
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на отворањето на Конференцијата за одржливост во Хамбург, на која присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека Германија ќе се приклучи на глобалната алијанса за батерии, заедно со Србија и Замбија. Обраќајќи им се на учесниците на дводневната меѓународна конференција за одржливост во Хамбург, Шолц истакна дека Глобалната алијанса за батерии е најважното глобално партнерство бидејќи се ...
Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров рече дека проблемот со иселувањето на младите постои но и дека се обидува да го реши. Тој понуди вработување на неколку профили млади но оти е тешко да се најде квалитетен кадар. „Во моментов јас сакам да најдам 100 архитекти кои веднаш би влегле во државната администрација.Партиската определба е небитна. 100 луѓе нека се пријават и нека донесат CV ќе бидат вработени во јавната ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...
Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се приспособат на бавниот економски раст и високиот долг бидејќи ова е светот во кој моментно живееме, изјави денеска претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на конференцијата за одржливост во Хамбург. Според неа, тоа значи дека реформите што придонесуваат за раст, подобрување на инвестициската клима и напредок на пазарот на трудот треба ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – август 2024 година изнесува 5 190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока е 7 341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит е 2 151,2 милиони евра, а покриеноста на ...
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е ...
Грција издвојува 20 милијарди евра за поттикнување на наталитетот Грција, која забележа најмал број раѓања во 2022 година, планира да потроши 20 милијарди евра до 2035 година за стимулации за да го запре падот на наталитетот, вклучително и парични бенефиции и даночни олеснувања, соопшти грчкото Министерство за семејство, цитирано од Ројтерс. Грција во моментов троши околу 1 милијарда евра годишно за мерки во корист на децата, но, како и другите ...
Штедењата на домаќинствата во еврозоната продолжуваат да растат Стапката на штедење, дефинирана како однос на заштедите и расположливиот доход, во еврозоната, беше 15,7 отсто во вториот квартал наспроти 15,2 отсто во првиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Учеството на наменските средства континуирано расте од вториот квартал на 2022 година, освен третиот квартал од минатата година, кога го задржа своето ниво во однос ...
Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2024 година. Податоците покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите. -ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина и нашата надеж, нешто во што мора да се инвестира. ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија ќе реализира низа на мега проекти. Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден, истакна Мицкоски. ...
Поголема поддршка на младите од државата за нивно задржување во руралните средини оти ќе нема кој да произведува храна. Ова е апелот кој го упатија учесниците од Агро саемот во Струмица. Речиси сите кажаа дека им фали работна рака и нема кој да ги наследи… Поголема поддршка на младите и нивно задржување во селата. Ова е апелот на Владанка Ристиќ од Тимјаник која обработува винова лоза на Агросаемот во Струмица беше избрана за жена фармер. И ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти. – Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме ...
Изјава за медуми, Иле Малинов од ОО СДСМ Кочани: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Трипуновски на чело, ги остави на цедило оризопроизводителите. Пред само неколку дена Трипуновски во Кочани вети навремен и непречен откуп на оризот, но ниту е навремен, ниту е непречен. Откуп нема! Жетвата на ориз започнува, но нема никаква најава за почеток на откуп. Оризопроизводителите ќе треба да трпат заради неодговорноста на ...
Државниот пазарен инспекторат утврдил серија на прекршување на правилата и законите кај големите ланци на маркети. Инспекторите затекнале празни равтови, голем недостаток на производи кои ги опфаќа владината мерка и покрај тоа што треба да има количина од 70 отсто од онаа која во продавниците била во август годинава. Трговците и производителите се обидуваат да го изиграат законот и преку продажба на производи со помала грамажа. Директорот Горан ...
Американската мултинационална компанија за нафта и природен гас „ExxonMobil“ соопшти дека може да загуби до 1 милијарда долари од добивката во третиот квартал поради падот на цената на нафтата. На крајот на кварталот, цената на суровата нафта од типот „брент“ падна за 17 отсто. На последниот ден од кварталот, еден барел чинеше 71,77 долари. Како резултат на тоа, маржите за рафинирање значително се намалија, забележа ExxonMobil во поднесувањето ...
Тоа е најскапата војна во историјата на земјата Израел ја води најскапата војна во својата историја. Само во тековната година, речиси 64.000 израелски компании престанаа со работа. Главно се работи за мали компании, покажуваат податоците од анализата изработена од консултантската куќа Coface BDi. Исто така, повеќето нови ИТ компании од земјава претпочитаат да се регистрираат во странство. Технолошкиот сектор придонесува со 20% од БДП на Израел. ...
