Граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“ организира протестен марш. Од иницијативата велат дека протестот се организира поради сериозни недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата „Титан Усје“. Од компанијата, пак, тврдат дека работат транспарентно и во согласност со законските обврски. Велат дека во изминатиов период инвестирале во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, ...

Државата планира да потроши 744 милиони евра повеќе отколку што ќе собере. Но, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска уверува дека парите нема да завршат во тековни трошоци. Владата го усвои ребалансот на буџетот, со кој се обезбедуваат дополнителни 94 милиони евра за капитални инвестиции, за патишта, железници, водоводи, училишта и проекти во општините. Најголем дел од овие пари ќе бидат насочени кон животната средина, ...

Извештајот на Државниот завод за ревизија укажува на слабости во ПИОМ. Слабости во работењето на Фондот, недостиг на кадар, проблеми со евиденција на имот, пописни неправилности и слабости во јавните набавки. Ревизорите утврдиле дека оствареното зголемување на приходите во 2024 година не е доволно за покривање на расходите за пензии кои секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат околу 1 500 евра. Во 2024 година учеството на ...

САД најавија 60-дневно изземање од санкциите за Иран, со кое се дозволува продажба и испорака на иранска нафта до 21 август, додека Техеран го демантира тврдењето на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека ќе дозволи враќање на нуклеарните инспектори. Двете страни различно ги толкуваат досегашните резултати од преговорите. Вашингтон вели дека е постигнат напредок кон можно финално решение. Џеј Д. Венс – потпретседател на САД ...

Трговците имаат рок од три дена да направат предлог список на производи на кои ќе им ги намалат цените и истиот ќе го испратат во владата на одобрување. Ова е заклучокот од синоќешниот состанок помеѓу претставници на големите ланци на маркети, дел од производителите на прехранбени производи и премиерот, министерката за финансии, директорот на пазарна и останати владини функционери. Информациите до кои дојде Телевизија 24 велат дека премиерот ...

Мицкоски го информирал НАТО за објавената дипоматската нота, порача – состојбата со Бугарија се радикализира. Ова е реакцијата на премиерот, откако беа објавени информации од дипломатски допис - каде македонската амбасада во Софија го информира бугарското МНР за патување на семејството на премиерот во Пампорово, Бугарија, на почетокот на годината. Според Мицкоски – постапката е дипломатски преседан. Изјави дека од Бугарија доаѓаат потези кои ...

Една година од одлуката за спомен-обележјето — време е за одговори. Здружението „16-ти Март 2025 – Кочани“ бара одговори од институциите за реализацијата на спомен-обележјето во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“. Имено, родителите на трагично загинатите во катастрофалниот пожар потсетуваат дека лани во Собранието беше прифатен амандман со кој беа обезбедени два милиони денари за подготовка и почеток на активности за изградба на ...

Откако министерството за финанси одби да даде нови согласности за работен ангажман за дел од медицинскиот персонал на детската клиника, директорот Реџеп Мемеди денеска на прес конференција сподели дека ситуацијата со дефицитот на кадар е и повеќе од алармантна до толку што Одделот за имунологија се спојува со Одделот за пулмологија бидејќи нема медицински сестри.Но И покрај намалениот капацитет за прием на деца тој уверува дека не се враќа ...

По низата реакции за енормното поскапување на лекот Фостер – денеска се огласија и од фирмата увозник. Оттаму за ТВ 24 велат дека преговараат директно со производителот, но и со Фондот за здравствено осигурување за да се најде решение откако цената од триста скокна на илјада и осумдесет денари со рецепт. ПРОВИДЕНС - ПРЕТСТАВНИШТВО ЗА ЛЕКОВИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Со направеното усогласување на цената, дојде до зголемување на партиципацијата ...

Продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за сите граѓани на Република Македонија ќе овозможи ребалансот на Буџетот за 2026 година што денеска го усвои Владата, информира министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Ребалансот, според неа, претставува внимателен баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...

Фатмир Лимани надвор од Илинденска , Игор Филков надвор од правда, – ова според инфомациите на ТВ 24 од извори од Вреди е единственото начално договорено досега меѓу Христијан Мицкоски и двоецот Изет Меџити и Билал Касами . Останатите опции кои се на маса, ротации на министерства , но и кадри се очекува да се дебатираат на вечерашниот останок месѓу нив. Според неофицијалните информации на ТВ 24 опции кои Кадами и Меџити би ги ставиле на маса ...

Комисијаta за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во македонското Собрание ја почна амандманска расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност. На првиот ден од амандманската расправа, беа разгледани два од вкупно поднесени 30 амнадмани кои се разгледуваат пред матичната собраниска комисија за законот кој е во второ читање. -Сите амандмани од опозицијата не се амандмани за да се најде решение или нешто подобро, ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска порача дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијата, нагласувајќи дека јасните, дигитални и следливи процедури го намалуваат просторот за субјективност и коруптивно однесување. На настанот по повод одбележувањето на Денот на јавната администрација, Министерството за дигитална трансформација го освои ...

Негласањето на предлог-измени на Законот за локална самоуправа во македонско Собрание е исклучиво политички инает, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој денеска одговори на новинарско прашање зошто не се донесени законските измени и дали се размислува да ги повлечат и да се предложат нови решенија, кои би биле прифатливи за опозицијата. Тој порача дека намера да го повлечи овој закон, додека е на оваа позиција, заради ...

Остануваме цврсто посветени на европските вредности, истакнал собранискиот претседател Африм Гаши во Софија. Од собраниската прес-служба попладнево информираа дека делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав на претседателот Гаши, како и пратениците Петар Ристески и Илир Демири, членови на делегацијата во ПС на ПСЈИЕ учествува во работа на 13. пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2026 година во ...

Додека профитите на трговците упорно удираат по џебот на граѓаните, државата се сети да го вклучи последниот аларм. По месеци толеранција, Владата ги става маркетите под лупа со ултиматум – или итно и доброволно кратење на профитите кај основните производи, или јавно жигосување и ригорозни санкции. Граѓаните со коишто поразговаравме велат дека мерката можеби е добра но се скептични дека ќе вроди со плод и пониски цени. Владата и најголемите ...

Пред една година, на 18.06.2025, во Собранието беше прифатен амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, со кој беа обезбедени 2.000.000 денари како првични средства за идејно решение и отпочнување активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во „Пулс“. Во самото образложение беше наведено дека барањето е координирано со ...

Малолетниците кои кршеа лулашки во детското игралиште во аеродром се повикани во полициска станица заедно со нивните родители, а ќе им биде поднесена и соодетна пријава за уништување на урбана опрема од општината – ова денеска го изјави градоначалникот откако биле затекнати на игралиштето зад ТЦ „Три бисери“ , каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот. Малолетниците кои кршеа лулашки во детското игралиште во ...

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование, во првиот јунски уписен рок, имаат нова можност. Денеска е второто електронско пријавување. Утре пак, ќе се доставува потребната документација. Има околу 12 илјади слободни места. Ранг-листите со резултатите од запишувањето ќе бидат објавени в четврток. Министерката јаневска денсека се осврна и на земјоделското училиште во битола каде само тројца ученици се запишале. Учениците кои ...

Од денес ќе има прекин на системот „Мој ДДВ“, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Прекинот во работата, додаваат од УЈП, е поради планирани активности за унапредување на ИТ-инфраструктурата на Управата. „Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата“, велат од УЈП. Оттаму додаваат дека системот ќе биде повторно ставен во функција по завршување на ...

Соединетите Американски Држави привремено ги укинаа санкциите за извоз на иранска нафта по вчерашната прва рунда разговори за прекин на конфликтот. Министерството за финансии на САД вчера издаде 60-дневно ослободување од санкции, отворајќи го патот за производство, испорака и продажба на иранска нафта во САД. Потегот уследи по позитивните извештаи од медијаторите и потпретседателот на САД, Џеј ди Венс, за позитивен напредок во разговорите ...

Западна Европа е погодена од топлотен бран за кој се очекува да ги сруши температурните рекорди. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени. Најмалку 18 лица починаа во Франција, вклучувајќи две деца што биле оставени во автомобил. Училиштата во Франција се затворени или распоредите се променети, а метеоролозите во Велика ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево организира протестен марш во Скопје поради, како што велат, барањето на цементарницата „Титан Усје“ за продолжување на А-интегрираната дозвола по застарените стандарди. Протестот ќе се одржи под слоганот „Не за нова дозвола за Усје по стари правила“. Почетокот е закажан во 18 часот пред зградата на Собранието до Министерството за животна средина и просторно планирање. Од иницијативата велат ...

Вонредна состојба прогласена во градот Мостар во БиХ, поради големиот пожар на местото за отстранување на отпад во близина на Мостар, кој ги зафати и службените простории и местото за отстранување на гуми. Квалитетот на воздухот е сериозно загрозен, па затоа градските служби издадоа предупредување до граѓаните и им препорачаа да избегнуваат престој на отворено. Градските власти предупредија дека материјалите горат во подлабоки слоеви на ...

Електронско гласање на дијаспоратана парлламентарни избори со повеќее заштитни механизми – со отворена дилема дали ќе се остане седмата изборната изборна единица или или гласовите ќе се прелееат во постојните. Процентот на финанисрање на платеното политичко рекламирање, бројот на галсови за независни пратенчички листи, но и дополнителни механими за ДИК во однон на одлуката за прегласување – ова според извори на ТВ 24 во работната група на ...

Бугарската претседателка Јотова и премиерот Радев нема да можат да спијат вечерва од предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за тоа дека можеби би требало да постои механизам на притисок па дури и закана што би се однесувала на статусот на членка во Советот на Европа, за Бугарија да ги прифати пресудите на Судот во Стразбур за ОМО Илинден Пирин, изјави во Аргумент плус новинарот Бранко Героски. Бугарската претседателка Јотова и ...

Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди ...

Сточарите од пелагонискиот регион најавуваат протести и блокади доколку не им бидат исплатени субвенциите по грло говедо за 2025 година и премијата за предадено литар млеко во преработувачки капацитети од ланскиот јуни. Имено, Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на 30ти јуни на протестот во Битола со блокада на подрачната ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.9
41%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
46%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
45%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.35
37%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.54
67%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.66
52%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
57%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
35%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
6.69
88%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Бакар

13.28

Цинк

0.00

Сребро

2080.30

Алуминиум

3.25

Злато

140678.81

Паладиум

41731.67

Кобалт

45.39

Платина

56103.05

Рутениум

53852.50

Калај

56.34

Родиум

282926.57

Иридиум

252383.36