
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Градоначалникот Тони Коњановски објави дека Хосписот Сју Рјадер доби нов Ехо кабинет за проверка на состојбата на каротидните артерии. -Денес бев во посета на Хоспис Сју Рајдер Битола, официјално го отворивме Ехо кабинетот за колор дуплекс доплер на каротиди, единствен од ваков вид во Битолскиот регион кој се изведува на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Оваа значајна медицинска метода овозможува навремено откривање и следење на ...
ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА 30 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ И ПОШУМУВАЊЕ Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 – Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и ...
Културно - уметничкото друштво "Јане Сандански" од Мелбурн Австралија е на голема турнеја низ Македонија. Игроорците синоќа настапија во Битола. Членовите на ова друштво се деца на наши иселеници кои ја негуваат традицијата на изворни македонски ора и песна. Лидија Василевска Панева од Мелбурн, Австралија вели дека КУД "Јане Сандански" постои 40 години и е едно од најстарите играорни друштва на Македонци во Австралија во кое членуваат над 180 ...
Europe House Битола и Амбасадата на Литванија во Скопје ве покануваат на незаборавна вечер што ја слави уникатната врска меѓу музиката и уметноста преку делата на еден од најзначајните уметници Микалојус Константинас Чиурлионис. Чиурлионис е еден од ретките уметници кој со своето творештво успеал да го спои звукот и бојата, музичката структура и сликарскиот јазик, создавајќи дела кои и денес инспирираат генерации уметници и љубители на културата ...
Градоначалникот Тони Коњановски со обраќање до битолчани околу изградбата на булеварскиот влез на градот од страната на Прилеп Почитувани битолчанки и битолчани, Како градоначалник, но пред се како човек, го имам целосното разбирање за тоа дека не можеме сите да бидеме задоволни од промените, бидејќи има луѓе, наши сограѓани кои се засегнати во делот на бизнисите кои ги работат на овој дел од градот и луѓе кои живеат во непосредна близина на ...
Д-р Зоран Литовски специјалист дерматовенеролог, од вчера е дел од тимот на Кожното одделение во Клиничката болница Битола. Д-р Литовски е познат и признат лекар во својата област со две децениско искуство во приватниот сектор. „Во услови кога во Клиничката болница има недостаток на готов специјалистички кадар и повеќе од добредојдени се специјалисти со повеќе годишно искуство што претставува придобивка за медицинскиот персонал, а најповеќе за ...
Клиничката болница Битола денеска информира дека добиена е согласност од министерот за здравство за соработка помеѓу Клиничката болница-Битола и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје со која се овозможува лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да вршат прегледи во онколошкото одделение на Клиничката болница во Битола. „После секојдневните средби со болните со малигни заболувања, како и средбата со Лигата за ...
На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон ...
Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола Друштвото на ликовни уметници на Битола, кое повеќе од пет децении активно придонесува за развојот на ликовната сцена во градот, и оваа година ја организира својата традиционална Годишна изложба. Свеченото отворање ќе се одржи на 10 јули 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во изложбениот салон на КЦ Магаза во Битола. На изложбата ќе бидат претставени 35 дела – слики, ...
Деновиве управителот на АД ЕСМ Молика, Горан Исков заедно со директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски и членови на стручните тимови извршија увид во динамиката на градежните работи на кујната „ФРАНКО“ во кругот на РЕК Битола, каде што од есенва вработените во комбинатот, по повеќе од дваесет години ќе добиваат топол оброк. Ова ќе значи поквалитетна исхрана на вработените и вистинска грижа за нивната целокупна здравствена состојба“ вели ...
Пожарот кај депонијата Мегленци во Пелагонија ставен под целосна контрола. Од Противпожарната територијална единица на Битола доцна вечерва потврдија дека пожарот е под контрола, а екипите се уште на терен. - Примена дојава во 13:25ч. за запалена трева и ѓубре над депонија Мегленци ТППЕ Битола интервенираше со 5 возила и 15 пожарникари. Пожарот е под целосна контрола во 21:30ч. каде дел од ѓубрето се уште гори но нема опасност од негово ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид во битолско на локација каде едно лице по кое, според првичните сознанија, полицијата трагала. Осомничениот пукал со огнено оружје кон службени лица, велат од ОЈО. Во престрелката, еден од полицајците возвратил, при што осомничениот бил повреден, а потоа приведен и задржан на болничко лекување под надзор. „Полициски службеник возвратил, при што лицето е повредено, по што е ...
На 06.07.2025 во 11.41 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија-Старавина, во близина на Елешка река, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(40) од Битола и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(73) од с.Гермијан, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле С.К. и неговиот 14-годишен сопатник, а со ...
Ќире Димов независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан од ТМРО најавува настап на претстојните локални избори во Битола. Покрај поддршката од ТМРО, најавено е дека Димов ќе добие и поддршка од неколку невладини здруженија. Од ТМРО велат дека со неговото искуство и со квалитетната советничка листа која ќе ја понуди, Димов ќе биде сериозен и конкурентен избор на претстојните локални избори. „Веруваме дека Кире Димов и неговиот тим ќе ...