Европската унија се подготвува да усвои нови санкции против Иран, обвинет за продажба на балистички ракети на Русија, изјавија извори за Блумберг. И Москва и Техеран постојано го негираа ова. Според неименуваните извори, ќе бидат погодени неколку десетици поединци во Иран и организации, вклучително инженерски, металуршки и воздухопловни компании. ЕУ има намера да го одобри пакетот санкции на крајот на октомври кога лидерите на ЕУ ќе се сретнат ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 октомври 2024 ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вторник на 8 октомври ќе патува за Будимпешта каде ќе биде потпишан договорот за кредит во висина од 500 милиони евра од унгарската експорт-импорт банка. -На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, прво на девизната, а потоа ќе пренасочуваме дел на денарската сметка – рече таа во ...
Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Во ...
Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов. Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека ребалансот на Буџетот, што го изготвиле во првите 100 дена, веќе се реализира, како и дека веќе се исплаќаат обврските за кои претходната Влада немала доволно средства испланирано. Според неа се покриваат и доспеаните обврски за кои, исто така, биле обезбедени средства со Ребалансот. Но, она што не изненадува е појавувањето на дополнителни недоспеани обврски. -Состојбата што ја ...
Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот „Каде се парите”. Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и ...
Буџетскиот дефицит на Австрија во 2024 година ќе биде поголем од три отсто од БДП поради големите расходи за санирање на последиците од поплавите и послабите економски резултати, што значи дека оваа земја ќе ги прекрши фискалните правила на Европската Унија. Австриското Министерство за финансии очекува буџетскиот дефицит оваа година да се зголеми од 2,7 отсто во 2023 година на 3,3 отсто од БДП, пренесува Блумберг. Во март, прогнозата беше ...
Според новиот извештај на БестБукерс.ком, најприфатлива земја во Европа за купување дом во однос на просечниот приход е Данска. Просечната цена на имот од 100 квадратни метри е еквивалентна на 114 нето плати, што го прави северот најприфатлива земја во Европа за купување дом, според податоците на ММФ, специјалистите за цени на имотот Нумбео и TрејдингЕкономикс, открија од БестБрокерс. Во исто време, Данска е најскапата земја во ЕУ во 2023 ...
Европската Унија, Велика Британија и САД ја санкционираа Русија поради нејзината агресија врз Украина. Сепак, и покрај овие санкции, Русија најде начин да ја одржи трговијата со Европа. Американскиот институт Брукингс, користејќи ги податоците од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за трговијата, во последните години го мапираше извозот на неколку европски земји во азиските земји, за кои постои сомневање дека реекспортираат европски стоки во ...
Британските истражувачи проценуваат дека извозот меѓу Обединетото Кралство (Велика Британија) и Европската Унија помеѓу 2021 и 2023 година бил помал отколку што би бил доколку не се случеше Брегзит. За седум години Брегзит го намали бруто домашниот производ (БДП) на островот до четири отсто. Повеќе од четири години по Брегзит, Обединетото Кралство (Велика Британија) лошо ја чувствува економската штета. Навистина, Брегзит има „длабоки“ ...
Синдикатот што претставува 45.000 американски пристанишни работници кои штрајкуваат на пристаништата на источниот и заливскиот брег во четвртокот постигна договор да го прекине тридневниот штрајк до 15 јануари за да се даде време да се преговара за нов договор. Синдикатот, Меѓународната асоцијација на долгоморски работници, треба веднаш да продолжи со работа. Привременото прекинување на штрајкот дојде откако синдикатот и американската поморска ...
Неколку владејачки гарнитури во изминативе години го прогласија процесот на денационализација за завршен, но се чини дека станувало збор само за политички флоскули, со оглед на тоа што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на 23. годишна конференција на Македонската берза, која неодамна се одржа во Охрид, најави дека се работи на донесување одлука за 23-та емисија на обврзници за денационализација во вредност од 1,5 ...
Економската стратегија на Европската Унија претставува „економска студена војна“ и Унгарија не сака да биде притисната во ниту еден блок и сака да продолжи да тргува со двете страни, изјави премиерот Виктор Орбан за државното радио во петокот. Орбан додаде дека производите произведени во ЕУ ќе биде сè потешко да се продаваат ако светската економија се подели на два блока и дека е нејасно дали Унгарија може успешно да ја продолжи својата ...