„Дебатата за односот кон Русија не се води само во АфД, туку и во ЦДУ, особено околу можниот (повторен) увоз на руски енергенти“, анализира DW. Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека Германија треба да ја разгледа можноста за продолжување на испораките на енергија од Русија, со цел да се обезбедат достапни цени за Европа. Тој смета дека Русија треба „долгорочно повторно да стане трговски партнер, без создавање нова зависност“. ...

Германските домаќинства плаќале повеќе од четири пати повисоки цени на електрична енергија од унгарските домаќинства, објавува „Маџар Немзет“, врз основа на студијата на Агенцијата. Најновите бројки на Евростат од октомври, покажуваат дека Германија имала највисока единечна цена на електрична енергија за домаќинствата од 41,08 евроценти, додека во Унгарија таа била 9,34 евроценти за киловат час. Просеците во ЕУ биле околу 2,8 пати повисоки од ...