Во август, во земјава најмногу туристи дошле од Турција, вкупно 49.093, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втора земја од каде што редовно доаѓаат туристи е Србија со 10.309, а трета е Романија со 5.202 туристи. Традиционално, и овој август бројни биле и туристите од Холандија, од каде што дошле 5.075. Статистика покажа дека во август бројот на туристи изнесувал 226.179, кои оствариле 846.221 ноќевање. И овој месец ...

Цената на нафтата се спушти на најниското ниво во последните пет месеци, поттикната од растечките тензии во трговската војна меѓу САД и Кина, како и стравувањата за забавување на глобалната економија. Аналитичарите предупредуваат дека продолжената неизвесност меѓу двете најголеми светски економии може дополнително да го намали побарувачкиот притисок на пазарот. Дополнителен фактор за падот е и зголеменото производство на нафта во неколку ...

Европската централна банка (ЕЦБ) разработува сценарија за воведување на дигиталното евро и ја анализира потенцијалната последица врз депозитите во комерцијалните банки. Според симулациите, во најнеповолното сценарио, повлекувањето на депозити од граѓаните би можело да достигне до 700 милијарди евра, особено ако корисниците го користат дигиталното евро за други видови плаќање. Европските министри за финансии минатиот месец се согласија на ...

Грчката влада предвидува даночни намалувања за стотици илјади сопственици на имот и директна финансиска помош за еден милион домаќинства кои живеат како потстанари, како дел од стратегијата за справување со тешката станбена ситуација, пренесе агенцијата АНА-МПА. Според нацрт-буџетот за 2026 година, кој го презентираше министерот за национална економија и финансии, Кириакос Пиеракакис, вкупната вредност на овие мерки достигнува речиси ...

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, велат од МФ. Околу 4 милиони денари месечно (65 илјади евра), колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство со укинувањето на ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, ...

Цените на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 73 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за еден денар, и ќе изнесува 75 денари по литар. Се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68 денари по литар. За 0,5 денари се намалува и цената на екстралесното масло за ...

Швајцарските градови и понатаму се на врвот на списокот на десетте најскапи во Европа кога се во прашање цените на недвижностите, покажаа податоците на „Дојче банк“. Просечната пазарна цена на квадратен метар стан во центарот на Цирих годинава изнесуваше дури 20,35 илјади евра, поради што тој град се најде на првото место на списокот, пренесува Капитал.ба. На второ место е Женева со просечна цена од 18,7 илјади евра по квадрат, додекак ...

Цената на среброто порасна за над 4% и достигна 51 долар за унца, надминувајќи го историскиот рекорд од 1980 година. Растот е поттикнат од зголемена побарувачка за сигурни инвестиции, финансиски ризици во САД и ограничена понуда на пазарот. Цената на среброто денеска порасна за повеќе од 4%, достигнувајќи рекордни околу 51 долар (44 евра) за унца, што се припишува на зголемената побарувачка од страна на инвеститорите кои бараат сигурни ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”. Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите ...

Цената на среброто се зголеми за повеќе од четири отсто достигнувајќи околу 51 долар за унца, првенствено поради зголемената побарувачка на инвеститорите во побезбедни средства. Ова го продолжи растот на цената на овој скапоцен метал, надминувајќи го претходниот рекорд што беше забележан во 1980 година. Годинава цената на среброто порасна за повеќе од 70 проценти, надминувајќи го златото, што е предизвикано од фискалните ризици во ...

Обемот на трговијата меѓу Русија и земјите од Централна Азија се зголемил за четири проценти во периодот помеѓу јануари и јули, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој го изјави ова на самитот Русија – Централна Азија и нагласи дека има целосен премин кон приоритетна употреба на националните валути во меѓусебните плаќања, објави ТАСС. Путин додаде и дека обемот на трговијата меѓу Русија и други земји надминал 45 милијарди долари, но ...

Бурни реакции од јавноста по најавите дека малите пратки од странство ќе се оданочуваат. Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се укинува ослободувањето од плаќање ДДВ при увоз на мали пратки до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи, а потрошувачките велат дека „не е фер“ со оглед дека ќе поскапат пратките од „Тему“ и „Алиекспрес“. Новите правила ќе значат дека ...

Сандерс, долгогодишен борец за правата на работниците и економска еднаквост, укажува на итната потреба од политики кои ќе ги заштитат луѓето од потенцијално разорните социјални и економски последици на автоматизацијата. Сенаторот Берни Сандерс предупредува дека брзиот развој на вештачката интелигенција и роботиката од страна на моќни милијардери може да им овозможи на големите корпорации да укинат десетици милиони добро платени работни ...

Цените на златото сè уште се над границата од 4.000 долари за унца, која вчера ја пробија првпат во историјата. Од почетокот на седмицата цената на златото се зголеми за речиси 4 отсто. А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во четвртокот утрото во однос на кошничка валути падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,70 поени, ...

