Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Трговците на големо и мало ќе ѝ платат на државата казни од околу 2 милиони евра, поради бројни неправилности со цените на прехранбените производи, утврдени при 18.000 контроли од страна на пазарните инспектори. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека до крајот на годината ќе започне и санкционирање на компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики. Тој најави и развој на бесплатен софтвер за ...
Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“. Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери (претходната ...
Цените на акциите на Волстрит и на европските берзи минатата недела достигнаа рекордни нивоа, поттикнати од оптимизмот на инвеститорите дека Американската централна банка ќе продолжи со намалување на каматните стапки. На Волстрит, индексот Dow Jones порасна за 1,1% и достигна 46.758 поени, S&P 500 се зголеми за 1,1% на 6.715 поени, а Nasdaq за 1,3% на 22.780 поени. Овој раст, според аналитичарите, најмногу се должи на очекувањата дека ...
На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела поради затворањето на владата и очекувањата дека американската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, ослабе за 0,5 проценти минатата недела, на 97,71 поени. Во исто време, доларот се лизна за 0,3 проценти во однос на ...
Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година. Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, ...
Цените и кириите на станбените недвижности во Европската Унија продолжија да растат во вториот квартал од 2025 година, според податоците на Евростат објавени денес. Како што е наведено, цените на недвижностите скокнаа за 5,4 отсто во споредба со истиот период во 2024 година, додека кириите се зголемија за 3,2 отсто. Во споредба со првиот квартал од 2025 година, цените на куќите се зголемија за 1,6 отсто, а кириите за 0,7 отсто, што укажува на ...
Бројот на вработени во индустрискиот сектор во Македонија продолжува да опаѓа. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во август 2025 година е забележано намалување од 2,6 % во однос на истиот месец минатата година. Главните причини за падот се намалувањето на работната сила во преработувачката индустрија, рударството и вадењето камен, како и во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа. Сепак, во одредени ...
Според податоците од Центарот за едукација, информации и синдикални анализи (ЦЕИСИ) во рамките на Унијата на независни синдикати на Црна Гора (УССЦГ), синдикалната кошничка за потрошувачка за тековниот квартал достигнува 2,080 евра. Оваа вредност е повисока за 3,23 проценти, односно 65 евра, во споредба со претходниот квартал. Зголемување на трошоците е евидентно во четири од десетте категории кои се земени предвид во методологијата: ...
Годишната стапка на инфлација во Турција изнесуваше 33,29 проценти во септември, што е зголемување во однос на августовските 32,95 проценти и над пазарните очекувања од околу 32,5 проценти, соопшти во петокот Турскиот статистички институт (ТуркСтат). Највисок раст на цените е забележан во секторот образование – 66,1 процент, проследено со 51,36 проценти во домувањето и 36,06 проценти во храната и безалкохолните пијалоци на годишно ниво, според ...
Вкупно 19,4 милиони евра нова транша е исплатена од кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, пари кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем Парите се наменети за кредити на компаниите кај комерцијалните банки за инвестициски проекти. Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е исплатена кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра. Во Буџетот за 2025 година се ...
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната се искачи на 6,3 проценти во август од рекордно ниските 6,2 проценти во јули, соопшти денес Евростат. Бројот на невработени лица во еврозоната се зголеми за 11.000 во месецот на 10,8 милиони, се додава во извештајот. Невработеноста кај младите (под 25 години) во еврозоната изнесуваше 14 проценти во август, непроменета во однос на јули, според ревидираните бројки. На ниво на Европската ...
Цената на златото порасна по шести пат по ред и достигна нов рекорд од 3.895 долари за унца, бидејќи затворањето на американската влада го поттикна барањето на инвеститорите за безбедни засолништа. Скокот на цените беше под влијание и на релативно лошите податоци за вработеноста, што ги зајакна очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД), објави „Трејдинг економикс“. Затворањето на владата се ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка ...
Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите. Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз ...
Американскиот долар падна за повеќе од 0,27 проценти во среда откако Конгресот не успеа да постигне договор за привремен буџет, што резултираше со блокада на американската федерална влада. Индексот на доларот, кој ги споредува перформансите на доларот во однос на шест други валути како што се еврото и јапонскиот јен, падна на 97,19 од 13:35 часот по Гринич (9:35 часот по источно време), објави агенцијата Анадолу. Овој пад резултираше со вкупен ...
Потрошувачките цени во Хрватска во септември се повисоки за 4,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, со што повторно ја забрза инфлацијата на годишно ниво. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во деветтиот месец била меѓу највисоките во еврозоната. Државниот завод за статистика ја објави првата проценка на индексот на потрошувачки цени, според која во септември 2025 година, стапката на инфлација ...
Бразилската дигитална банка Nubank, една од најголемите финтек компании во светот, поднесе барање за национална банкарска лиценца во Соединетите Американски Држави – најконкретниот чекор досега кон проширување надвор од Латинска Америка. Клучни факти Финансиски импликации Nubank со овој потег испраќа силна порака дека сака да изгради глобален модел на дигитално банкарство и да стане сериозен конкурент на традиционалните банки и во најголемиот ...
Американската влада од денеска го стопираше поголемиот дел од своето работење, откако демократите и републиканците не успеаја да постигнат договор за финансирање. Ова е 15-ти „шатдаун“ од 1981 година, кој може да трае подолго од претходните и да резултира со сериозни економски и социјални последици. Последици од затворањето Причина за застојот е несогласувањето околу распределбата на 1,7 трилиони долари за функционирањето на агенциите, што ...
Истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) покажува дека цените на храната значително ја надминале општата инфлација од почетокот на руската инвазија на Украина, погодувајќи ги најмногу посиромашните домаќинства. Според ЕЦБ, цените на храната во еврозоната се зголемиле побрзо од другите стоки во последните пет години, создавајќи непропорционален товар за семејствата со пониски приходи. Истражувачите укажуваат дека историски гледано ...
Од 29 септември цените на цигарите во Македонија се зголемија за околу 10 денари по пакување. Иако дел од потрошувачите сè уште не го чувствуваат целосното поскапување поради залихите со стара цена, производителите најавуваат дека во наредните денови новата цена целосно ќе се пренесе до продажните места. Зголемувањето се однесува на популарни брендови како Данхил, Лаки Страјк, Пал Мал и Ротман. Важно е да се истакне дека промената не е резултат ...
Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90% и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19%. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август е повисока на месечна основа и изнесува 4,48%, додека на годишна основа е намалена кај ...
– Мислам дека се движиме кон запирање на работата, бидејќи демократите нема да постапат правилно. Се надевам дека ќе го сменат мислењето, но ќе видиме, посочи Венс. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер изјави дека за време на состанокот, демократските пратеници му ги презентирале на претседателот Доналд Трамп прашањата за здравствената заштита. Демократите тврдат дека секој договор за продолжување на рокот мора да ги зачува здравствени ...
Најголемите банки во Велика Британија – меѓу кои HSBC, NatWest и Lloyds – започнаа пилот-проекти за воведување токенизирани депозити, кои ќе се користат за онлајн плаќања и финансиски трансакции. Овој потег доаѓа по повикот на гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, да се даде приоритет на токенизацијата наместо на стабилкоините. Токенизацијата претставува дигитална репрезентација на депозити или други средства (акции, обврзници), ...
Компанијата Visa најави тестирање на нов модел за финансирање на прекугранични плаќања, кој ќе им овозможи на бизнисите да користат стабилкоини наместо да депонираат готовина во локални сметки. Ова е еден од првите големи чекори кон поширока примена на дигитални токени од страна на глобални корпорации, охрабрени од неодамна усвоениот американски закон „Genius Act“, кој воспостави јасни правила за издавачите на стабилкоини. Пилот-програмата, ...
Заострувањето на правилата за H-1B визи во САД, кое го наметна претседателот Доналд Трамп, ги поттикнува американските компании да префрлат сѐ поголем дел од своите активности во Индија, велат економисти и индустриски експерти. Со зголемувањето на цената за нови апликации на H-1B визи на 100.000 долари (од досегашните 2.000–5.000), американските фирми кои зависат од странски стручњаци ќе бараат алтернативи за критични задачи во областа на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 22.09.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,678% и кај дизелот за 0,070%, ...
Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне задутре, на 1. октомври. „Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време ...
На трговската сесија од 29 септември 2025 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,11%, достигнувајќи ниво од 10.397,06 поени, при вкупен промет од 19,85 милиони денари. Најголем интерес инвеститорите покажаа кон Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит, кои остварија најголем дел од дневната ликвидност. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени, без реализирани трансакции со обврзници. Најтргувани хартии од вредност ● ● ● Топ 3 добитници ● ● ...
Вредноста на златните резерви на американското Министерство за финансии денеска надмина еден билион долари поради рекордниот раст на цената на овој благороден метал. Цената на златото во текот на денот скокна на повеќе од 3.824 долари за унца, што претставува пораст од 45 проценти од почетокот на годината, пренесува „Блумберг“. Растот на цената на златото е поттикнат од инвеститорите во потрага по сигурно засолниште поради трговските војни, ...
Укинувањата на работните места пред сè ќе биде во Германија и на административните, а не на оперативните позиции. Тоа ќе биде најголемо намалување на работната сила од пандемијата Ковид-19 и ќе биде спроведено во консултации со социјалните партнери. Групацијата Луфтханза неодамна имаше околу 103.000 вработени. Компанијата сега се стреми кон оперативен профит, усогласена заработка пред каматите и даноците (ЕБИТ), од осум до 10 проценти од ...