
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Германските фабрички нарачки во март пораснаа за 3,6 проценти месечно, над очекувањата на аналитичарите и со најбрзо темпо од декември минатата година, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис). Раст е забележан во сите главни сектори во Германија. Големите нарачки за авиони, бродови и возови се зголемија месечно за 13 проценти, како и нарачките за електронска опрема – 14,5 проценти, за машини и опрема 5,3 проценти, во ...
Европската унија (ЕУ) се подготвува да воведе царини за американски производи во вредност од околу 100 милијарди евра како одговор на царините на Доналд Трамп доколку преговорите не успеат, изјавија денес европски дипломати за агенцијата Франс прес. Американскиот претседател даде бројни најави за царински мерки од март. Трамп одлучи да воведе дополнителни царини од 20 проценти за поголемиот дел од увозот од Европа, чие спроведување, сепак, беше ...
Нова тригодишна државна обврзница издадена од Министерството за финансии, од денес котира на Македонска берза. На државата и се потребни седум милиони евра и со камата од 3,4 проценти тие средства ги бара на заем од домашните кредитори. „Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 07.05.2025 година на Официјалниот пазар на ...
Животните трошоци зголемени за 2,6 % на годишно ниво. Инфлацијата си го зема данокот. Цените во април повисоки за 0.6 отсто во однос на претходниот месец. Статистика измери, а Државниот завод за статистика потврди – годишна инфлација од 2,6 отсто, повисока од претходно. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА Зголемувањето на инфлацијата во април 2025 година, во однос на март 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните ...
Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4 701 140 евра. Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04 проценти помалку во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увезената стока 2 772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе споредено со периодот јануари-март лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната ...
Со околу девет илјади долари бруто домашен производ по глава на жител, долг пат ја чека Македонија ако сака стандардот на граѓаните да се доближи до тој на Европската унија. Македонските граѓани се за околу 15 илјади долари посиромашни од најсиромашните во ЕУ, тоа се Бугарите и околу 26 до 27 илјади посиромашни од просекот на Унијата чиј бруто домашен производ изнесува 36 – 37 илјади долари по глава на жител. Од Светската Банка велат дека ако ...
Бројот на банкроти во Западна Европа минатата година беше најголем од 2013 година. Според извештајот на ревизорската агенција „Кредитреформ“ од вторник, барање за стечајна постапка поднеле 190.449 компании. Во исто време, се очекува дека овој број ќе продолжи да расте. „Три години економска стагнација и рецесија не влијаеја само на Германија, туку и на цела Европа“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, директор за истражување во „Кредитреформ“. Од ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. Народната банка, според ММФ, соодветно пристапи и кон постепено и внимателно олабавување на монетарната политика, следејќи ги економските услови и анализи. ММФ препорачува Народната ...
Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, пред Конгресот соопшти дека Соединетите Американски Држави би можеле да склучат трговски спогодби со поголем дел од своите значајни партнери до финишот на оваа година. “Околу 97 или 98 отсто од нашиот трговски дефицит се поврзани со само 15 земји.” Бесент за време на рочиштето пред Комисијата за распределби на Претставничкиот дом, како што објави НБЦ Њуз, изјави: “Би бил зачуден ако не ...
По една година одржување „на апарати“, „Скајп“ официјално ќе биде исклучен денеска. „Мајкрософт“ веќе некое време најавува затворање на некогаш исклучително популарната апликација за видео повици „Скајп“. Од денеска, оваа апликација повеќе нема да биде достапна, а „Мајкрософт“ им советуваше на корисниците да мигрираат на новото решение на компанијата. „Почнувајќи од мај, ‘Скајп’ повеќе нема да биде достапен. Продолжете ги вашите повици и ...
Новата милионска инвестиција со над 200 вработувања што ја најави вчера премиерот Христијан Мицкоски ќе се реализира во индустриската зона во Скопје. Треба да стартува за 10-12 дена, а се работи за производство на бела техника која целосно ќе биде наменета за извоз. Како што рече денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на Општина Штип, се работи на уште две инвестиции во зоната во Штип, како и на проширување на ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ново најавените инвестиции, изјави: -Да, најавивме нова инвестиција којашто ќе се случи за 10 до 12 дена од денеска, неколку десетици милиони евра и повеќе од две стотини вработени. Целосно ќе биде производството наменето за извоз на бела техника, значајно ќе учествува во бруто домашниот производ. И истовремено, сакам да ги ...
Премиерот Мицкоски рече дека Владата се бори за земјоделците и во таа насока ќе продолжи да работи. „Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари. Истовремено се обезбедени околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион. Оризот стана стратешка култура и ќе ...
На валутните пазариво понеделникот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна, по минатонеделниот пораст од 0,45 проценти. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 99,72 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 100,04 поени. Курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута се ...
