
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Во рамките на програмата на Битолскиот театар за одбележување на јубилејот 80 години на оваа институција, премиерно ќе биде изведена претставата ,,КУФЕР.МК“ по идеја и концепт на актерката Соња Михајлова и Благој Мицевски кој беше задолжен и за режијата. На денешната прес конференција директорот Васко Мавровски пред многубројните новинари, истакна дека Битолскиот театар не може да биде без големите имиња кои допринеле во неговиот развој. „Овие ...
Во организација на Лајонс клубовите од градот и Здружението на слепите лица од Битола, денес се одбележа Меѓународниот ден на белиот стап, со марш по Широк Сокак. Градоначалникот Тони Коњановски, посочи дека Општина Битола продолжува во континуитет со поддршка за слепите лица, во насока на поголемо олеснување во нивното секојдневие. „Локалната самоуправа во насока на поголема соработка со слепите лица и лицата со оштетен вид, реализира ...
Министерството за култура минатата година исплатило вкупно 318 милиони денари, односно над 5 милиони евра за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да влијае на субјективен избор на проектите, се вели во новиот извештај што го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот е објавен на https://dzr.mk/mk/241015-revizija-na-usoglasenost-2024-ministerstvo-za-kultura Ревизорите констатирале ...
Триесет и осумгодишен ресенчанец е тешко повреден откако со „мерцедес“ вчера излетал од патот Ресен-Битола. „Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, на место викано „Макази“, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.С.(38) од Ресен излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница ...
Нова промена во органите на управување на Стопанска банка а.д. Битола, објави Банкарство. „До финализирање на постапката за комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски“, информира Стопанска банка а.д. Битола преку ценовно чувствителна ...
Започнаа теренските активности за реконструкција на дел од улицата „Нико Фундали“. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација која го координира проектот, извршија увид во денешните изведбени активности, кои опфаќаат отстранување на стариот асфалтен слој. Вкупно предвидени средства за реализација на овој проект се 12.628.225,00 денари, од кои за коловоз 7.506.051,00 денари, за водовод 2.443.398,00 ...
СВР Битола информира - На 11/12.10.2024 во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот во централното градско подрачје на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење и продавање на алкохол на малолетници. Контролата беше спроведена во три угостителски објекти и три казина, при што било констатирано точење алхохол на малолетници, а извршена е ...
Во рамките на Форумот за граѓанско општество и тинк тенк кој се одржува во Берлин од 9-11 октомври, секретарот на општина Битола Борче Димитровски беше дел од говорниците во панелот наменет за енергија, климатски промени и декарбонизација. „Битола е град во чија близина има термоцентрала и токму затоа процесот на декарбонизација и зелена транзиција е многу важен. Имаме многу документи кои се однесуваат на транзицијата, но поголемиот дел од нив ...
Општина Битола, во понеделник на 14.10.2024 година, започнува со работните активности за реализација на проектот за реконструкција на улицата „Нико Фундали“, поради што сообраќајот ќе се одвива согласно Проектот за времен режим на сообраќај. Изведбените работи кои се дел од овој проект вклучуваат реконструкција на коловоз, водовод и мешовита канализациja на дел од улица „Нико Фундали“ во Битола. Со проектната документација предвидена е целосна ...
Ако не поскапи такси превозот во Битола ќе нема кој да вози ноќе, оти за таксистите е неисплатливо. Ваква е состојбата во Битола, откако во изминатите години постојано се намалува бројот на лиценцирани такси превозници, па од некоја бројка која изнесувала над 400 лиценцирани такси превозници сега градот има околу 60 такси возачи кои се во такси компании. Денеска од мнозинството советници во општинскиот Совет во Битола беше изгласана ...
Автор: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик Со самото влегување во училиште, односно, на наставен час, наставникот - главниот менаџер во наставата, има голем број на обврски и одговорности, за кои треба да биде подготвен секој работен ден, секој наставен час и секогаш во школската средина. Затоа, нели, постојат дежурства на наставници, со цел да се регулира редот во училиштните ходници, училниците, ...
„Медицинската етика е дел од биоетиката. Во нашата Гимназија ги негуваме биоетичките вредности за дарување крв, невршење насилство врз други лица, помагање на социјално загрозени поединци и групи. Овие биоетички премиси ги градиме со децении преку наставните програми во сите предмети на гимназиското образование. Бидете секогаш дел од хуманитарните акции за дарување крв, зашто тие се еден од начините во надминувањето на здравствената ...
Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата. Согласно овие синхронизирани активности, утрово од мрежа беше исклучен Блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се ...
Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие Комуналец, со поставување на лед светло, овозможија целосно осветлување на теренот на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното игралиште во Битола. Ова игралиште го користат повеќе спортски клубови за тренинзи и спортски натпревари, а со осветлувањето на теренот се овозможуваат спортски активности и во вечерните часови. Паралелно, Општина Битола заедно со ...
Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола. Предмет на јавниот повик e кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод „80 години од ослободувањето на Битола“. - ...
СВР Битола - Се известуваат граѓаните дека поради започнување со изградбата на патниот Коридор 10Д, на делница Прилеп - Битола од денеска (08.10.2024) во 13.15 часот, од страна на изведувачот Бехтел Енка, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат ...
Возачите што секојдневно го користат магистралниот пат Прилеп – Битола се жалат дека е многу тешко да се вози по него. По целата должина, коловозот е брановиден и им прави непријатност при управувањето со воланот. Во тоа се уверија и групата новинари што минатиот четврток беа во разгледување на двата рудника на РЕК „Битола“. Делот каде што треба да се прошири патот за да биде автопат е исполнет со ниви, меѓи, канали и дрвја, а на повеќе позиции ...
Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ објавува Повик за учеснички во проектот „Силата на заедницата: против булингот за поддршка и припаѓање“ Покануваме 15 млади ученички од Битола да се приклучат на нашата дводневна обука во рамките на проектот „Силата на заедницата: против булингот, за поддршка и припаѓање“. Оваа обука се фокусира на тоа да ве опреми со вештини за да станете едукатор на врсници, овозможувајќи ви да го споделите ...
Обзнанувам дека Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, вели Христијан Мицкоски во текот на своето обраќање по повод 33 Годишна Конференција на Унијата на млади сили што се одржа во Охрид. Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, ...
Како да се препознае и каде да се пријави корупција? Колку е важен личниот интегритет за справување со коруптивните влијанија? Дали обвинителите се соочуваат со притисоци и закани кога постапуваат? Ова се дел од прашањата кои што ги поставуваа средношколците и студентите на панел-дискусијата “Младите против корупцијата – градење на култура на интегритет и отчетност за општество без корупција” што се одржа вчера во Битола, во организација на ...
Вчера вечер во СВР Битола било пријавено дека на улица „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.удрило во велосипед управуван од малолетник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. Според наши информации малолетното дете поради сериозноста на повредите доцна ...
Театарската претстава „Хамлет-денот на убиствата“ работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, учествува на Интернационален театарски фестивал во Бјалисток, Полска. Од НУ Народен театар-Битола информираат дека по големиот успех на претставата „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад каде доби престижна награда за најдобра претстава на фестивалот, со големи амбиции учествува и на осмото издание на ...
Во следните седум дена ќе го правиме енергетскиот биланс. Ги гледаме состојбите, односно колку електрична енергија ќе ни недостасува. Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен рок, односно нема да купуваме недела однапред енергија бидејќи тогаш е навистина многу скапо, информира денеска министерската за енергетика Сања Божиновска. -Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока, тоа го ...
4-ти октомври е Светскиот ден за заштита на животните, кој годинава се одбележува под мотото „Светот е заеднички дом за сите“. Овој ден се совпадна со периодот кога отпочнуваме со хуман третман на животните во Општина Битола и со отпочнување на работа на прифатилиштето Хачико. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, го посетија прифатилиштето, во присуство на учениците од ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени во функција експресните патишта Прилеп – Градско и Ранковце – Крива Паланка. Николовски рече и дека до крајот на овој месец ќе почне, првата реална работа во однос на коридорите 8 и 10. „Ќе стартуваме со Прилеп – Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар – Бокојчани, ...
„Работата во целото судство и правосудство не е како што треба и тоа го кажуваат и оценките во сите домашни и меѓународни анализи кои се прават“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. „Недовербата во судството и правосудството е тоа што одредени луѓе кои направиле или не направиле некаков криминал, некое 'дело ситно' како што сака народот да кажува за 10 ...
Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, заедно со претставници на општинската администрација, денес извршија увид во завршните активности од реализацијата на првиот дел од оваа важна сообраќајница, која поминува низ некогашната индустриска зона на Битола и претставува значајно сообраќајно поврзување со соседна Грција. Реализацијата на овој проект произлезе од разговорите со претставниците на Стопанската комора, кои посочија дека токму ...
Три лица го загубиле животот во сообраќајката која се случила утрово на патот Прилеп Битола, дознава АПЛА.мк. Неофицијално станува збор за здравствени работници од Прилеп кои патувале на работа во Битола. Несреќата се случила околу 7 и 30 часот, по што сообраќајот. Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“. Во сообраќајката учесвувале патничко возило марка ...
Интегрален текст од демантот на Клиничка болница Битола на пресот на СДСМ Битола дека се затворени одделенија во Болницата и дека нема кадар Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна. За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и ...
Teшка сообраќајка утрово околу 7:30 часот се случи на патот Прилеп-Битола, пред индустриската зона, кога се судриле камион и две патнички возила, пренесува https://markukule.mk/ Од сударот настанал пожар во товарното возило и во едно од патничките возила, при што неофицијалните информации говорат дека загинати се три лица кои се превезувале во едно од патничките возила. Очевидци велат дека станува збор за тричлено семејство, мајка, татко и дете. ...