Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Модернизацијата, професионализацијата и дигиталната трансформација на јавната администрација, како и зајакнувањето на довербата кај граѓаните, беа во фокусот на денешното одбележување на Денот на јавната администрација, што го организираше Министерството за јавна администрација под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“ во Филхармонија. На настанот беше истакната улогата на јавната ...
Амбулантата во Делчево, каде се користи иновативен современ апарат за теледерматологија ги отвори вратите за своите пациенти. Овде пациентите со кожни заболувања од Делчево добиваат стручна дијагноза и препорака од специјалисти од Клиниката за дерматологија, без потреба од физичко присуство на лекар специјалист со што значително ќе се намали времето на чекање, трошоците за патување и оптоварувањето на здравствените установи во главниот град. ...
Со повеќе инвестиции до поголем економски раст. Со ребалансот на буџетот се додаваат речиси 100 милиони евра за капитални инвестиции. Сумата се зголемува за дури 14,5% од првичните 650 милиони евра на 748 милиони евра. Најмногу дополнителни средства ќе добие Министерството за животна средина, над 37 милиони евра за клучни проекти. Поголем буџет за капитални расходи ќе имаат и Министерствата за транспорт, образование, здравство, како и ...
Апелираме до корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад, алармираа попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје на Фејсбук. Од јавното претпријатие информираа и за теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа што се одвивале во текот на денов. – ЈП „Водовод и канализација“ – ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот. Во своето обраќање, како што информираат од МВР, министерот Тошковски истакна дека ...
Проблемот од минатото со набавка на учебници се решава и тие се доставуваат навреме за новата учебна година, како резултат на воспоставено системско решение, уверуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои денеска присуствуваа на промоција на нови учебници за прво, второ и трето одделение во ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. Жалам, рече Мицкоски, што во време на вештачка интелигенција и ...
Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна на денешната прес-конфереција министерот за локална самоуправа Златко Перински на која што ги презентираше ги резултатите од работата на Министерството. -Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот ...
Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина- истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22 до 26 јуни се одржува во Скопје. Поздравувајќи ги ...
Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија. -На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија- информираше Ѓурѓај. ...
Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло. ...
Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува дека на утрешната седница на Собраниска комисија за финансирање и буџет, мнозинството пратеници од најголемите македонски политички партии ќе донесат одлука за стопирање на понатамошната процедура за усвојување на Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Главен мотив е заштита на работните места на десет илјади луѓе, од кои најголемиот дел сме етнички ...
Земјоделската струка во Битола нема да згасне, туку ќе продолжи во Регионалниот училишен центар, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, таа појасни дека во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, во првиот уписен рок се запишале тројца ученици и оти согласно Законот, со три деца неможе да се формира паралелка, а тие ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека последните потези од Бугарија не го прават оптимист дека ќе има напредок во разговорите за нашиот евроинтеграциски пат, односно почетокот на преговори со ЕУ. Мицкоски рече дека е преседан вчерашното објавување информации за дипломатска нота за неговото семејство кое било на патување во Пампорово. – Па јас не очекувам. Сигналите коишто доаѓаат од таму не ме прават оптимист, напротив состојбата ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Околу половина од сестрите на Kлиниката не може да покриваат дежурства и сменска работа – се бараат нови вработувања, на новинарско прашање одговори директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди, за време на денешната прес-конференција. – Еден од сериозните проблеми на клиниката, е сериозниот недостиг на кадар, особено средно – медицински кадар. Уште од првите денови јас се соочував со барања од сите оддели, за ангажирање на ...
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка. -Денеска во 2 часот полициските службеници го лишија од слобода А.Л.(34) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол ...
Владата останува цврсто посветена на модернизација на јавната администрација, дигитализација на услугите и намалување на бирократските процедури, со цел институциите да бидат поблиски до граѓаните, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот по повод Денот на јавната администрација. – Денес оддаваме признание на една служба која е столб на секоја современа и успешна држава. Затоа што државата не е само Владата, не е само ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...
Од СДСM да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија. А ако веќе држат прес-конференции на темава, ...
Негласањето на предлог-измени на Законот за локална самоуправа во македонско Собрание е исклучиво политички инает, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој денеска одговори на новинарско прашање зошто не се донесени законските измени и дали се размислува да ги повлечат и да се предложат нови решенија, кои би биле прифатливи за опозицијата. Тој порача дека намера да го повлечи овој закон, додека е на оваа позиција, заради ...
Растечкиот број на случаи на семејно насилство го крена алармот кај институциите, се одржуваат обуки на наставниците за да ги препознаат домашните проблеми на децата преку нивното однесување во училишните ходници. Во обуката учествуваат експерти а поканети се и родителите кои би добиле насоки за тоа – како треба да се реагира во вакви ситуации. „Предавачи ни се истакнати психолози коишто се активни во комората на психолози на Република ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи. Како што наведува во објавата, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите. – Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да ...
Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71 отсто во вкупните приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, велат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за 2024 година. Со извршената ревизија за 2024 ...
Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули годинава да биде под 3 проценти. Таа цел е дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите ланци на маркети, а во таа насока, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одржат средби и со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе прави споредбена анализа помеѓу цените ...
Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, ...
Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие ...
Македонија има спроведено речиси се од реформаската агенда. Повеќето од законите се во собраниската процедура или веќе се имплементирани, а наскоро ќе има конечно решение и за Изборниот законик. Претседателот на Владата очекува Македонија повторно да се најде на првата позиција по спроведени рефори, по оценувањето кое кое ќе го направи Европската Комисија. Како дел од реформската агенда ќе биде донесена и владина одлука за работењето на ...
Има недостиг на медицински сестри, но, пациенти не се враќаат, вели денеска на новинарско прашање, директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека сите оддели имаат огромна фреквенција на пациенти од целата држава. – Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата ...
За неколку дена ќе биде познат исходот од тековните преговори за реконструкција на Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на промоција на учебници во ОУ „Љубен Лапе“. – Сега траат преговорите за реконструкција на Владата и ве молам за трпение, за неколку дена сè ќе биде познато – рече Мицкоски, на новинарско прашање кој бил најуспешен министер и дали имало неуспешни. Мицкоски, прашан дали има место за нови ...
Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди на денешната прес-конференција. – Универзитетската клиника за детски болести бележи значително намалување на стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти во овие две години, до 300 проценти во споредба со претходните години. Според официјалните статистички податоци од информатичкиот систем ...