Освен што зборот „рок“ на англиски значи карпа, а нашата планета е една од четирите „карпести“ планети од внатрешниот дел од Сончевиот систем, се чини дека рок музиката нема апсолутно никаква врска со науката и астрономијата. Но, дали е така? Joy Division – Unknown Pleasures (1979) Иконичкиот бенд Joy Division на нивниот албум Unknown Pleasures излезен во јуни 1979 година, искористиле слика од пулсар. Што е пулсар? Пулсар (Pulsar, pulsating ...

Ако сте загрижени за состојбата во културата, уметноста и за младите во нашата држава, тогаш изјавата на нашиот реномиран режисер Милчо Манчевски која кружи по домашните медиуми веројатно ќе ве растажи… можеби и ќе ве посрами. Зошто тага? Заради младите, заради минатото, сегашноста и иднината на Македонија. Милчо прашува што е со „Загубите предизвикани од македонскиот одлив на мозоци во последните 30 години?“ Загубите ги чувствуваме секојдневно ...

Елизабета Линднер ни зборува за нејзиното чедо СловоКулт, издавачка куќа и онлајн списание за уметност и култура на македонски и германски јазик. Таа е дипломиран германист, магистер по германска книжевност, авторка и главен и одговорен уредник на СловоКулт. Живее и работи во Германија. Зачетоците на „Словокулт“? СловоКулт започна во 2007-2008 како портал за македонска книжевност на германски, каде објавувавме германски преводи на прозни и ...

Во минатиот текст, Елизабета Линднер ни зборуваше за СловоКулт. Приказната продолжува со интересен „инсајдерски“ увид во различните предизвици со професионалниот ангажман во културата и уметноста. Лавиринтите на бирократијата Бирократијата за жал ги попречува најдобрите проекти, бидејќи како што е познато, тие ги прават уметници, а не чиновници, затоа треба да се апелира до институциите, да се поедностави овој застарен бирократски систем на ...

Од „фрлање на знамето“, до политички поени, преку медиумски клик-бејт содржини, до македонските турбо-фолк медиуми, Евровизија е најлошото во Европа во едно! Медиумите во Македонија се чудна ѕверка, турбофолкот им е во крвта. Но, внимавајте тубофолк не е само Цеца, тоа е многу поширок поим. Тоа е состојба на умот и практична филозофија на живеење, трач-муабети, ѕиркање од прозорец (во дворот на комшијата), 10-ка со кромид, качување на маса, ...

Во градот убав во сабота 28.05.2022 во Public Room од 11 часот наутро до доцна навечер ќе се одржи фестивал за јапонска култура. Литература, поезија, кинематографија, музика, архитектура, боречки вештини, технологија, мода, гастрономија… Повеќе инфо тука. Ви ја пренесуваме програмата на фестивалот. ◦ 11:00 (Kids Room) – Турнир во „Tekken 7“ | Организатор: Филип Георгиев; Коментатори: Ѓорѓи Конгуловски и Марко Гулевски. ◦ 11.30 – 11:45 (Отворена ...

Културниот (и култен) Центар Точка беше отворен во Скопје на 29.05.2002 година, пред точно 20 години. За да не биде избришан од сеќавањата на мутирачкото чудовиште наречено Скопје, на сајтот на creative.mk ја поставивме архивата на Точка и на Контрапункт (без кој, да бидеме искрени, ќе ја немаше ни Точка). Нашата архива е нецелосна и бара надоградба, но подобрo и „каква-таква“ отколку никаква. Актуелните активности на Контрапункт можете да ги ...

Обичниот граѓанин е навикнат да им верува на компаниите. Најпосле, тие работат за нас, нели? Ако некој е крив, тоа е „државата“. Но, во многу случаи, токму приватните компании се тие кои работат за сопствениот профит, а цената е загадена околина и здравјето на луѓето. И тоа не само кај нас. Во САД компанијата PG&E, Pacific Gas and Electric – Компанија за гас и електрична енергија била казнета стотици пати заради разни неправилности и се ...

Веќе е петтиот ден од училишната година, а онлајн наставата не функционира. Часовите не се закажуваат, календарите се полни со настава од минатата година, се одржуваат 1-2 онлајн часови од вкупни 6-7, наставниците не се приклучуваат, задачите не се прикачуваат… (се разбира – чест на исклучоци!) Децата кои се онлајн се оставени сами на себе, а за тоа никој не зборува! Што треба да се направи за да се подобри состојбата? Да се вклучи компјутерот и ...

Преку искуствата во групата „Наставници за онлајн настава“ и од други извори дознаваме дека онлајн наставата не функционира! Десет дена од почетокот на учебната година, а календарите по онлајн настава се полупразни, се држат 2-3 часа дневно од предвидените 6-7, наставниците не се приклучуваат, кога се приклучуваат не ја вртат камерата кон таблата итн. Проблемите се бројни, но нема кој да зборува за нив! Се оди по логиката дека се работи за мал ...

Влегуваме во третата недела од почетокот на учебната година и онлајн наставата се уште не се одвива или каде што се држи е половична. Се разбира постојат исклучоци, но според информациите кои ги добивме од групата Наставници за онлајн настава тие се ретки. Минатата година na arno.mk пишувавме за проблемите на комбинираната настава, колку ќе биде тешко остварлива и сето тоа се гледа на терен. Но, бидејќи нема подобар избор за учениците кои се во ...

На наставниците не им е лесно, тие се ставени во експериментални лаборатории со поволни услови за развивање вируси. Соочени со многу предизвици, се чини дека голем дел од нив ги занемаруваат децата кои учат онлајн. Понекогаш има објективни причини, но понекогаш е едноставно тешко да се држи комбинирана настава. Сепак, има наставници кои предаваат коректно и тие го даваат моделот на соодветна комбинирана настава. Еве што можеме да научиме од нив, ...

Кога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн. Тие се одделени од другарите и од општеството и им треба помошта на наставниците. Ако им се даде довербата и вниманието, тие ќе вратат десетократно! Со инсистирањето на физичко присуство оваа учебна година, онлајн (комбинираната) настава е заборавена и заметена „под тепих“. Јасно е дека наставниците се ...

Во историските записи за територијата на Македонија во XIV-от век постојат многу контрадикторни податоци. Доволно е да направите површно истражување на интернет, да ги споредите сајтовите со учебниците и ќе наидете на многу недоследности. Едните велат едно, другите друго…. Впрочем, така е и со целото наше минато, раскинати помеѓу страниците на историјата која ја пишуваат победниците. Кои сме ние во историската приказна се уште не се знае, но се ...

Минатата година издадовме седум книгички кои ги споделивме за бесплатно читање и преземање од нашиот портал. Заедно со другите издадени во претходните години, ви ги споделуваме (во случај да сте заборавиле!) повторно тука сите книги од едицијата „Фактопедија“. И не заборавајте секој ден да учите и дознавате нешто ново, зашто образованието не е само на училиште (а ако е наше, па уште и онлајн, тешко вас!), туку и по училиштето (ова важи и за ...

Според студијата објавена на 19 март 2022 во магазинот SAGE Open која ја вклучила анализата на платата на наставниците во корелација со успехот на учениците во САД е утврдено дека кога наставниците се платени повеќе и учениците имаат подобри резултати! Студијата е направена врз огромен примерок од 10.000 училишни области во САД (секоја област има неколку училишта) што секако влијае уште повеќе врз нејзината веродостојност. Според студијата ...

Од новата Темплум книга „Џинџуџе во земјата на афионите“, обемната антологија на македонскиот краток расказ (застапени се 73 автор(к)и со 219 раскази), пренесуваме пет микро фикции. Книгата излегува во едицијата Магма која годинава одбележува 20 години. Повеќе за книгата подолу. Бранко Прља КАП! И ПАК. Си била една капка, што имала страв од капнување. Еден ден си кажала: ‒ Да не се капне треба, да не се биде капнувачки миг. Да се биде стоик, ...

Во една земја каде што културата се мери според награди и признанија, младите автори честопати тешко доаѓаат до израз. Се разбира има и исклучоци, издавачки куќи кои им даваат предност на младите квалитетни автори, како Или-Или, ПНВ публикации или Темплум. Наградите доаѓаат по објавувањето кај нив! Во недостаток на едно централно место каде што како во инка се спојува алтернативната култура, како што беше Културниот центар Точка, постојат повеќе ...

Ви носиме нова бесплатна книга на нашиот портал наречена „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! Цитатите и поговорките, како и креативните биографии на личностите ги има собрано и напишано Бранко Прља. Книгичката е 14-та во едицијата „Фактопедија“. Во неа е поместен избор на (според нас) наијнтересни дваесеттина цитати поврзани со образованието. Оваа тема е актуелна кај нас, особено изминативе 2 ...

Насловот на текстов е преземен од коментар на долгогодишниот критичар и хроничар на македонската рок и алтернативна музичка сцена Тошо Филиповски. Тој е новинар и автор на неколку книги како „Македонски Рок Времеплов“, „Македонска Рок Енциклопедија“, „МИЗАР – Откровенија 1981-2021“ и други. Неговиот коментар се однесува на настапот на средношколскиот бенд DIBS во МКЦ на 7 мај 2022 година. Живееме во интересно време. Од една страна (или од сите, ...

