На 13.08.2025 околу 11:10 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека на крстосница од магистрален пат Битола – Ресен, кај место викано „Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К.(65) од Канада. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од ...

С О О П Ш Т Е Н И Е од Водовод Битола За рационално користење на водата за пиење ЈКП Водовод Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците. ...

СВР Битола известува за тешка сообраќајна незгода во битолско. На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна ...

Над село Љубојно се сечи шумата, жителите масовно излегоа на протест Над ресенското село Љубојно во реонот на Долна Преспа масовно се сечи коријата, револтирани се жителите и бараат итен инспекциски надзор. Сечата на бука, смреќи и други видови на дрвја денеска ги извади на масовен протест жителите на ова преспанско село, особено загрижени што се ништи коријата над резервоарот за вода, позицијата на која во минатато имало лигање на земјиштето, ...

На 10.08.2025 во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од с.Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. ...

Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“. ...

СЕ ПОСТАВУВА СПОМЕНИКОТ НА ВОЈВОДАТА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ Споменикот на познатиот македонски војвода Александар Турунџев денес од општинскиот двор беше пренесен и поставен на постаментот на новиот кружен тек кај Ат-пазар. Во наредните денови ќе се изведуваат завршни работи на постаментот, како и хортикултурно уредување на околниот простор. Работите се планира да завршат до 30 август, кога се одбележуваат 120 години од смртта на војводата. ...

Битолската клиничка болница е екипирана со тим на интервентни кардиолози и медицински кадар кој овозможува адекватен третман на кардиоваскуларните болести на срцето за пациентите од Битола и поширокиот регион. Во Битолската болница салата за инванзивна и интервентна кардиологија е комплетно опремена со современа техника и новиот ангиограф. Салата работи под раководство на д-р Ненси Лозанче субспецијалист по интервентна кардиологија, ...

Битолската противпожарна територијална единица во текот на вчерашниот ден имала неколку интервенции меѓу кои гаснење на пожар во стан на улицата "Батаљон Стив Наумов" и за запалено возило на патот за село Братиндол. Примена дојава во 19:05ч. за заглавено лице на дрво во Градски парк ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 4 пожарникари. Примена дојава во 20:10ч. за запален стан на ул.Батаљон Стив Наумов ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и ...

Вечерва почнува празнувањето за летна Света Петка. Еден од најубавите манастири посветени на Света Петка е оној во село Цапари, битолско. Оддалечен е на еден километар од селото, а се верува дека таму имало и манастир од 16 век. Подоцна тој изгорел, па бил обновен со пари од верниците. Денешниот храм изобилува со убавина и спокој. Опколен со густа шума, претставува природна ладовина полна чист воздух за бегство од жештината во овие летни денови, ...

Познатиот кардиолог од Скопје, др. Игор Спироски, специјалист интернист и супспецијалист интервентен кардиолог од денеска е дел од тимот на Битолската клиничка болница. -На денешен ден, 6 август 2012, за првпат профункционира салата за инванзивна и интервентна кардиологија во Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски” - Битола — под раководство на др. Ненси Лозанче и медицинските сестри Валентина Гачевска и Светлана Тодоровска како посветен тим - ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила ...

Во рамките на програмата на Битолското културно лето, утре во Хераклеја ќе се одржи концерт насловен „Кларинетска одисеја“ со почеток од 21:00 часот. Kонцертот е дело на најуникатната музичка четворка со светско реноме, а публиката на една сцена ќе може да ги слушне четворицата мајстори на кларинетот: Исмаил Лумановски, Благојче Трајковски, Горан Бојчевски и Благој Ламњов. Настанот ќе биде збогатен и со други гости, кои ќе дадат посебна убавина ...

ЕДИКОЈСИ ПРОТИВ ПЕТРЕТА АНДРЕВСКИ ИЛИ „ЕЈ БРЕ КОЈ СИ ТИ ПРОТИВ ПЕТРЕТА ДА БИДИШ?!“ Срам ми е што ова го пишувам. Како Македонец се срамам. Добивам мејл од мојот пријател, нашиот ингениозен сликар Сергеј Андреевски, синот на еден од моите книжевни татковци – книжевниот гениј Петре М. Андреевски, во кој синот бара поддршка од мене и од истакнати наши јавни личности и институции – да не пропадне, да не се уништи меморијалната постановка во чест ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз основа на професионални критериуми и работно искуство. „Факт е дека и според моменталната систематизација, началник на Одделот за организиран криминал мора да има најмалку десет години искуство. Опозицијата грубо ја манипулира јавноста, ширејќи страв дека ќе се вработуваат партиски кадри. ...

Битола на мапата на светски музички спектакли, домаќин на една од најголемите светски звезди на електронската музика, Армин Ван Бурен. Задоволство беше да се биде дел од десетина илјади посетители од земјава и регионот кои ја преплавија Битола за да присуствуваат на спектакуларното шоу на еден од највлијателните DJ артисти на сите времиња. Одлична организација на еден од најголемите музички спектакли ова лето во Македонија од страна на Авалон ...

