Македонската литература добива нова сцена на социјалните мрежи преку „ГласНа Книга“ – проект на Синиша Илијески, со глас (и лик!) на Петар Цветковски. Внимателната продукција и впечатливата сценографија ни го привлекоа вниманието, а запознавањето со проектот започна со една забавна забуна: дали навистина гледаме човек во студио или видео создадено со AI? „AI е каналот, нели?“ „AI е каналот ГласНаКнига, нели? Супер си го направил, честитки!“ ...
Од 12 до 14 ноември, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана, издавачката куќа „Едука Мак“ ќе ја реализира литературната манифестација „Денови на македонската литература во Албанија“. Свеченото отворање ќе се одржи на 12 ноември во 18 часот во просториите на КИЦ Тирана. Поздравни обраќања ќе имаат м-р Ели Маказлиева, програмска уредничка на проектот, и д-р Ема Попивода, директорка на КИЦ Тирана. Во рамките на манифестацијата ...