Американскиот Сенат повторно не успеа да го усвои законот за краткорочно финансирање на владата до 21 ноември, додека прекинот на работата на владата влезе во деветтиот ден. Сенатот го одби законот што го усвои Претставничкиот дом со 54 гласа „за“ и 45 „против“, бидејќи не беше достигнат прагот од 60 гласа потребни за негово усвојување. Ова беше шести обид за усвојување на законот за финансирање. Сенатот, исто така, ја одби и верзијата на ...

Комерцијална банка ја најави својата нова промотивна понуда за станбен кредит, која им овозможува на граѓаните полесно и поекономично да го остварат сонот за сопствен дом. Понудата важи до 31 декември 2025 година и се одликува со нулти трошоци за одобрување и процена на имот. „Домот е многу повеќе од ѕидови и покрив – тоа е местото каде што се создаваат најтоплите спомени, каде што секој ден започнува со сигурност и завршува со мир“, порачаа ...

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит ...

Во Србија, 24,6 отсто од вработените работат повеќе од 45 часа неделно со нивна главна и евентуално втора работа, што е значително повисоко од просекот на Европската Унија од 10,8 отсто, според податоците на Евростат објавени денес за вториот квартал од 2025 година. Највисок удел на вработени во Европската Унија кои работат повеќе од 45 часа е забележан во Грција 20,9 отсто, додека Кипар 16,6 отсто и Малта 14,6 отсто се исто така над ...

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на кинеската економија во 2025 година на 4,8 отсто од четири отсто во април, и покрај трговските спорови со Соединетите Американски Држави. Новата прогноза се приближува до официјалната цел на Кина за раст на бруто домашниот производ во 2025 година за околу пет проценти, објавува CNBC. Аналитичарите на Светската банка забележуваат дека економскиот раст на Кина е поддржан од владини стимулативни ...

Цената на златото достигна рекордни 4.000 долари за унца, додека инвеститорите бараат сигурни места за вложување на своите пари среде економската и политичката неизвесност во светот. Вредноста на златото расте најбрзо од 1970-тите и порасна за околу една третина од април, кога Доналд Трамп објави царини кои предизвикаа потрес во светската трговија. Златото се смета за безбедно засолниште за инвестирање, зашто се очекува да ја задржи или ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот. – Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите – објави гувернерот Трајко Славески на платформата Х. Од денеска практично во државава ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %. Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и ...

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – приближувајќи се до границата од 4.000 долари за унца – додека затворањето на федералната влада на САД влегува во втората недела. Цената на златото се зголеми за дури 1,2 проценти на 3.932,02 долари за унца. Прекините во САД го одложија објавувањето на податоците за вработување што требаше да бидат објавени во петок, правејќи ја мрачната економска перспектива уште потемна. Со недостаток ...

Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари. Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 ...

Златото повторно го потврди својот статус како најбезбедна и најпрофитабилна инвестиција. Во текот на изминатата година, цената на жолтиот метал порасна за 43 проценти, што значи дека инвестиција од 10.000 евра пред една година денес вреди повеќе од 14.290 евра – добивка од речиси 4.300 евра без никакво активно управување. Причините за метеорското зголемување се глобална економска неизвесност, геополитички тензии и зголемена побарувачка на ...

Трговците на големо и мало ќе ѝ платат на државата казни од околу 2 милиони евра, поради бројни неправилности со цените на прехранбените производи, утврдени при 18.000 контроли од страна на пазарните инспектори. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека до крајот на годината ќе започне и санкционирање на компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики. Тој најави и развој на бесплатен софтвер за ...

Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“. Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери ...

Цените на акциите на Волстрит и на европските берзи минатата недела достигнаа рекордни нивоа, поттикнати од оптимизмот на инвеститорите дека Американската централна банка ќе продолжи со намалување на каматните стапки. На Волстрит, индексот Dow Jones порасна за 1,1% и достигна 46.758 поени, S&P 500 се зголеми за 1,1% на 6.715 поени, а Nasdaq за 1,3% на 22.780 поени. Овој раст, според аналитичарите, најмногу се должи на очекувањата дека ...

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела поради затворањето на владата и очекувањата дека американската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, ослабе за 0,5 проценти минатата недела, на 97,71 поени. Во исто време, доларот се лизна за 0,3 проценти во однос ...

Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година. Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
70%
1004
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
7.72
91%
1006
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
52%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
5.66
59%
1005
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
5.03
86%
1004
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.57
66%
1010
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
67%
1000
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
40%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
90%
1002
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
7.72
72%
1008
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
90%
1002
Currency

61.635

Currency

53.3844

Currency

70.8126

Currency

36.7552

Currency

38.4047

Currency

66.7009

Currency

7.72361

Currency

0.65567

Currency

0.33304

Currency

0.52343

Currency

1.20145

Currency

0.56296

Бакар

10.97

Сребро

2840.84

Кобалт

964.52

Калај

45.06

Злато

144638.24

Рутениум

56199.51

Родиум

347228.06

Иридиум

256711.96

Платина

59896.84

Паладиум

44152.21

Цинк

3.08

Алуминиум

3.28