Весникот „Зидојче цајтунг“ прв објави за значителна корекција на прогнозата на владата. Првично, Хабек предвидуваше благ пораст на ...
„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка. Сепак, иако инфлациските притисоци се намалија, и понатаму има значителни ризици. Поради глобалната несигурност, како и нестабилните цени на енергијата и геополитичките тензии, централната банка мора да биде внимателна и да ги ...
Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од финансиската поддршка … Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјоделско земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска ...
Во Будимпешта денеска треба да биде потпишан договорот за унгарскиот заем во висина од половина милијарда евра од кои дел ќе бидат наменети за бизнис секторот, а дел за реализација на проекти на општините. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта и дека истиот ден ќе го потпише договорот. Условите под кои се зема заемот, според Владата, се поволни. Кредитот се зема со ...
Според бројките од Државниот завод за статистика дури 52,3 отсто од нашето население не е искористено на пазарот на трудот, изјави денеска државниот секретар во Министерството за социјална практика, демографија и млади, Фатмир Садриу, на завршниот настан од реализацијата на тригодишниот ИПА проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, којшто беше во организација на Агенцијата за вработување. Како што посочи Садриу, од вкупно ...
Поголемо намалување на цените на производите, но и контрола на трговците и воведената маржа, бараат граѓаните. Инспекторатот продолжува со засилените контроли, откако се утврдија манипулации со грамажите. Од организацијата на потрошувачи потсетуваат дека предупредиле на можно зголемување на цените кога се укина т.н „гарантирана цена“ … Секое намалување на цените е значајно, но граѓаните со забелешки засега не гледаат големо поевтинување на ...
Вкупно 6,4 милијарди долари ќе и требаат на земјава во следната деценија за зајакнување на отпорноста кон климатските промени, за ефикасна заштита на луѓето и имотот. Секој долар од овие инвестиции сега, ќе испорача два до десет пати повеќе поврат во иднина заради избегнати загуби и економски придобивки. Македонија може да стане земја со нето нулта емисии ако инвестира 5,6 милијарди долари до 2050 година во декарбонизација на енергетиката, ...