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје. Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен ...

Битолкаста полиција ноќеска имала полни раце работа. На локација околу Градскиот стадион уапсени три лица со дрога, а имало и тепачка. што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај Б.К. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на ...

Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за поставување на споменикот на војводата Александар Турунџев. Локацијата е во непосредна близина на Ат-Пазар, местото каде е погубен Турунџев пред 120 години. На новоизградениот кружен тек, деновиве е поставен постаментот, а на 30 август свечено ќе биде откириен и споменикот на војводата Турунџев. Споменикот веќе 8 години е направен и стои во дворот на Општина Битола. Споменикот на ...

Потпишан договор за зголемена енергетска ефикасност на ЈП "ВОДОВОД" Во Министерството за животна средина и просторно планирање, денес се потпишаа договорите за техничка и финансиска поддршка во рамките на проектот: „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија", кој се реализира во соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на ...

Македонија го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани -Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава. Државниот врв од Мечкин Камен, Пелинце и од Скопје ќе испрати пораки по повод 2. август. Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје, каде ќе положи свежо ...

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН – БИТОЛА СО ПОЧИТ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПРАЗНИКОТ По повод големиот државен празник Илинден, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура и пред Споменикот на илинденците во храмот „Света Недела“. Со овој чин беше оддадена почит на сите кои со ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица по повод државниот празник 2 Август – Илинден. Со оваа одлука, четири лица се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна: Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, Општина Неготино Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци Николче Љубе Костадиновски од Куманово Зејадин Сали Мифтари од село Черкезе Дополнително, уште четворица осуденици ...

ЉУБОВТА КОН ПРОФЕСИЈАТА И ЗАДОВОЛСТВОТО ОД НЕА – НЕЗАМЕНЛИВА ИНСПИРАЦИЈА И БЕСКРАЈНО ЗАДОВОЛСТВО -Пишува: професор Александар Адамовски На почетокот, сакам да кажам дека содржината на овој текст е малку подолга, бидејќи сметам дека има што да се прочита а ја пишувам во еден здив. Впрочем, таа беше и моја, лична желба. Човек, во својот живот, професионално се определува и се ориентира, еве да кажам, уште од најмала возраст. Не е исклучено, тој ...

Пишува м-р Даниела Петровска - посветено на новинарите Тоде Петревски и Менде Младеновски Молчењето во својот суштински облик не претставува едноставно отсуство на говор, туку сложена и контрадикторна појава која се распнува помеѓу свесното и несвесното, помеѓу артикулираното и премолченото. Во филозофијата и теоријата на комуникацијата, молчењето сè почесто се разбира како активен чин – значенски натоварена тишина што не го негира говорот, туку ...

СВР Битола известува - Во пресрет на еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на Битола, кој ќе се одржи во недела на 3 август на стадионот „Петар Милошевски “во Битола, каде се очекуваат илјадници фанови да уживаат во електронската магија на светската музичка икона - Армин Ван Бјурен, СВР Битола упатува апел до возачите : Заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола, ги замолуваме граѓаните на Битола да ...

Битолчанецот Зоран Лазаровски - Паљо, најавува листа за советници на претстојните локални избори во Битола. Вели дека потребните потписи за учество на изборите ќе ги собере без проблем и дека на изборите ќе успее да ги привлече гласовите на битолчани, кои се независни и не се наклонети на политичка партија. Лазаровски вели дека во Советот, Битола ќе ја гледа со „непартиски очи“. Тој најавува дека ќе се бори за Битола со катни гаражи, обнова на ...

На 31.07.2025 во 00:12 часот на ул. „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Ц.(47) од Демир Хисар. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „голф” со демирхисарски ознаки , кое го управувал В.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.60 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по ...

ПРИЕМ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ГОСТИ ОД ФЕСТИВАЛОТ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО ОПШТИНА БИТОЛА Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, денес организираа прием на гостите и учесници на фестивалот „Илинденски денови“. Гостите од Мексико, Грузија, Хрватска, Полска, Индонезија и Швајцарија, ги пренесоа своите прекрасни искуства од учеството на 55 издание на Републичкиот фестивал на народни песни ...

Директорот на "Комуналец" Битола, Горан Степановски објаснува зошто камиони од охридското комунално претпријатие се движат низ Битoла. - Во врска со последната објава на советникот Иван Чулакоски, кој е „загрижен“ поради движењето на камиони на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид низ Битола, ја информираме јавноста дека: Двете Возила на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид се на метан и единствената соодветна бензинска станица во регионот каде што можат да наполнат метан е ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
76%
1023
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.58
81%
1021
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1023
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1022
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.41
80%
1021
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.07
94%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.57
74%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
51%
1021
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
79%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1021
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1019
Currency

61.6217

Currency

53.2837

Currency

71.0141

Currency

34.6087

Currency

37.9144

Currency

66.206

Currency

7.45477

Currency

0.65639

Currency

0.34915

Currency

0.52601

Currency

1.26816

Currency

0.59675