Цената на еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а цената на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0, 50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува ...
Германците работат од дома повеќе од вработените во други европски земји, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, спроведено меѓу вработени со факултетска диплома во 40 земји. Според анализата, луѓето во Германија работат од дома во просек 1,6 дена неделно, додека глобалниот просек за вработени со полно работно време кои работат најмалку шест часа дневно изнесува 1,2 дена неделно. Во Европа, Финска е ...
На светските пазари, цените на нафтата нагло паднаа минатата недела бидејќи се очекуваше зголемување на производството на ОПЕК, додека трговската војна би можела да го забави растот на светската економија, а со тоа и побарувачката за „црно злато“. Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела потона за повеќе од осум проценти, на 61,29 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,5 проценти, на 58,29 долари. Остриот ...
Кинеската фирма „Тему“ вчера соопшти дека веќе нема да праќа артикли од Кина во САД, поради новите американски царински прописи. Како што извести порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела оваа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што овозможуваше внесување на стока во вредност до 800 долари без царина. Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските купувачи на платформата Тему ...
Сонуваш за сопствен дом? Со новата понуда од Комерцијална банка, твојот сон може брзо да стане реалност! ✨ Што нуди кредитот? ✅ Каматна стапка од само 3,9% фиксна за првите 10 години ✅ Финансирање до 90% од вредноста на недвижноста ✅ Без трошоци за одобрување ✅ Можност за грејс период до 12 месеци ✅ Рок на отплата до 40 години Ова е идеален момент да инвестирате во својот нов дом – сигурно, транспарентно и поволно. 📌 Аплицирај онлајн или ...
По 7 години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви Март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот ...
За него е важно, како што додаде, номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари Јавниот и државниот долг се најниски во последните пет години. Очекувам намалувањето да продолжи. Ова денеска го рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за неговите очекувања за намалување на нивото на јавниот и на државниот долг за време на неговата посета на Општина Кавадарци. „Имаме ниво на јавен и државен долг во ...
Социјалната мрежа ТикТок е санкционирана со 530 милиони евра (601 милион американски долари) поради прекршување на прописите на ЕУ за заштита на приватните информации преку трансфер на податоци во Кина, објави денес ирскиот регулатор. Ирската комисија за заштита на податоци изјави дека ТикТок ја нарушил Општата регулатива за заштита на податоци на Европската унија преку размена на информации за европски корисници со Кина и ги прекршил барањата ...
Од денеска трговците слободно можат да ги формираат цените, откако заврши ограничувањето на маржите од 5% со кои се продаваа млекото, лебот, брашното, јајцата, маслото, јогуртот и другите производи опфатени во 102 групи производи, или над 1.000 артикли… За 1 Мај не работеа, ама од денеска трговците слободно можат да ги формираат цените, откако заврши ограничувањето на маржите од 5% со кои се продаваа млекото, лебот, брашното, јајцата, маслото, ...
Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март годиава е намален за 4,3 проценти, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во март 2025 година, во однос на март 2024 година има намалување за 4,5 проценти на бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2,1 проценти во Рударство и вадење на камен и за 1,8 проценти во ...
Во знак на солидарност и општествена одговорност, Комерцијална банка донираше ново амбулантно возило на Општата болница во Кочани. Овој гест претставува директна поддршка на здравствениот систем и јавното здравство, особено по неодамнешната трагедија во Кочани. Со оваа донација, Комерцијална банка има за цел да придонесе кон унапредување на капацитетите за итна медицинска помош во овој регион. Новото амбулантно возило ќе овозможи побрз и ...
Со околу 400 евра минимална и 700 евра просечна плата ние сме држава со најмали плати во регионот. Минималната плата не е доволна за живот, велат од Гласниот синдикат, има доцнење на платите, а има и случаи на исплата на плати пониски од минималната. Порачуваат државата и институциите да застанат во одбрана на правата на работниците … Македонија е држава со најмала минимална и просечна плата во регионот. Имаме солиден закон за работни односи, ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, како што најави вчера, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати ...
Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека има простор за домашните производи да ја намалат цената во маркетите, бидејќи како што вели, надвор се продаваат за помала цена. „Еве јас одам во Бугарија и сфаќам дека наш производ од Македонија во Лидл Бугарија го купувам поевтино во маркетите отколку во Скопје. Тоа не е возможно, не е возможно, тој е тука произведен, не е произведен во Бугарија“, вели пратеникот. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство и вадење на камен (12.0 %). ...
Бизнисот треба да биде слободен и да инвестира, да има поволно деловно опкружување, напомена министерката. Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем. По средбата со претставниците од Сојузот на стопански комори (ССК), таа повтори дека компаниите кои ќе инвестираат во опрема и производство ...