
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРАЊЕТО НА УЛИЦА „ШИРОКА“ ГД Гранит АД Скопје, ја известува јавноста за продолжување на затворањето на ул. „Широка“, поради реализација на Проектот на Општина Битола: „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба на ул.„8-ми Септември“ и тоа: Реконструкција со доградба на коловоз L=840,00м, Изградба на атмосферска канализација, Реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата ...
Се јавуваме од Голем Град — единствениот остров во нашата земја, скриен во срцето на Преспанското Езеро. Ова мало парче земја крие редок екосистем, древни приказни и тишина што зборува. Зборувавме со луѓе што го познаваат островот одвнатре — се запознаваме со историја, култура, природа, животински и растителен свет. Откриваме нешта што не се гледаат, туку се чувствуваат. Разговораме со:Игор Ефтимовски, археолог и асистент за односи со јавноста ...
Апла дознава дека во тек е спасувачка акција на Пелистер, се спасува планинар кој се повредил на патеката по камењар. Повредениот бил на локација над Видиковецот и неофицијално не бил битолчанец. Дознаваме дека спасувачите од Дирекцијтаа за заштита и спасување, ЦУК и обучени лица вклучени во акцијата од НП Пелистер се на терен и дејствуваат за спасување на повредениот. Сопред информација од ДЗС и МВР треа заедничка акција за извлекување на ...
КОГА СТРИПОТ ЌЕ ГО ЗАИГРА РУСАЛИСКОТО ОРО Во свет каде што традицијата често се заклучува во витрини, а стрипот се перцепира како нешто „лесно“, млад уметник успеа да направи нешто што ретко кој се осмелува – да ги спои двете. Синоќа, во фоајето на НУ Центар за култура – Битола, беше претставен проектот „Русалии – Танц и Традиција“ – стрип издание со авторски илустрации на Димитри Балојани, создадено специјално за 55. Илинденски денови. ...
Методија Куновски е кандидат за градоначланик на Битола од СДСМ, објави лидерот на партијата Венко Филипче. Куновски е новинар по професија и работи во РЕК Битола од 2018 година. - Кандидат за градоначалник на Општина Битола е претседателот на Општинската организација Методија Куновски, за Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци претседателот на ОО Ванчо ...
Познатиот специјалист онколог проф. д-р Симонида Црвенкова, денеска прегледуваше онколошко болни пациенти во Битола. Таа е само една од лекарите специјалисти кои неделно ќе доаѓаат во Клиничката болница-Битола по неодамна потпишаната соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје. Целта е скопските лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да вршат прегледи во онколошкото одделение на Клиничката болница во ...
Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, велат во соопштение од партијата. Потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски во изјава за медиумите посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега на ред се банките да го следат чекорот на гувернерот и да ги намалат ...
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ОД ВТОРИОТ ПОВИК НА ВЛАДАТА – ЗА ОПШТИНА БИТОЛА ДОДЕЛЕНИ ОКОЛУ 707 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА 65 ПРОЕКТИ Општина Битола е лидер по бројот на потпишани договори, вкупно 65 по вториот јавен повик од инструментот за капитални инвестиции. Денес, во Владата, градоначалниците на општините ги потпишуваа договорите со соодветните министерства. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша договорите за проекти во рамките на ...
Во Демирхисарско уапсени тројца мажи од Романија кои на жителите им продавале садови и прибор за домаќинство, а пак овие им платиле со златен накит и пари. Полицијата соопшти - На 16.07.2025 во 15.30 часот во с.Жван, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Г.Р.(26), Г.М.(47) И Г.Г.(26), сите од Република Романија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик. ...
Официјално - Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на ...
Лекарка од Очното оддeление во Клиничката болница во Битола била фатена како бара и зема мито од пациент во висина од 100 евра, дознава АПЛА.мк Лекарката побарала од пациент пари за одредена здравствена услуга, но засегнатиот пациент случајот го пријавил кај истражните органи и кaко што дознаваме лекарката е фатена со обележани пари. Во случајот постапувале инспектори од СВР Битола и лекарката билa спроведна на распит. Се очекува одлука на ОЈО ...
Општинскиот инспекторат при Општина Битола од вчера започна со дежурства на терен, надвор од редовното работно време и прими дојави за триесеттина дивеења во делот на градежништвото и јавната чистота. Веќе при првото дежурство беа констатирани над 30 случаи, најмногу во областа на градежништвото, јавната чистота и комуналните дејности. Инспекторите затекнаа ситуации со несоодветно постапување со градежен шут, комунален и друг вид отпад – ...
Официјално СВР Битола соопшти дека во Крушево е приведено лице за злоупотреба на службената положба . На 15.07.2025 во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево. Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумското претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин ...
ДЕЖУРСТВА НА ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ НАДВОР ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ Општина Битола воведува секојдневни дежурства на терен на инспекторите, со цел да се констатираат било какви незаконски и прекршочни дејствија на територијата на целата Општина. Дежурствата ќе се спроведуваат секојдневно со вршење на надзори и обиколки, во и вон работно време во работните денови, како и во викенди и неработни денови. Граѓаните имаат можност за затекнати појави на ...
