Нови книги од едицијата „Мала фактопедија“ во книжарниците!

Едицијата „Фактопедија“ започна како идеја за промоција и популаризација на личности и идеи кои оставиле печат на човештвото. Целта е да се инспирираат помладите генерации на едни поинакви идоли од тие кои им се вообичаени.

Во денешниот свет младите се инспирирани од „јутјубери“, „инфлуенсери“ од социјалните медиуми и други ликови кои не прават ништо особено во животот, но сепак одземаат часови и часови од времето, вниманието и соништата на тие кои ги гледаат. Идејата за успешен човек е тој кој е популарен, неговите видеа имаат многу „кликови“, „лајкови“ и „сабскрајбери“. Потребата од вистински примери е поголема денес отколку кога било порано, особено во едно општество во кое науката, уметноста, културата, образованието и другите „духовни“ вредности се на ниско ниво.

Во 2022 се објавени 4 книгички кои се сега достапни и во книжарниците „Антолог“ и „Или-Или“ во центарот на градот.

Се работи за второто издание на „Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн“ и „Необични факти од животот на Никола Тесла“. Тие се изменети, дополнети и редизајнирани со илустрации направени со помош на апликациите за вештачката интелигенција Stable Diffusion и Midjourney.

Книгите „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ и „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! се издадени за прв пат во 2022 година.

Освен што можат да се набават книжарниците во „хард копи“, книгите можат да се симнат и разгледаат тука:

  1. Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017, Бранко Прља)
  2. Необични факти од животот на Никола Тесла (2017, Бранко Прља)
  3. Јаболкото на Њутн (2018, Бранко Прља)
  4. Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019, Бранко Прља)
  5. Made In China – Кинески изуми (2019, Бранко Прља)
  6. 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020, Бранко Прља и Владимир Прља)
  7. Мустаќлии кои го смениле светот (2021, Исак Сима)
  8. Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021, Бранко Прља)
  9. „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021, Берт Стајн)
  10. 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти… (2021, Исак Сима)
  11. Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери (2021, Нина Прља)
  12. „Пекол“но добро дело на Данте! (2021, Нина Прља)
  13. „Дај, не фрлај’“ – од Фејсбук група до еко-револуција! (2021, Бранко Прља и Владимир Карер)
  14. Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! (2022, Бранко Прља)
  15. „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ (2022, Бранко Прља)
  16. „Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн“ (реиздание, 2022, Бранко Прља)
  17. „Необични факти од животот на Никола Тесла“ (реиздание, 2022, Бранко Прља)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *