Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Револтот поради надоместоците што ЗАМП ги побарува од сопствениците на приватно сместување се шири и во Струга. По објавувањето на првите реакции од Охрид, до редакцијата пристигнуваат нови сведоштва од издавачи кои ја оспоруваат не само висината и начинот на наплата, туку и самата основа врз која се задолжуваат. Во некои случаи покани за плаќање биле доставени до повеќе членови на едно семејство, иако станува збор за ист апартман. Тоа ...
Американската војска објави дека го завршила најновиот бран напади врз цели во Иран, деветта ноќ по ред. Централната команда на САД (CENTCOM) објави на социјалната мрежа X во понеделник дека операцијата била насочена кон воени командни центри, објекти за воздушна одбрана и крајбрежен надзор, места за лансирање ракети и дронови, како и комуникациски мрежи. CENTCOM додаде дека целта на операцијата била дополнително да се ослабат воените ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обиде да биде во центарот на вниманието за време на вчерашното финале на Светското првенство во Њу Џерси. Само поради пристигнувањето на Трамп на натпреварот беа воведени ригорозни безбедносни мерки, што предизвика илјадници шпански и аргентински навивачи да чекаат со часови за да влезат, додека полицијата и службениците на Тајната служба кружеа околу самиот стадион. Трамп беше исвиркан ...
Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа на патот од граничниот премин Блаце кон Скопје, откако нивното возило било пронајдено превртено. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 јули 2026 година во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце–Скопје има превртено патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира ...
Фудбалската правда вечерва беше задоволена. Репрезентацијата на Шпанија по вторпат во својата историја ја освои светската титула, откако во финалето на Светското првенство, одиграно на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, по продолженија ја совлада Аргентина со 1:0. Европскиот шампион од самиот почеток покажа дека дошол да игра фудбал, за разлика од Аргентина, која речиси цел натпревар беше насочена кон одбрана и прекинување на играта. ...
Финалето на Светското првенство во фудбал отсекогаш било повеќе од спортски натпревар. Тоа е глобален телевизиски настан што го следат стотици милиони луѓе, а секој негов сегмент е внимателно осмислен за да стане дел од историјата. Годинава, ФИФА направи уште еден исчекор, воведувајќи официјално музичко шоу на полувремето, инспирирано од спектаклот што со децении го гледаат љубителите на американскиот Супербоул. Додека гледачите во голем дел ...
Иранската организација за атомска енергија (AEOI) денес објави дека американската војска започнала напад врз локацијата каде што се гради нуклеарната централа. – САД лансираа неколку ракети врз локацијата на нуклеарната централа Дарховаин во 3:39 часот по локално време во недела, кршејќи го меѓународното право, се вели во соопштението на иранската организација. Објектот се наоѓа во југозападен Иран. Претставниците на AEOI ги осудија ...
Две лица загинаа, а три деца се тешко повредени во ужасна сообраќајна несреќа на автопатот А45 во Хесен, Германија, кога автомобил што се движел во спротивна насока удрил во друго возило. Автомобилот што го возела 34-годишна жена во погрешна насока се судрил челно со возило управувано од 70-годишен маж во близина на Флорштат, соопшти Централната полициска управа, пренесе „Билд“. – Според првичните сознанија, жената влегла на автопатот А45 на ...
Бројот на жртви во војната меѓу САД и Иран се искачи на 16 откако уште двајца беа убиени во напад во Јордан, соопшти американската војска. Новиот инцидент покажува дека конфликтот не е ограничен само на копнени операции, туку дека голем дел од борбите се водат со употреба на беспилотни летала, ракети и авиони. Американските сили се распоредени низ целиот Блиски Исток, што ги прави другите земји во регионот мети на ирански напади откако ...
Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија Ал-Хадат, тврди дека врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не е во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше назначен за врховен верски водач на Иран кратко откако неговиот татко беше убиен во нападите меѓу САД и Израел на 28 февруари, оттогаш комуницира исклучиво преку писмени изјави и не се појави во јавноста. Неименуван извор изјави за Ал-Хадат ...
Лидерот на канадската покраина Онтарио, која се бори со шумски пожари што ги покрија делови од САД со чад, рече дека критиките на американската администрација кон Канада се „апсолутно неприфатливи“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда се закани со нови царини за канадски производи за „намерно занемарување“, обвинувајќи ги Канаѓаните дека „неправилно не ги одржуваат“ своите шуми. „Валкан, загаден и нездрав воздух непотребно влегува ...
Голем шумски пожар избувна денес во областа Милаки на грчкиот остров Евија, а во гаснењето учествуваат 28 пожарникари со девет возила, додека од воздух работат седум авиони и еден хеликоптер, објавија грчките медиуми. Локалното население добило СМС-порака за пожарот од надлежната служба 112, објави Катимерини. Пожарот избувнал денес во шумскиот предел Милаки, а во неговата близина има неколку расфрлани куќи. На противпожарната бригада во ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече срамниот билборд за влезот во Скопје „печатна грешка“. Ова не е печатна грешка. Печатна грешка е кога има грешка во текстот. Ова е графички производ со коњ со пет нозе, мост без крај и храм на Свети Сава од Белград наместо скопски пејсаж, велат од СДСМ. – Не е направено од графички дизајнер туку со вештачка интелигенција, без контрола и без елементарна проверка. Тоа што градоначалникот на главниот ...
Првите количини на пакувана вода што ги обезбеди Владата, од вечерва се делат на определени пунктови во Гостивар. Вечерва се испорачани првите 50 илјади литри вода во пластични шишиња кои делат на повеќе пунктови. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, кој дојде во Гостивар со првата пратка на вода, посочи дека во зависност од потребите може да се зголеми бојот на пунктови и да се отвораат и други. – ...
ТППЕ Струмица уште од раните утрински часови е ангажирана на гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот, објавија пожарникарите доцна попладнево. Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, чија механизација работи на затрупување на депонијата ...
Од 2022 до април 2026 година, Украина доби само околу 180 милијарди евра од 400-те милијарди евра воена и друга помош ветени од институциите на ЕУ и нејзините земји-членки, според извештаите на медиумите. Новата обврска од 140 милијарди евра, содржана во декларацијата усвоена по самитот на НАТО во Анкара, има за цел да ѝ обезбеди на украинската војска сигурност во планирањето, но и да испрати порака до Москва дека поддршката за Киев не ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека единиците на Украинската безбедносна служба (СБУ) извршиле напади врз три нафтени терминали во руската област Ставропол, додека единиците на украинските вооружени сили погодиле друг објект на нафтената индустрија во истиот регион. Растојанието на целите од државната граница на Украина било околу 600 километри, рече Зеленски, според УНИАН. – Продолжуваме да одговараме на руските ...
Ветувањето на НАТО да ѝ обезбеди на Украина 140 милијарди евра во следните две години би можело да биде недостижно, пишува швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (NCC), повикувајќи се на податоци од Килскиот институт за светска економија. Во декларацијата по самитот на алијансата во Анкара на 7-8 јули, лидерите на НАТО ветија дека ќе му обезбедат на Киев оружје и воена помош во вредност од 70 милијарди евра во 2026 година и барем исто ...
Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загина најмалку едно лице, а неколку други се повредени, јавува германската новинска агенција ДПА. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 Juli 2026 pukul 21:24:39 waktu setempat (19 Juli 2026 pukul 09:24:39 WIB). Episentrum gempa berada sekitar 14 km barat laut Huancayo dengan kedalaman 22 km. Hingga saat ini, sedikitnya 5 ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ја повика Куба веднаш да ослободи повеќе од 700 политички затвореници, откако истакнатиот кубански дисидент и уметник Луис Мануел Отеро Алкантара пристигна во Мајами по пет години поминати во затвор. Рубио потврди во соопштение дека Отеро Алкантара пристигнал во Соединетите Држави, објави Ал Арабија. „Апелираме за итно ослободување на повеќе од 700 неправедно притворени политички затвореници што ги ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила еден од најмасовните напади со балистички ракети врз Киев и неговата околина, лансирајќи повеќе од 40 ракети од различни видови, како и 120 дронови, во кои едно лице е убиено, а 16 се повредени. Зеленски на платформата X изјави дека интервенциите на службите за итни случаи продолжуваат на три локации, со распоредување на речиси 600 припадници на службата. „Исто така е ...
Палестинската власт на Западниот Брег соопшти дека израелските доселеници го нападнале селото Тувани на Западниот Брег во јужната област Хеброн Хилс и, според извештаите од местото на настанот, запалиле џамија и палестинско возило. Снимките што кружат на социјалните мрежи ја покажуваат Давидовата ѕвезда насликана на надворешниот ѕид на џамијата, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека нема извештаи за повредени. Полицијата соопшти дека ...
Иран успеа да извезе приближно 70 милиони барели нафта во вредност помеѓу пет и шест милијарди долари за време на суспензијата на американските санкции, објави американскиот весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на податоци од невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според податоците достапни на оваа организација, помеѓу средината на јуни и средината на јули, околу 20 ирански танкери се упатиле кон Азија. На 22 јуни, ...
Распоредувањето на американските ракетни системи „Тајфун“ на територијата на Јапонија претставува директна закана за далечните источни граници на Русија, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко. Тој рече дека Русија „внимателно ги следи напорите на јапонската страна за проширување на воената активност“, објавува порталот Sputnik.rs. – Веруваме дека отстапувањето на територијата на Токио за распоредување ...
Најголемата предност на Европа во однос на Русија, Кина и Иран лежи во нејзината способност да мобилизира приватен капитал и да го насочи кон развој на одбранбени технологии, изјави Клаус Хомелс, основач на фирмата за ризичен капитал „Лејкстар“ и претседател на одборот на директори на Фондот за иновации на НАТО. Хомелс во интервју за „Фајненшл тајмс“ истакна дека нарачките од државните и воените структури играат клучна улога во ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека ја прогласиле целата област околу Појасот Газа за затворена воена зона пред масовниот марш на десничарската група која се стреми кон повторно воспоставување на израелски населби во окупираната палестинска енклава. Затворената зона, која е во сила од 8 часот наутро денес до 8 часот наутро во понеделник, ја опфаќа целата област околу Појасот Газа, од Јад Мордехај, северно од енклавата, ...
Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) Кирил Дмитриев денес изјави дека големата енергетска криза повторно се влошува поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток. „По кратка пауза, најголемата енергетска криза во човечката историја продолжува поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток“, напиша ...
Центарот за јавно здравје Тетово – епидемиолошка служба Гостивар попладнево прогласи епидемија во Гостивар. – Поради зголемен број заболени, надминување на лимитот на неделно ниво пријавуваме епидемија на подрачје на Гостивар. Редовно ја следиме состојбата, анкетираме заболени пациенти, се преземаат мерки, информираа од службата. Состојбата и натаму се следи на дневно ниво, а бројот на заболени со стомачна инфекција покажува раст. Во ...
Јирген Клоп официјално ќе ја преземе функцијата селектор на Германија следната недела, ривал на Србија во Лигата на нации, објави денес германскиот радиодифузер „Скај Спорт“. Според „Скај Спорт“, сите детали од соработката меѓу поранешниот менаџер на Ливерпул и челниците на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ) се финализирани и се очекува Клоп официјално да биде назначен за тренер на „панцерите“ следната недела, најверојатно во среда. ...