БИТОЛА – Влезот на Битола од страната на Прилеп се гради веќе една година и претставува капитален проект за градот и Пелагонискиот регион. Децении наназад сликата за овој сообраќаен пристап до Битола беше темница, пат полн со дупки, без сообраќајна сигнализација, диви депонии, ѓубре и кал од двете страни на тесниот коловоз, дивоградби и импровизирани пристапи до дуќани и бизниси. Небезбеден ни за пешаците, ни за возачите. Граѓаните на Битола, ...
Вчера во 18:10 часот, на автопатот А1 Демир Капија-Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 29-годишниот С.Р. од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило BMW, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Известен е јавен ...
Од денеска започна асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. Се поставува првиот слој на асфалт на оваа важна сообраќајница за градот улицата „8 Септември“. Камен-темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп беше поставен лани на крајот на јули. Се работи на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска на седница на Советот на Општина Битола на која ќе се гласа за ребалансот на буџетот во првото обраќање до советниците и јавноста на претседателката на Советот Гбриела Илиевска му дедели пехар за како што рече „шампион во кочење на ЕУ проекти“. „Ако за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал. Со камења е изградена Вие Игнација, со камења се градат мостови кои ...
Соопштение од Водовод Битола. Ве известуваме дека на ден 15/07/2025 (вторник), поради технички зафат од страна на фирмата изведувач БВ инжинеринг, се затвора регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената ПЕ цевка ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите на ул.Кире Костадиновски - Горно Оризари, Раштанска, Раштани,.Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска на седница на Советот на Општина Битола на која ќе се гласа за ребалансот на буџетот во првото обраќање до советниците и јавноста на претседателката на Советот Гбриела Илиевска му дедели пехар за како што рече „шампион во кочење на ЕУ проекти“. „Ако за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал. Со камења е изградена Вие Игнација, со камења се градат мостови кои ...
Полицијата известува дека возач на 45-годишен од демирхисарко загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Демир Хисар. - На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од село Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата од ...
СВР Битола официјално соопшти дека на фестивал во Долно Дупени три лица се фатени со дрога. На 12/13.07.2025 година, во временскиот период од 20.00 – 04.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен при контрола на културна манифестација во с. Долно Дупени, ресенско, кај Ф.С.(38) од Скопје и К.Р. (46) од Прилеп била пронајдена марихуана, а кај Б.Д.(39) од Прилеп била пронајдена прашкаста материја и банкнота со траги од ...
Големи се последиците од пожарот на ул. "Борис Бастерот" во Битола. Од фотографиите кои ги објави Противпожарната единица на Битола се гледа разурната барака и изгорени возила. Според СВР Битола 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Борис Бастерот" во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено" и „цитроен" со битолски регистарски ознаки и „рено" со скопски регистарски ...
Ансамблот за фолклор ,,Гоце Делчев” Битола кој учествуваше на Меѓународен фестивал во Велика Горица, Хрватска се враќа со две награди, за најдобар сценски настап и најдобро кореографско изведување. Исто така признание за учество на фестивалот. - Турнејата беше многу успешна, исто така бевме единствени поканети во Хрватската радио телевизија, каде се покажавме во најдобро светло на нивната утринска програма. Екипата од тука продолжува за Осијек, ...
На 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Борис Бастерот" во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено" и „цитроен" со битолски регистарски ознаки и „рено" со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола.Во пожарот повредени лица нема,причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на ...
На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска" во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило „волксфаген" патничко возило „бмв", патничко возило „тојота", патничко возило „киа", патничко возило „рено", патничко возило „матиз", патничко возило „тико" сите со битолски регистарски ознаки паркирани на улицата ...
Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Денеска се слави во манастирот во Смилево. На воздушна линија од само околу еден километер од Смилево, или десетина километри неасфалтиран пат, североисточно од селото, во смилевската корија, опкружен со столетна шума и ...
Битолскиот пратеник Пеце Милевски објави дека мнозинството во Парламентот ги изгласа измените во Законот за здравствено осигурување со што Фондот за здравство ќе финансира до шест обиди за ин витро оплодување. Милевски објави - " Секое семејство ќе може шест пати, со финансиска поддршка од Фондот да ја користи процедурата за ин витро оплодување. Парламентарното мнозинство ги поддржа измените на Законот за Здравствено осигурување. Родителството ...
АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „НИКО ФУНДАЛИ“ Денес започна асфалтирањето на дел од улицата ,,Нико Фундали'' во Битола, во рамки на проектот за реконструкција на коловозот, водоводната и мешовитата канализациона мрежa, со вкупна должина од 340.70 метри. Направена е целосна реконструкција на постоечката коловозна конструкција, како и реконструкција на тротоарите од префабрикувани павер елементи. Кај водоводната мрежа, старите азбест цементни и ...
НОВОНАЗНАЧЕНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ АМБАСАДОР ВО ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во нашата држава, денес беше во прва работна посета на општина Битола, каде што оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски. Во фокусот на средбата беа повеќе теми, но и конкретни проекти. Градоначалникот Коњановски и амбасадорот Палминтери, разговараа и за можностите за понатамошна соработка во делот на културата, ...