Од научни лаборатории до филмски платна, „Титан Усје“ го проширува своето присуство во јавниот живот. Во Скопје, изгледа, полесно се проветрува корпоративниот имиџ отколку воздухот. Кого го мрзи да чита, да му сумираме: не сме против цементот и бетонот – „бетонот на децата им треба“, што би рекол Рамбо Амадеус. Нека премине Усје на почисто гориво како природниот гас, нека не согорува отпад и нека ги намали емисиите, со независни мерења и ...

Има нешто сомнително во игра што уште со насловот те предупредува да не се лутиш. Како однапред да знае што ќе се случи: ќе чекаш шестка, ќе ја прошеташ фигурата речиси цел круг, а потоа некој ќе те врати на почеток. И ќе ти каже: „Па, не лути се!“ На Арно.мк ја подготвивме нашата верзија на „Не лути се, човече“ — бесплатна игра на македонски, со 3D изглед и анимации, која се игра директно во прелистувачот. Можете да играте против ...

Изложбата „Првите. Жените меѓу мажите“ во МСУ – Скопје го отвора прашањето за присуството на жените во нашата уметничка историја. За мене, меѓу имињата на уметничките има едно со особено значење: Нада Корда Сима, баба ми. Некои имиња прво ги запознаваме во семејството. Ги среќаваме на задната страна од некоја фотографија, во разговорите на постарите, во потписот на слика што со години стои на ѕидот. Дури подоцна почнуваме да се прашуваме каде ...

Македонската литература добива нова сцена на социјалните мрежи преку „ГласНа Книга“ – проект на Синиша Илијески, со глас (и лик!) на Петар Цветковски. Внимателната продукција и впечатливата сценографија ни го привлекоа вниманието, а запознавањето со проектот започна со една забавна забуна: дали навистина гледаме човек во студио или видео создадено со AI? „AI е каналот, нели?“ „AI е каналот ГласНаКнига, нели? Супер си го направил, честитки!“ ...

Падот на Византија освоиле признание на југословенската сцена, но останале без студиски албум. Од Мизар, според сведоштвото на Горазд Чаповски, ПГП-РТБ барал да пеат на српски. Истата куќа, меѓутоа, издавала рок на словенечки. Што ни кажува ова за положбата на македонската музика во осумдесеттите? Приказната за Падот на Византија отвора прашање што е поголемо од историјата на еден бенд: дали квалитетот и признанието биле доволни за да се ...

Интерактивна мапа за истражување на уличната уметност по маала, препознатливи локации и фотографии – дел од архивската работа на Графит.мк и Арно.мк. Под мостовите, покрај пругите, на трафостаниците, фасадите и во маалските премини, Скопје има визуелен живот што често го забележуваме само попатно. Некој таг што сме го виделе на многу места, некоја порака или мурал кој со години ни служи како ориентир. Потоа на ѕидот се појавува друг графит, ...

По објавувањето на нашата мапа на скопските книжарници, ни се јави писателот Димитрие Дурацовски со извадок од неговиот роман „Понекогаш се враќаат“ („Арс Либрис“, 2026), во кој се навраќа на книжарницата „Култура“ во Ристиќевата палата во 1973 година. Од кафе во „Пелистер“ до разгледување на книжарските полици, Дурацовски нè води низ едно младешко сеќавање за желбата по книгите, пријателството и Скопје од пред повеќе од половина век. Со ...

По реакцијата на Тошо Филиповски за изоставувањето на музичкото издаваштво од државната поддршка, прашањето е што конкретно треба да се направи. Германија, Франција и Норвешка веќе применуваат решенија што можеме да ги приспособиме: фондови за издавање, помош за промоција, зачувување на снимките и даночни олеснувања. Музичкиот новинар и хроничар Тошо Филиповски предупредува дека, според неговата објава, трета година по ред музичкото ...

Панк-касети што враќаат цели генерации во минатото, филмови што отвораат прашања за сегашноста и книги што стануваат дел од нечие лично сеќавање. Во новото електронско издание на Арно.мк се собрани 26 авторски текстови во кои културата се преплетува со секојдневието. На 64 страници се среќаваат панк-касети и телевизиски серии, скопски сеќавања и книжевни љубови, дизајн, екологија и размислувања за животот со медиумите. Изборот го поврзува ...

Колку песни се кријат во неколку обични зборови? Доволно е да ги разместите за да откриете нешто што не сте знаеле дека сакате да го кажете. „Збор по збор“ е нова бесплатна игра во нашата збирка јазични алатки: дигитална магнетна поезија на македонски, во која со влечење и редење зборчиња создавате свои стихови. А со опцијата „Играј со пријател“, можете да споделите линк и заедно да ја дополнувате и менувате истата песна, без регистрација. За ...

Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари. Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат. Каде пропадна добрата идеја? Пред десетина години пелетите изгледаа како ...

Дали некогаш сте погледнале стар везен чаршаф или ќилим и сте помислиле: „Ова би изгледало одлично на торба, на перница или на ѕид“? Ако одговорот е да, оваа работилница е за вас. Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје и „Култур код“, новиот простор за креативци во градот, организираат работилница со наслов „Културен континуитет во применетиот дизајн“. Едноставно кажано, ќе учите како старите македонски мотиви ...

Мобилните телефони наскоро ќе можат да „разговараат“ директно со сателити во орбитата — без разлика дали сте на планина без сигнал, на море или во село далеку од најблиската базна станица. Тоа е ветувањето на новата соработка меѓу SpaceX и унгарската телекомуникациска групација 4iG, која треба да ја донесе услугата Starlink Mobile во четири земји од регионот, меѓу кои и Македонија. Што всушност е Starlink Mobile? Starlink е познат како ...

Бесплатно, на српскохрватски и подготвено во Скопје, Micro Computer World ги спојувало новостите за Amiga и Atari, компјутерската музика, видеоигрите и локалните фирми. Зачуваниот јунски број открива амбициозен издавачки потфат чија целосна историја допрва треба да се реконструира. Што ако роднина од обединета Германија ве праша дали да ви испрати Paperboy за Lynx, а вие не знаете за што зборува? Со ваков пример, во јуни 1991 година, ...

Кога првпат го видов трејлерот за „Golema Tegla Ajvar: Skopje“, најмногу ме привлече колку добро беа погодени скопските сцени и секојдневните муабети: смогот, мајката што прашува дали синот кој слетал на скопскиот аеродром јадел, убедувањето дека Германија значи пари, запуштеноста, автомобилите и паркирањето по слободен избор. Во тој свет природно се наредени кладилницата, менувачницата и бурекџилницата, како урбана азбука што ја читаме без ...

Зошто сакаме некоја песна? Поради гитарата, гласот, ритамот? Затоа што сме ја слушнале во вистинскиот момент, со вистинските луѓе? Или затоа што во тие три минути има нешто што не умееме да го објасниме, но веднаш го препознаваме? Музичкиот вкус е лично нешто, составено од сеќавања, расположенија и случајни откритија. Затоа ми беше интересно да направам мал експеримент: да побарам од вештачката интелигенција да ги анализира моите лајкувани ...

Нобеловата награда за физика повторно ги стави неутрината во центарот на вниманието. Зошто е ова битно за нас? Ви текнува на лорандитот и неговото својство да биде природен детектор на неутрина (т.н. „честички духови“)? Ова за Македонија отвора едно старо прашање: што се случи со идејата дека лорандитот од Алшар може да ја прочита историјата на Сонцето? На 6 октомври 2026 година, Нобеловата награда за физика му беше доделена на Франсис Халзен ...

Два агрегатори, десетици домашни извори и една заедничка идеја: науката, уметноста и креативноста да добијат повеќе простор во нашето секојдневие. Science и Creative се обновени, со нов изглед, проширен избор на извори и полесно откривање содржини на македонски јазик. Што ново се случува во домашната култура? Каде да прочитаме за научно откритие, да откриеме интересен автор или да дознаеме нешто повеќе за вештачката интелигенција? Такви ...

Како би изгледала Македонија под целосна државна контрола, населена со репликанти или преобразена од науката? Трилогијата „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља отвора три различни погледи кон иднината, со многу траги од нашата сегашност. Обновената страница на трилогијата, со анимирана дистописка сцена, музичка позадина и PDF-извадоци од трите романи, е повод повторно да ги посетиме овие можни светови. Поводот за ова враќање кон трилогијата ...

Во последните неколку недели се случија неколку настани кои на прв поглед изгледаат како одделни вести. Во Битола беше промовирано македонското издание на инструментите на меѓународното космичко право, Србија стана 69. држава што ги потпиша Artemis Accords, а во Македонија беше предложен првиот буџетски амандман за почеток на проектот за национална астрономска опсерваторија – кој за жал не беше усвоен. Сепак, ако овие настани се погледнат во ...

На 2 август, кога зборуваме за слобода, достоинство, заедница и државност, вреди да се потсетиме дека тие големи зборови не се проверуваат само во историјата и на свечените говори, туку и во малите секојдневни гестови – во тоа дали ќе понижиме непознат човек што побарал нешто скромно, или едноставно ќе му подадеме рака. Токму во таа смисла, едно навидум скромно барање во групата „Дај, не фрлај“ отвори муабет за кафе, срам, сиромаштија, ...

Косово веќе успеа да изгради Национална опсерваторија, за чија изградба тамошната Влада обезбедила 300.000 долари. Македонија, иако има значително подолга астрономска и научна традиција, како и најмалку 14 забележани иницијативи во текот на околу 70 години, сметано од првиот познат предлог, сè уште нема ваква институција. Првиот конкретен буџетски амандман за почеток на проектот неодамна стигна до Собранието, но не беше усвоен. Затоа ...

Ако имате или планирате да поставите соларни панели на куќата, викендицата или фирмата, наскоро ќе работите според нови, попрецизни правила. Новиот Предлог-закон за користење на енергија од обновливи извори детално го уредува т.н. нето-мерење — начинот на кој луѓето што сами произведуваат струја (најчесто преку соларни панели) ја пресметуваат сметката за електрична енергија. Еве едноставно објаснување што значи тоа и што се менува. Кој е ...

Охрид има посебно место во историјата на македонските графити, но периодот по 2001 година остана многу помалку документиран. Новите информации за SAP, VM/GVM, CZM и движењето „Уметност“, како и интервјуто со NOBI, отвораат прозорец кон една млада сцена во формирање: генерација што сè уште го учи занаетот, но веќе има јасна желба да ја врати охридската графити култура „како што беше“. SAP, VM, CZM и „Уметност“ ја продолжуваат приказната на ...

Тим Дилон, 4 јули и Америка како хорор-комедија Вистинската комедија никогаш не е само смешна. Таа е најсилна кога е ставена во функција на општествена критика – кога низ смеа го кажува она што сериозниот говор веќе не може, или не смее, да го каже. Некогаш тоа беше Џорџ Карлин: последниот голем американски комичар за многумина, човекот кој ја претвораше сцената во операциона сала за американските митови. Потоа дојде Бил Хикс, премногу остар, ...

По силното невреме што го зафати Скопје, издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека нејзините магацински простории се целосно поплавени. Според нивната објава, уништени се десетици илјади книги, возило, инвентар, техника и речиси сè што со години било дел од секојдневното функционирање на оваа издавачка куќа. Како заедница која ги сака книгите, која живее со книгите и за културата, она што се случи со „Антолог“ нè погоди многу. Дополнително, ...

Арно.мк повторно ги поканува сите цртачи, екипи и луѓе од графити сцената да споделат точни информации, корекции, фотографии и податоци за нови и стари екипи. Целта е следната верзија на плакатот „СК/МК графити екипи 1995–2025“ да биде уште поточна и побогата архива на македонската улична уметност. Плакатот „(Скоро) дефинитивен времеплов – СК/МК графити екипи 1995–2025“ е обид на едно место да се собере родословот на македонската графити ...

Македонија е земја на парадокси. Од една страна, Кокино е еден од нашите најпрепознатливи археоастрономски локалитети и симбол на древното набљудување на небото. Од друга страна, современа Македонија сè уште нема национална астрономска опсерваторија – научна инфраструктура што би им овозможила на истражувачите, студентите, учениците и граѓаните да учествуваат во современата астрономија. Но, ова не е текст за жалење по минатото. Ова е текст за ...

Крис Јанев (Chris Yaneff) бил канадски графички дизајнер, автор на едно од најпрепознатливите логоа во историјата на домашните компјутери. Но, зад неговото име се појавува и малку позната македонска семејна врска. Некогаш историјата не се појавува како голем архивски документ, туку како мал знак. Како презиме во некролог. Како потпис на постер. Како лого што милиони луѓе го гледале без да знаат кој го нацртал. Таква е приказната за Крис ...

Кога ќе кажеш „ка си“, „кашча“, „фоф“, „шчо“ или „не се пуке“, не кажуваш само зборови или фрази. Кажуваш место, време, ритам, сеќавање, семејство, маало, село, град, планина. Кажуваш еден начин на зборување кој сѐ уште живее, но сѐ поретко се слуша во јавниот простор. Затоа на Арно.мк ја подготвивме малата веб-апликација „Малешевски речник“ – едноставен и интерактивен речник заснован на зборови и фрази од малешевско-пиринскиот дијалект. Од ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
58%
1025
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
61%
1025
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
81%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.13
79%
1023
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
84%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
68%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
75%
1018
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1020
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.24
88%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
61%
1024
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
9.77
98%
1018
Currency

61.759

Currency

55.727

Currency

73.911

Currency

37.95

Currency

39.147

Currency

66.765

Currency

8.3615

Currency

0.67403

Currency

0.34861

Currency

0.52449

Currency

1.1077

Currency

0.5926

Сребро

1567.56

Родиум

289356.72

Цинк

3.75

Паладиум

31572.03

Иридиум

326330.08

Злато

124854.21

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Калај

48.52

Платина

47808.16

Бакар

12.18

Рутениум

61086.42