
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Членовите на БРИКС не разговараат за воспоставување заедничка валута, туку за создавање нови инвестициски платформи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Факт е дека во БРИКС не се зборува за создавање заедничка валута, ниту пак некогаш имало. Се зборува за создавање нови заеднички инвестициски платформи кои ќе овозможат заеднички инвестиции во трети земји“, рече Песков за новинарите во врска со изјавата на американскиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп со предупреди групата БРИКС на економии во развој со царини од 100 отсто доколку се оддалечат од американскиот долар како меѓународно платежно средство. – Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social). – Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да ...
Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2024 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година, усвоена на 30.01.2025 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати ...
Стопанска банка АД – Скопје ги извлече првите 40 среќни добитници од големата роденденска игра во соработка со Mastercard и истите се објавени во денешното издание на дневниот весник „Нова Македонија“. Поради заштита на личните податоци, објавени се иницијалите на сите добитници, нивните ID броеви и градот/општината. Добитниците ќе бидат контактирани телефонски преку Контакт центарот на Стопанска банка АД – Скопје. Наградната игра продолжува до ...
Глобалните цени на кафето „арабика“ денеска достигнаа рекордно ниво од над 3,60 долари за фунта, па бидејќи на Бразил, најголемиот светски производител, му останаа мали непродадени количества, расте загриженоста за претстојната жетва, објави БТА, повикувајќи се на Ројтерс. Дилерите велат дека 70-80 отсто од сегашната култура на Арабика во Бразил се продадени и новите зделки забавуваат. Бразил произведува речиси половина од „арабика“ ширум ...
Германските компании, првенствено во индустрискиот и во трговскиот сектор, планираат да ги намалат работните места, објави економскиот институт Ifo во последното издание на своето месечно истражување, објави ДПА. „Пазарот на трудот е тесен“, рече Клаус Вохрабе, директор за истражување во влијателниот институт. Индексот на пазарот на трудот според Ifo, кој ги покажува плановите на економијата да вработува или отпушта работници, во јануари ...
Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за јануари од петок, 31.01.2025 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 31.01.2025 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 31.01.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури ...
Буџетската канцеларија на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја повлече извршната наредба за замрзнување на финансирањето на федералните грантови во Америка – само два дена откако посеа конфузија низ целата земја и покрена тужби, соопштија две лица известени за одлуката. Регулативата донесена во понеделникот вечерта ја фрли неизвесноста во рацете на клучниот лост за финансирање на државите, училиштата и организациите кои зависат од ...
Професорот Трајко Славески вчера во „Отворено“ на ТВ 24 рече дека најавениот бојкот на маркетите во петок нема да го даде посакуваниот ефект. Според него, решението за ваквите проблеми треба да го најде пазарот, бидејќи тој е единствениот кој може да ги креира цените на производите. „Ова е само фолклор и нема да има никаков ефект, она што нема да го купите во петок ќе го купите за време на викенд затоа што не можете да се лишите од потребите, ...
Федералните резерви на САД објавија дека ќе ги задржат каматните стапки на исто ниво како минатиот месец, потег што финансиските пазари во голема мера го очекуваа, иако тоа е спротивно на желбите на американскиот претседател Доналд Трамп. Комитетот за отворен пазар на ФЕД (FOMC) едногласно одлучи да ја задржи целта на стапката на федералните фондови помеѓу 4,25 и 4,5 отсто, како што беше објавено во средата попладне по завршувањето на ...
Откако на удар на јавноста се најдоа големите маркети, пазарџиите и малите трговци се надеваат дека ќе излезат ќар од целата ситуација и оти ќе успеат да привлечат и задржат дел од потрошувачите. Но, не се сигурни дека ќе успеат. Угостителите, пак, велат дека нема вистина оти и тие си играле со цените… Производителите и препродавачите не се сигурни дали в петок ќе им дојдат граѓаните на пазар. Ако дојдат, уверуваат дека нема да скокнат цените ...
На прво место со добивка од домашните ланци маркети е ВЕРО кој во 2023 заработил на над 10 милион евра и тоа е речиси 13 отсто повеќе во однос на 2022 година. На второ место е КАМ со чиста заработка од 7, 3 милиони евра. И овој ланец маркети може да се види дека има раст на профитот во однос на 2022 година. Меѓу оние со големи профити е и КИПЕР кој во 2023 заработил 5, 5 милиони евра, па Стокомак со профит од 4 милиони евра. Тука е и КИТ- ГО со ...
ЕСМ производство поднело барање до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на парното греење во Скопје за 20%. Нивното барање доаѓа по она на ЕСМ дистрибуција кои побараа околу 13% поскапо парно. И тука оправдувањето е зголемување на трошоците за набавка на гориво Од ЕСМ нагласуваат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за ...
Акциите на Nvidia, американскиот гигант за полупроводници, паднаа за 17 отсто до затворањето на Волстрит, намалувајќи ја пазарната вредност од стотици милијарди долари. Азиските технолошки акции паднаа втор ден по ред, по остриот пад на американските технолошки акции во понеделникот. Новиот кинески софтвер за вештачка интелигенција, апликацијата DeepSeek се смета за сериозен предизвикувач на конкурентите како Chat GPT. Акциите на Nvidia, ...
Партијата на пензионери, во потполност ја разбира и ја поддржува граѓанската иницијатива за бојкот на маркетите на ден 31.01.2025 г., на која се повикува на социјалните мрежи во земјата. Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува ...
Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива денеска ги повика граѓаните на Србија да ги бојкотираат големите трговски ланци в петок на 31 јануари, пишува Данас. Како причина за овој повик Ефектива посочи дека Србија има највисоки цени во Европа. Ефектива потсети дека потрошувачите во Хрватска ги бојкотирале малопродажните синџири и со тоа ги намалиле приходите на тие синџири за дури 47 отсто. „Време е потрошувачите да возвратат“, ...
„Боинг“ денеска објави голема загуба во четвртиот квартал поради долг штрајк на работниците, големи безбедносни проблеми на комерцијалните авиони и пречекорување на трошоците на договорите за одбрана. Американскиот авијациски гигант објави загуба во четвртиот квартал од 3,9 милијарди долари, со што загубата за целата година (2024) изнесува 11,8 милијарди долари. Приходите во четвртиот квартал беа 15,2 милијарди долари, што е пад од 31 отсто во ...
Можно е поскапување на парното греење. ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика доставило барање за зголемување на трошокот за гориво за речиси 13%. До крајот на оваа недела треба да биде закажана седница на која ќе се разгледува ова барање. ЕСМ го поништи и претходно објавениот повик за набавка на гас за месец февруари. Од компанијата велат дека причина за тоа била понудената цена. „Не беше извршен избор за најповолен понудувач затоа што не ...
При крај е откупот на тутунот, но сите се изненадени од рекордната реколта која е поголема за повеќе од 4.000 тони. Има повеќе причини за тоа, а зголемената цена и производството се стимул за новата производна година. Законски откупот завршува на крајот на февруари … Тутунарите се изненадени од рекордната реколта тутун. Досега се откупени близу 23.500 тони, а има уште 10 проценти од родот за де преземе. За Сојузот на тутунските здруженија тоа ...
Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници и сите имаат плата од 60 илјади денари, со исклучок на оние кои се со целосно работно време. Како што изјави тој, такви се тројца или четворица и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари. – Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие ...
По примерот во Хрватска и Црна Гора, и во Македонија се појави повик за бојкот на маркетите. Според информациите, најавите се за в петок (31-ви јануари). Зголемените цени предизвикаа незадоволство кај граѓаните, па следејќи го соседството, и во Македонија објавена е иницијатива во која се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги во маркетите во петок, како начин да испратат силна порака до оние кои се одговорни за ...
Во некои делови од светот, независноста на централните банки е доведена во прашање, а поголемото политичко влијание може да ја поткопа нивната способност да ја одржуваат инфлацијата пониска. Ова во понеделникот го изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард. Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе побара од Федералните резерви да ги намали трошоците за задолжување, што покажува дека тој ...
Богатите од технолошкиот сектор на листата на милијардери на „Блумберг“ изгубија вкупно 80,2 милијарди долари имот за краток временски период од отворањето на американската берза вчера поради распродажбата на акциите на технолошките компании по вревата предизвикана од кинескиот модел со вештачка интелигенција Дипспик (DeepSeek). Извршниот директор на калифорниската компанија Нвидија (Nvidia) Џенсен Хуанг, според податоците објавени во 16:20 ...
Земјите на НАТО потрошиле 191,2 милијарди долари за Украина во последните три години, повеќе од половина од тие средства ги доделиле САД, пренесува РИА Новости, според податоците на украинското Министерство за финансии, Универзитетот во Кил и информации од јавен карактер. Според извештаите, од 191,2 милијарди долари што ги доби Украина, 43,3 милијарди се наменети за социјална помош, 13,4 милијарди за хуманитарна помош и 133,4 милијарди за воени ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар. За ...
Неколку граѓани на Србија сведочат дека полицијата во земјите од Европската Унија им ги претресувала автомобилите на граничните премини, но и на полициските пунктови во земјите од ЕУ, бидејќи се сомневаат дека од Србија се изнесуваат големи количини готовина во Италија, Унгарија, Австрија и Германија, објави Данас. „На пат кон Германија, полицијата нè запре неколку пати за темелно да го претресе нашиот автомобил. Кога ги прашавме зошто го ...
Во меѓувреме, се пресметуваат ефектите од празните продавници оваа недела, особено што во саботата потрошувачите се вратија на старите навики и трошеа само 4 отсто помалку во споредба со неделата пред тоа. За следниот петок е најавен нов бојкот на продавниците. Организацијата „Ало, инспекторе“, која стои зад првиот бојкот, вели – овојпат ќе биде уште посилно и погласно, пишува хрватски Дневник. Во меѓувреме, се пресметуваат ефектите од празните ...
Швајцарската претседателка и министерка за финансии Карин Келер-Саттер изјави денеска дека се очекува годишен буџетски дефицит од околу три милијарди швајцарски франци во следните неколку години поради повисоките воени трошоци и пензиските трошоци. Ова претставува поголем буџетски дефицит од минатата година, кога проектираниот дефицит беше околу 2,6 милијарди швајцарски франци, според веб-страницата на швајцарската влада. Швајцарија ...
Девизните резерви бележат раст, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот и натаму зајакнува, се бележи во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјава од агенцијата „Стандард и Пурс“, во кој таа го потврдува рејтингот „ББ-“, со стабилен изглед. Во делот во кој Агенцијата прави процена на отпорноста на економијата за справување со надворешни шокови, се наведува дека во декември минатата година девизните резерви се зголемија на ...
Клучната разлика меѓу Европа и САД е послабиот раст на продуктивноста на Стариот континент, изјави денеска Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за време на завршната дискусија на Светскиот економски форум во Давос за глобалните економски изгледи. Таа најпрво изјави дека ММФ очекува многу силни перформанси од САД, бидејќи ги подобриле проекциите за американскиот економски раст од 2,2 на 2,7 отсто оваа ...