Скопје мутира, понекогаш во митолошка Химера, суштество составено од делови од различни ѕверови, секој погрд од другиот. Сепак, понекогаш, по дождот кој ги мие лошите наслаги, чудесната шума знае да роди и магични печурки. Една од нив е младата Хана Корнети, писателка, музичарка, културолог, филозоф и многу други нешта. Tаа е автор на збирката раскази „Млечни заби“ (2021, Или-или), неколку раскази објавени на англиски во странски онлајн ...

Едицијата „Фактопедија“ е замислена како неформална едукација, збирка на интересни факти од светот на науката, технологијата, уметноста, образованието, екологијата… оние нешта кои на уредниците на едицијата им се чинат значајни за правилен раст и развој на младите индивидуи во едно недоволно развиено општество. Сите книги „Фактопедија“ се достапни за бесплатно преземање, за печатена книгичка обратете се на contact@arno.mk. Книгичките, како од ...

Африка е позната како земја со богати ресурси и сиромашна популација. Прамајка на целиот човечки род, низ својата историја била експлоатирана од белиот човек на начини кои се застрашувачки. Само Белгискиот крал Леополд II кон крајот на 19 век е одговорен за смртта на 10 милиони луѓе во Конго. Конго е најголемата земја во супсахарска Африка, со голема популација од 105 милиони луѓе и богата со многу минерали без кои модерниот свет не би можел да ...

Скопје е Велоград, со околу 110 километри велосипедски патеки (заедно со патеките на Водно), но ниту еден метар од нив не е во Драчево! 110 км можеби изгледа многу, но во споредба со некои европски градови, не сме ни блиску. На пример, градот Копенхаген е 3 пати помал од Скопје, а има 4 пати повеќе велосипедски патеки. Сепак, мораме да признаеме дека последниве 10-тина години се работи на велосипедската инфрастуктура во Скопје и тоа е добро. ...

Самото тоа што на оваа локација има импровизиран пазар, значи дека има реална потреба од регулиран зелен пазар. Околината е затрупана со отпад, црквата недоградена, заградена со бодликава жица која виси на сите страни. Зборуваме за близина на училиште и згради каде што има голем број деца. Освен што е нехигиенски и опасно по нив, сликата која ја гледаат секој ден не е добра за нивниот развој и животна перспектива. Треба да ги научиме на ред и ...

Тој лош кортизол! Според истражувањето „Алтруизам под стрес“ од Универзитетот во Хамбург (14 март 2022, Journal of Neuroscience), хормонот на стресот, кортизолот, ја намалува емпатијата (сочуството) кај луѓето и ја менува активноста во мозокот поврзана со процесот на одлучување во друштвени ситуации. Парадоксот во ситуацијата е дека ова се случува само кај луѓе кои по природа се емпатични! Живееме во стресно време и на науката одамна и е познато ...

Девојчињата и момчињата се поранливи на негативните ефекти од социјалните мрежи во различни периоди од тинејџерските години, според истражувањето објавено од страна на меѓународен тим научници, вклучително и експерти од Интернет институтот во Оксфорд. Студијата е објавена на 28 март 2022 во списанието Nature Communications и податоците од Англија покажуваат дека кај девојчињата постои негативна корелација помеѓу користењето на социјалните мрежи ...

После статистиките за тоа дека сме први во загадувањето, стига нова интересна статистика: Македонија е втора во светот според консумирањето цигари! Според оваа статистика од Википедија Македонија е на четврто место во светот, но ако се исклучат Андора и Луксембург, кои имаат бесцарински продавници за цигари со цени пониски и за 20 проценти од соседите, каде одат голем број странци, Македонија се качува на второ место. Ако кликнете ѕвездичката ...

Според ново истражување објавено во Journal of Marriage and Family државите во САД кои ја зголемиле минималната плата ги намалиле стапките на разводи кај оние со пониски примања. Студијата е прва која систематски го испита влијанието на зголемувањето на минималните плати врз стабилноста на бракот во Соединетите држави. Според истражувачите до сега не се правени вакви студии. „Претходно (истражувањата) покажале дека тешкотиите на посиромашните ...

Според новите истражувања, антидепресивите само го маскираат проблемот, имаат многу опасни нус-ефекти и всушност на долги стази ги влошуваат ефектите на депресијата. Ако се лоши зошто се користат? Психијатријата, особено во западниот свет, се потпира на антидепресивите за лекување на депресијата веќе со децении. До пред неколку години постоеше апсолутен консензус за нивното добро влијание врз пациентите и беше речиси табу да се зборува против ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.22
61%
1018
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
0.78
77%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.45
65%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.88
91%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.61
76%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.18
80%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
68%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.94
78%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.96
63%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
69%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.33
77%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.49
72%
1016
Currency

61.535

Currency

54.9881

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69