Зошто е потребен пазар во Ново Лисиче (Реонски центар)?

Самото тоа што на оваа локација има импровизиран пазар, значи дека има реална потреба од регулиран зелен пазар. Околината е затрупана со отпад, црквата недоградена, заградена со бодликава жица која виси на сите страни. Зборуваме за близина на училиште и згради каде што има голем број деца. Освен што е нехигиенски и опасно по нив, сликата која ја гледаат секој ден не е добра за нивниот развој и животна перспектива. Треба да ги научиме на ред и чистота ако сакаме истата да ја одржуваат и применуваат во животот.

Од Арно.мк е отворена нова група „Пазар во Ново Лисиче“ чија цел е:
1) Да се доизгради црквата која требаше да биде завршена во 2013 година
2) Да се изгради зелен пазар во близина на црквата, на погодна локација за тоа
3) Со тоа на луѓето кои се обележани како „диви пазарџии и препродавачи“ да им се даде шанса за достоинствен живот
4) Да се исчисти околината од отпадот
5) Редовно да се одржува хигиена на локацијата

Групата е направена како реакција на објавата на Општина Аеродром за акцијата за остранување на дивите пазарџии и препродавачи во Реонски центар.

Се случувале вакви акции и во минатото, групата и нејзината реакција не е политичка, туку човечка.

Доколку не е изводливо да се направи зелен пазар на локацијата и тоа бара големи инвестиции и време, тогаш привремено решение е поставување на „дневен пазар“ како што постои во сите европски градови, каде што на локалните производители им е овозможено во одредени денови да продаваат сопствени производи. По завршувањето на пазарниот ден околината се чисти.

Приклучете се на групата Пазар во Ново Лисиче и дајте ваши идеи и мислења.

One thought on “Зошто е потребен пазар во Ново Лисиче (Реонски центар)?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *