Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“. ...

Основното јавно обвинителство Гостивар ќе побара определување мерка притвор за тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Станува збор за в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Даути и техничкиот директор Леон Мезини. Од Обвинителството на денешниот брифинг во Гостивар соопштија дека тројцата се осомничени за тешки дела против ...

Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање резидентна Амбасада на Индија во земјата, но и зајакнување на економската соработка – биле дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината индиска колешка Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Ова е прва посета на индиски ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Гостивар побара одговори од надлежните институции за реакцијата во здравствената криза, прашувајќи зошто не било постапено порано кога почнал да расте бројот на заболени граѓани. Филипче оцени дека случајот отвора сериозни прашања за навременоста на институционалните мерки и одговорноста на здравствените власти. „Зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата не се истражило добро на што ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Гостивар побара одговори од надлежните институции за реакцијата во здравствената криза, прашувајќи зошто не било постапено порано кога почнал да расте бројот на заболени граѓани. Филипче оцени дека случајот отвора сериозни прашања за навременоста на институционалните мерки и одговорноста на здравствените власти. „Зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата не се истражило добро на што ...

Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар откога Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“. Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП ...

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент, поради здравствената состојба, бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје – информира директорот на Општата болница во Гостивар, Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а на Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Индиската ...

Последниот извештај за квалитетот на водата за пиење во Гостивар, изработен од Центарот за јавно здравје – Гостивар на 13 јули, покажувал дека водата е безбедна за употреба. Само три дена подоцна, на 16 јули, институциите ги откриле нелегалните пумпи на водоводниот систем, во момент кога во гостиварските болници веќе беа пријавени стотици случаи на труење. Ова денеска го потврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер ...

Дел од домашната научна јавност смета дека јавната дебата за рударството треба да се темели на современите технолошки решенија, а не на искуствата од минатото. Професорот Благој Голомеов од Факултетот за природни и технички науки во Штип нагласува дека денешните технологии овозможуваат контролирана и безбедна експлоатација на минералните суровини. Во контекст на проектот „Иловица – Штука“, тој оценува дека технолошкиот процес за ископ и ...

– Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива. Во ревизорскиот извештај се наведува дека е изразено мислење без резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење со резерва за усогласеноста со законите, ...

Левица обвини дека наодите на Основното јавно обвинителство Гостивар ја покажуваат, како што велат, „чудовишната димензија“ на случајот со загадената вода за пиење во Гостивар и побара истрагата да се прошири и кон сите институции што имале надлежност да реагираат. Од партијата наведуваат дека, според обвинителството, во водоснабдителниот систем со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, со високо присуство на ...

– Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика повеќе пожари, материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Кумановските пожарникари вчера интервенирале во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснеле опожарена куќа и пожар на житни површини. Дополнително, тие отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот Октомвриска револуција, а интервенирале ...

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да ...

Украинците извршија моќни ракетни и беспилотни напади врз неколку руски региони. Експлозии беа пријавени во Липецк, Белгород, Волгоград и Анапа, како и на територијата на окупираниот Кримски полуостров и градот Мариупол, а пожари избувнаа на неколку локации, пишува prm.ua. Според информациите од руските канали на Телеграм, откако беше прогласена ракетна закана во Липецк, избувна пожар во близина на металуршкиот комбинат Новолипецк и ...

Цевките преку кои, според истрагата, во системот за водоснабдување во Гостивар се внесувала загадена површинска вода, биле во употреба од 25 јуни до 16 јули, односно цели 22 дена, покажуваат наодите на Основното јавно обвинителство Гостивар. Истрагата е отворена против директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи. Тие ...

Пентагон бавно објавува бројки за ранети американски војници во војната со Иран и избегнува јавно да ги потврди последиците од иранските напади. Вкупните бројки се објавуваат на веб-страницата на војската, но со задоцнување од неколку дена или недели. Службениците објаснуваат дека ова е за заштита на припадниците на војската, пишува CNN. Централната команда на САД (CENTCOM), која управува со воените операции, редовно пријавуваше повреди. ...

Претседателот Володимир Зеленски се соочува со една од најсериозните политички кризи од почетокот на руската инвазија, предизвикана од протестите против разрешувањето на министерот за одбрана Михајло Федоров. Протестите во Киев траат веќе пет дена, предизвикани од разрешувањето на популарен министер кој често се судираше со военото раководство околу модернизацијата на армијата. Тие се најдолгите континуирани протести директно поврзани со ...

Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата се очекува да се движи од 12 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје, исто ...

Според податоците од Центарот за податоци за Северна Македонија на Светската банка, годишната стапка на инфлација во Северна Македонија (мерена според индексот на потрошувачки цени, CPI) изнесувала 4,8% во мај 2026 година, што е пад од двегодишниот максимум од 5,7% во април. Инфлацијата на храната останала на 4,7%, додека базичната инфлација била 4,0%. Понатаму, индексот на цените на производителите (PPI) се зголемил за 4,4% на годишно ниво ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...

Повозрасна жена од Романија со децении користеше голем камен како држач за врата, не сфаќајќи дека поседува едно од највредните природни богатства некогаш пронајдени во таа земја. Дури по нејзината смрт откриено е дека станува збор за огромен примерок од килибар, чија вредност се проценува на околу еден милион евра. Ова необично откритие се случи во селото Колци, во романскиот округ Бузау – област позната по наоѓалишта на посебен вид ...

М.В.(29) од Аранѓеловац е уапсена под сомнение дека избодела маж (56), потврди за РТС Вишото јавно обвинителство во Крагуевац. Според неофицијални информации, станува збор за емотивни партнери. Како што се дознава, осомничената наводно го прободела двапати со нож во пределот на левата страна од градниот кош. Осомничената за кривично дело обид за убиство е приведена до 48 часа. Таа ќе биде приведена во Вишото јавно обвинителство во Крагуевац ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот му се закани на Иран со жестока одмазда по смртта на уште тројца американски војници во конфликтот што ескалира. „Секогаш кога Иран ќе убие американски војник, тие скапо ќе платат за тоа убиство – повеќекратно!“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. „Оваа директива е испратена до секретарот за одбрана Пит Хегсет, началникот на Здружениот штаб Даниел Кејн и до секој воен ...

Фудбалерите на Аргентина загубија со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Аргентинците не успеаја да ја одбранат титулата светски првак, откако одиграа еден од најслабите натпревари во историјата на финалињата на Светското првенство. Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи на Инстаграм по поразот. Неговата објава собра милион лајкови за само неколку минути. „Болката е огромна и ќе биде потребно време оваа рана да ...

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил. Владата, како што посочи министерката за финансии, продолжува со ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ...

Полицајци денеска уапсија 62-годишен возач од Прилеп кој на автопатот Велес – Скопје управува товарно возило под дејство на алкохол и вршеше вонгабаритен превоз без потребното одобрение. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, контролата е извршена околу 08:40 часот, кога било запрено товарно возило „Волво“ со прилепски регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека возачот превезува работна машина – дигалка со ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32