Гоце Делчев во светот на вештачката интелигенција

Тимот на Арно скоро тренираше вештачка интелигенција (Stable Diffusion) да го препознае и да направи оригинални слики со ликот на Горан Стефановски.

Поттикнати од идејата за малку креативни творби поврзани со нашите дејци на интернет, ги поттикнаа сите други кои имаат познавање и ентузијазам да го направат истото.

Токму тоа го направија од тимот на Кома (Небојша Гелевски, еден од пионерите на дигиталниот графички дизајн во Македонија). Тие искористија 12 слики со ликот на Гоце Делчев поради недостаток на доволно фотографии и дела.

Користените стилови се retro ads, vector style, studio gimbly, classical portrait, blade runner, cinematic и други. Еве ги резултатите (кој сака да ги види или користи сите добиени слики, може да го посети овој линк).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *