Стресот ја намалува емпатијата!

Тој лош кортизол! Според истражувањето „Алтруизам под стрес“ од Универзитетот во Хамбург (14 март 2022, Journal of Neuroscience), хормонот на стресот, кортизолот, ја намалува емпатијата (сочуството) кај луѓето и ја менува активноста во мозокот поврзана со процесот на одлучување во друштвени ситуации. Парадоксот во ситуацијата е дека ова се случува само кај луѓе кои по природа се емпатични!

Живееме во стресно време и на науката одамна и е познато дека стресот негативно влијае не само на психичкото здравје, што е очигледно, туку и на физичкото здравје. Постои еден цел спектар автосоматски болести, а стресот негативно влијае на срцето, дишењето, имунитетот, ендокриниот систем, предизвикува здебелување, дијабетес, главоболка, депресија, анксиозност, проблеми со стомакот и го забрзува старењеето.

Во експериментот учесниците одлучувале колку пари да донираат за добротворни организации пред и по завршувањето на стресната задача со јавно говорење додека истражувачите ја следеле нивната мозочна активност со fMRI.

Пред стресната задача, луѓето со поголема емпатија (претходно утврдено), т.е. способност да се поистоветат со туѓите ментални состојби, донирале повеќе пари од луѓето со ниска емпатија. По стресната ситуација и зголеменото лачење кортизол, овие луѓе помалку донирале, додека кај тие со помала емпатија немало промена.

Why is the dorsolatereral prefrontal cortex (DLPFC) the favorite region to  stimulate? – New Frontiers Psychiatry & TMS | Milwaukee Psychiatrist

Со следење на активноста во дорзолатералниот префронтален кортекс (DLPFC), мозочен регион вклучен во донесувањето друштвени одлуки, истражувачите можеле да предвидат колку ќе донираат личностите со емпатија. Но, стресот (поголемото лачење кортизол) влијаел негативно на одлучувањето и емпатијата.

Не дека е потребно науката да ни каже, но ете сега и потврдува, дека живеењето во време на стрес не е добро за никој, но се чини дека помалку страдаат оние кои „не се замараат многу“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *