Комисијата за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на општината за купување на велосипед за 2024 година, формирана со Решение од Градоначалник, состави прелиминарна листа на добитници на надоместокот на апликанти кои ги исполнуваат условите до исцрпување на износот наведен во точка 3.1 Јавниот повик. На јавниот повик, беа поднесени вкупно 119 апликации, од кои на прелиминарната листа на добитници се 114 апликанти, а одбиени се 5 ...

Започна реконструкцијата на дворот и влезот на Гимназијата „Јосип Броз Тито во Битола“ со повеќе активности „Во нашата Гимназија започна реализацијата на неколку градежни проекти: -санација на партерен ѕид; -промена на старата ограда со ограда од ковано железо; -ќе се конструира настрешница во функција на постоечката летна училница во дворното место на Гимназијата. Работиме посветено и создаваме подобри услови за сите!, објавија од училиштето. ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари работна средба со градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски. Во рамките на посетата, градоначалникот Коњановски ја запозна министерката Божиновска со реализираните проекти, како и за проектите кои што се во тек на реализација во општината, а се однесуваат на подобрување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Градоначалникот исто ...

Градоначалникот Тони Коњановски потпиша 16 договори за реализација на 16 проекти во Битола -Потпишав 16 договори за реализација на 16 проекти, за кои како резултат на нашата навремена проектна подготвеност, Владата одобри за општина Битола 3,7 милиони евра. Веднаш, по потпишувањето на договорите, започнуваме со отпочнување на постапките за реализација на активностите на терен. Добиената поддршка значи поголеми можности и повеќе инвестиции, ...

Реконструирана е спомен куќата на народниот херој Стив Наумов во Битола под заштита на НУ Завод и Музеј-Битола. -Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава ...

На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М.(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна ...

Според одлука на Судскиот совет во битолскиот Основен суд треба да работат 25 судии, но во моментот работат 11 судии, вели претседателот на Основниот суд во Битола Татјана Петровска во интервју за Тера телевизија. Судијата Петровска вели дека се вложуваат натчовечки напори во решавање на случаите за да нема незадоволство кај граѓаните и да е запазен моментот судење во разумен рок. -Од 11 судии, еден е претседател, еден е делегиран во Прилеп, ...

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк “Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик. На точно ...

Млада девојка била брутално малтретирана од повозрасен битолчанец, па дури и киднапирана и држена во викендица во Потпелистерско село, физички малтретирана. Неофицијално дознаваме дека малтретираната жена била униформирано лице. Официјално полицијата соопшти дека - “СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 ...

Во Народниот Театар – Битола, вечерва, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Мартин Мирчевски. Превод: Драги Михајловски Адаптација и режија: Мартин Мирчевски Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Андреј Ѓоргиевски – Папаз, благодарност до Марија Пупучевска Светло-мајстор: Игор Мицевски Тон-мајстор: Николче Терзиевски Шминка и специјални ефекти: ...

Во Изложбениот салон на ДЛУБ отворена е изложбата на сликарот Владимир Младеноски -Синоќа изложбениот салон на Длуб се претвори во музеј во кој е претставен само еден мал дел од долгогодишниот труд на уметникот Владимир Младеноски, можеби еден од последните припадници на таа генерација уметници-основоположници на модерното во македонската уметност. Во овие дела гледаме како се испреплетува цела една историја и мисла за сликарството од светски ...

Трета година по ред, Општина Битола продолжува со организација на буџетските форуми. Денес, во Офицерскиот дом во Битола , се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година. На денешната форумска сесија присуствуваа Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, претставници на Општинскиот Совет, ...

СВР Битола информира На 23.10.2024 во 21.20 часот на ул.„Григор Прличев" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ј.Н.(29) од с.Мусинци и Е.Б.(22) од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.Н. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 23.10.2024 во 19.00 часот на ул.„Гоце Делчев" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Б.(45), С.А.(38) и ...

СВР Битола соопшти - На 23.10.2024 во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.,,Филип Втори Македонски“ и ул.,,Наум Наумовски Борче “ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди"со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Битола и мопед „хамачи" со битолски регистарски ознаки, управуван од К.Л.(20) од Битола. Во несреќата митоциклистот К.Л. се здобил со тешки телесни повреди, ...

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев, започна одбележувањето на Денот на македонската револуционерната борба. Пред споменикот кај Завод и музеј во Битола, почит оддадоа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, како и делегации од Сојузот на борци, Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев и политичките партии. Градоначалникот на општина Битола, ...

На 22.10.2024 во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 22.10.2024, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР ...

Комисијата за помилување предложила, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му доделила помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Тој добил намалување на казната за една година и му останува да одлежи во затвор уште три години. Комисијата го уважила барањето на Талески и неговите адвокати во делот на намалување на казната и целосно ослободување и прифатила делумно намалување на остатокот од затворската казна. ...

На 11 локации во Општина Битола, значително ќе се подобри спортската инфраструктура и условите за спортски активности. По примерот на веќе рекунструираното спортско игралиште во ОУ „Елпида Караманди“, ќе се реконструираат и спортските игралишта на основните училишта „Даме Груев“, „Ѓорги Сугарев“, „Трифун Пановски“, „Свети Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, а комплетно ново осветлување ќе добие и игралиштето на подрачното училиште „Коле Канински“ ...

Со поддршка од Општина Битола и Комисијата за еднакви можности, а во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и во соработка со Мрежата за младинско зајакнување и здравје, во Офицерскиот дом, се одржа настанот „Грижа за себе – Образование и превенција на рак на дојка“. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски Предавачи на настанот беа д-р Михајло Вангелов, д - р Иле Кузмановски и ...

Во должина од над 5 километри, започна изградбата на велосипедските патеки во Битола. Работните активности се одвиваат на ул. „Васко Карангелевски“, а вело патеката ќе биде на потегот од Педагошки факултет до кружниот тек кај Веро, во должина од 800 метри. За овој потег, одвоените средства од буџетот на општина Битола ќе бидат околу 72.000 евра. Вело патеки ќе има и од левата и десната страна на ул. „Партизанска“, во должина од над 4,5 ...

Општина Битола, започнува со одржување на четири форумски сесии низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните, ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година. Првата форумска сесија ќе се одржи на 24.10.2024 година во Офицерски дом со почеток во 11:00 часот. На форумските сесии се поканети сите претставници на месните и урбаните заедници, претставници од граѓански и спортски здруженија, како и сите граѓани кои имаат конструктивни предлози за ...

СВР Битола соопштува На 19.10.2024 полициски службеници од СВР Битола, на подрачје на Битола, го лишиле од слобода Б.К.(21) од Битола. При преглед кај истиот пронајдена била марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 18.10.2024 во 19,05 часот полициски службеници од СВР Битола, на подрачје на Битола, го лишиле од слобода У.К.(31) од Битола. При преглед кај истиот пронајдена била марихуана. По целосно ...

БИТОЛА – Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе остави општинските организации сами да си изберат локален партиски лидер. Ваквиот потег на Филипче е оценет како позитивен и демократски од страна на повеќето сопартијци во Битола. Пред Нова година ќе треба да се гласа за нови раководства на локалните партиски организации на СДСМ, вклучително и Битола. Најверојатно на Конгресот на СДСМ кој се очекува да се одржи на почетокот на ноември, покрај ...

Општина Битола од сопствениот буџет ќе ги гради велопатеките на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ откако паради политички надмудрувања пропадна можноста тие да се изградат со средства од европски прекуграничен проект. Пропаднаа 400 илјади евра пари што Европската делегација ги даваше за ваквата инфраструктура во должина од над 5 километри. Битолчани и граѓански активисти и организации постојано укажуваа дека сакаат изградба на вело ...

Даниела Андоновска - Трајковска, универзитетски професор синоќа е избрана за нов претседател на Македонско научно друштво-Битола. Поддршката за неа беше едногласна од присутните членови на Избрното собрание на МНД. Андоновска Трајковска е редовен професор на Педагошкиот факулет во Битола, а на чело на МНД ќе биде во наредните две години. Функцијата потпретседател на МНД-Битола ќе ја врши проф. д-р Силвана Нешковска, а уредувачкиот совет ќе го ...

Пред присутните се обрати секретарот на општина Битола Борче Димитровски, кој посочи неколку сегменти од општинското работење, кои се во фокусот на интерес. Пред се, тука е изработката на Генералниот урбанистички план (ГУП) за општина Битола, како и други стратешки значајни документи за општината, кои служат како основа за работа на општината и како подлога за аплицирање на различни проекти. Секретарот исто така, ја нагласи потребата од ...

Од вчера цигарите на Империјал тобако АД Скопје, Родео, Вест, Жаде, Давидоф… се продаваат со нова цена, повисока за 10 денари. Зголемувањето на цените на цигарите за 10 денари, како резултат на новите акцизни измени, ја усогласува акцизната стапка со европските стандарди. Владата очекува приход од 13 милиони евра годишно во буџетот, додека цените на цигарите ќе продолжат да растат секоја година. И покрај зголемувањето, Македонија останува со ...

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година. На првата панел дискусија „Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Отворени и транспарентни општини за сите!“ беа претставени резултатите ...

Вчера поминале две блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола, и тоа во едната помина пакет од 2,11 отсто, а втората пакет од близу еден процент, или 0,98 проценти.Тоа се значајни сопственички промени, бидејќи продажбите се за еден и однапред познат продавач, а не знаеме дали овие два пакети ги купил еден инвеститор, или станува збор за двајца. Дали и кој го намалил или зголемил својот капитал, би се знаело евентуално во понеделник, ...

Во рамките на програмата на Битолскиот театар за одбележување на јубилејот 80 години на оваа институција, премиерно ќе биде изведена претставата ,,КУФЕР.МК“ по идеја и концепт на актерката Соња Михајлова и Благој Мицевски кој беше задолжен и за режијата. На денешната прес конференција директорот Васко Мавровски пред многубројните новинари, истакна дека Битолскиот театар не може да биде без големите имиња кои допринеле во неговиот развој. „Овие ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
7.72
59%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
50%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
77%
1014
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
4.14
66%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
48%
1018
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.69
62%
1009
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
35%
1011
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
69%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
6.69
61%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1009
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83