Градоначалникот Тони Коњановски денес оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Средбата се одржа во рамките на посетата на БЈБ во Битола за кампањата „До вас, за вас“, која ќе се реализира вечерва на плоштадот "Гоце Делчев" од 18:00 до 21:00 часот. Оваа кампања има за цел да ја доближи полицијата до граѓаните, преку интеракција, едукација и подигнување на свеста за јавната безбедност. На средбата заеднички ...
НОВИ МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ХИГИЕНА НА СООБРАЌАЈНИЦИТЕ И ПАЗАРИТЕ ВО БИТОЛА На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, денес во општина Битола се одржа состанок со претставници од јавните претпријатија, ТППЕ Битола, а се воспостави и координација со РЕК Битола. Целта на состанокот беше да се договори конкретен план со активности за унапредување на хигиената во градот, имајќи ги предвид укажувањата од ЈП „Паркинзи“ за зголемен талог од ...
ЈП Паркинзи Битола со СООПШТЕНИЕ Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг пред Домот на културата Ве известуваме дека во периодот од 04.07. (петок) 24 часот до 05.07. (сабота) 22 часот нема да може да се користи услугата паркирање. Возилата кои ќе бидат затекнати после 24 часот на 04.07 за напуштање на паркингот да го користат излезот од страната на училиштето "Гоце Делчев". МВР, Бирото за јавна безбедност организира караван под ...
На 03.07.2025 во 14.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-Стење, на влезот во с.Царев двор, патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Ресен, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, сите од Ресен, констатирани во ...
Диви продавачи на бостан и зеленчук си оградиле и наместиле заштитен чадор од сонце на дел од новите велосипедски патеки на улицата „Партизанска“ во Битола наспроти Клиничката болница. Битолчани се вџашени од „умешноста“ на дивите тезгаџии. Откако се изградија новите пешачки и велосипедски патеки во Битола нема ден да нема некое самоволие од несовесни граѓани. Паркираат мотории, такси возила, а сега никнаа и диви тезги. Граѓаните реагираат и ...
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие поради злоупотреба на постапка за јавен повик СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г. (54) од Битола, поранешен директор на јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно -приватно партнерство", ...
На 02.07.2025 во 15.22 часот во СВР Битола е пријавено дека на кружен тек од ул. „Булевар 1 Мај“, ул.„Марко Цепенков“ и ул.„Девеани“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Кичево и мопед „лонгија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата сопатничка С.И.(50) ...
ПРЕТСТАВЕН ПРОЕКТОТ „ПОНАТАМОШНА ПОДДРШКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ВОДИ" Општина Битола беше домаќин на работната средба со претставниците на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води", на која учествуваа раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на општина Новаци. Проектот предвидува ...
Учениците се на летен распуст, матурантите се при крај со полагањето на Државна матура и чекаат резултати, а полуматурантите се запишуваат во средно училиште. Додека пак наставниците, ги завршуваат тековните активности од наставната година што измина и започнуваат со подотовки за наредната учебна година. Што прават наставниците во месец јуни? Оној што не знае, што точно прават наставниците по 10 ти јуни, ќе каже: ништо, одат на училиште, се ...
СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се ...
Јубилејниот концерт на една од најистакнатите македонски групи – „ГРОМ“, која веќе 45 години ја одбележува музичката сцена ќе се одржи утре во Хераклеја. Песните и настапите на „ГРОМ“ ги одгледаа генерации битолчани и оставија неизбришлив печат во срцата на љубителите на музиката. Присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн. Ве покануваме да бидете дел од незаборавниот настан ...
Основното јавно обвинителство Битола предложи одредување мерка притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола на 29 јуни годинава. Како што информираат од ЈОРСМ, на 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош. -Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка ...
Почитувани посетители, Доколку планирате престој во национален парк “Пелистер“ – Битола ве информираме дека потребно е претходно да поднесете барање за дозвола за влез. Пополнете го следниот формулар: https://forms.gle/YX8xbP2DyNDkZFfQA Откако ќе го пополните, автоматски ќе добиете потврда на вашата емаил адреса. Со цел заштита на природата и безбедност, задолжително е почитување на правилата (напишани во одговорот) при престој во паркот. Ви ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од фиоката во која го чувал прометот од ...
Жената што остави вреќи со градежен шут на ридот викан "Тепсија" во Битола е најдена и казнета денеска од Комуналниот инспекторат на Општина Битола. Информацијата ни ја потврди Општина Битола, откако АПЛА вчера објави фотографии како жена со такси превоз растовара вреќи и ги остава на тревата покрај патот кој води кон населбата Бадем Балари во Битола. Казната изнесува 150 евра во денарска противвредност. - Реагиравме по допрен глас, го најдовме ...
Потпретседтаелот на СДСМ, битолчанецот Методија Илиевски вели дека опозициската партија за претстојните локлани избори за кандидати за градоначалници ќе поддржат предлози и од други партии и од независни листи и граѓански организации. Илиевски во емисија на телевизија 24 всушност предочува дека СДСМ нема да има свои кнадидати за градоначланици во секоја општина. - Донесовме заклучоци во раководството дека за секоја општина ќе градиме посебна ...