Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Контроверзната ѕвезда на платформата Онлифанс, Бони Блу, објави дека е бремена и најави дека планира активно да ги вклучи своите обожаватели во текот на бременоста. Најголемо внимание привлече нејзината идеја името на нероденото дете да го стави на аукција, при што правото за избор би му припаднало на оној што ќе понуди највисока сума, пишува „Јаху“. Блу, која стана позната по контроверзни тврдења од нејзиниот приватен живот, изјави дека ...
По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, НУЦК „Ацо Шопов” – Театар Штип ќе го одбележи овој значаен датум со изведба на комедијата „Случајната смрт на еден анархист” од Дарио Фо. Настанот ќе се одржи на 27 март 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Театар Штип, а влезот ќе биде слободен за публиката, со претходна резервација поради ограничен број на места. Станува збор за една од најпопуларните претстави на репертоарот, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран дозволува премин на дел од нафтените танкери низ Хормушкиот теснец како знак на добра волја во контекст на преговорите за завршување на војната. Според Трамп, Техеран дозволил премин на десет танкери низ стратешкиот теснец, што американскиот претседател го нарекол „подарок“ со кој Иран покажува сериозност во преговорите. Трамп изјави за новинарите дека Иран првично најавил премин на ...
На 25-годишната Ноелија Кастиљо Рамос од Шпанија ќе ѝ биде извршена евтаназија. Таа за овој процес чекаше пет судски инстанци, од кои последната беше Европскиот суд за човекови права, да се изјаснат за нејзиниот случај. Сите пресуди беа во нејзина корист. Противењето на нејзиниот татко, советуван од ултракатоличка група, доведе до постојано одложување на ситуацијата. Во вторникот европскиот суд стави крај на правната битка: евтаназијата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека добил извештај од Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во кој се наведува дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е хомосексуалец. „Њујорк пост“ прв ја објави информацијата на 16 март, наведувајќи дека ЦИА верува дека неговиот убиен татко, Али Хамнеи, верувал дека хомосексуалноста на неговиот син го прави несоодветен наследник на позицијата врховен лидер. Според „Њујорк ...
Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол, двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во ...
Бездомни кучиња во Куманово можат да се видат во што поголем број. Во последните три години поднесени се 200 тужби за каснувања од улични кучиња. Од нив 80 предмети се правосиилно завршени а 120 се во постапка пред повисоки судови. ,,За 2024 година исплатен е износ од 2.540. 956 денари, за 2025 година износ од 3.942. 896 денари” – наведуваат од општина Куманово. Општина Куманово распиша тендер, на кој е избран операторот ветеринарна ...
Најновата емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја отвори една од најсериозните теми за состојбите во државата – концептот на „заробена држава“, термин кој веќе се појавува и во извештаите на Европската комисија за Македонија. Во гостувањето, Слаѓана Тасева од Transparency International објасни дека ваквата состојба подразбира институции кои не работат во интерес на граѓаните, туку се ставени во функција на политички и бизнис елити. Како што ...
Поранешните членови на Државната комисија за спречување корупција, Слаѓана Тасева и Шемши Салаи, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја отворија клучната дилема – зошто големите корупциски афери ретко добиваат судска разрешница. Тие појаснија дека јавноста често има погрешни очекувања од ДКСК, мислејќи дека Комисијата има истражни овластувања и може да „апси“. Во реалноста, нејзината улога е претежно превентивна и аналитичка, без ...
Голем дел од предметите поврзани со корупција остануваат без судска разрешница, предупреди Шемши Салаи. Тој истакна дека институциите често не постапуваат навремено, што доведува до одолговлекување на постапките и избегнување на одговорност. Според него, во многу случаи нема конкретен епилог, а јавноста останува без одговори за големите афери. Салаи нагласи дека еден од клучните проблеми е недостатокот на политичка волја, што овозможува ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Дубаи, Африка, Харис Џиновиќ, Башановиќ, лични навреди и црна пропаганда – тоа е целиот дефокус на ВМРО кога треба да избега од скандалите или да одговори за реалните проблеми на граѓаните со високите сметки и цени, порача Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во дебатата на ТВ 21. Фрчкоски оцени дека власта на Мицкоски нема одговор ниту за високите сметки, ниту за поскапувањата, ниту за кризата во ...
Синоќа се одиграа првите плејоф мечеви за пласман на СП 2026 во фудбал. Македонија убедливо беше совладана од Данска со резултат од 4:0 а во исто време плејоф натпревари играа и нашите соседи Албанија и Косово. Албанија беше поразена од Полска, додека Косово направи изненадување и ја совлада Словачка на гостински терен. По завршување на натпреварите со реакција на социјалните мрежи се јави градоначалникот на Тетово, Билал Касами. „Само ...
Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година) доживеа тежок пораз од Италија во квалификациите за Европското првенство, откако во Емполи загуби со 4:0. Со овој резултат, македонскиот тим по седум кола останува со само една победа и зазема петто место во групата Е. Домаќинот Италија поведе уште во третата минута со голот на Шер Ндур. Во почетокот од второто полувреме противникот за само две минути постигна два гола, Лука Липани ...
Американската компанија-сопственик на „Фејсбук“, „Мета“, и видеоплатформата во сопственост на „Гугл“ – „Јутјуб“ добија неповолна пресуда во судскиот процес во врска со потенцијалот за зависност од интернет-услугите. Поротниците во Судот во Лос Анџелес дојдоа до заклучок дека платформите биле небрежни и не ги информирале соодветно корисниците за ризиците и опасностите, пренесуваат западни медиуми. Судот ѝ досуди на 20-годишната тужителка ...
Високиот крвен притисок е проблем што го засега голем број луѓе и може значително да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Иако често се нагласува дека треба да се намали солта во исхраната, експертите истакнуваат дека причините за покачениот притисок се подлабоки од само тоа. „Натриумот е еден од клучните фактори кои можат да се контролираат и кои директно влијаат на крвниот притисок“, објаснува д-р Дејвид Л. Кац за ...
Бродовите што пловат низ Ормуската Теснина сè почесто мора да го усогласуваат својот премин со иранските власти, а растечките ризици и наглиот скок на трошоците за осигурување ги менуваат правилата на сообраќајот во овој клучен воден пат. Пристапот за многу пловила веќе не е загарантиран, а одлуките за патување сега зависат од процената на безбедносните закани, трошоците и координацијата. Тајланд неделава објави дека еден негов танкер ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика Иран да „се вразуми пред да биде предоцна“. „Иранските преговарачи се многу поинакви и чудни“, рече тој нагласувајќи дека во отсуство на договор „нема да има враќање на старото и нема да биде убаво“. „Тие нè преколнуваат да склучиме договор, што и треба да го сторат бидејќи се воено уништени, без никаква шанса за закрепнување, а сепак јавно изјавуваат дека само ’го разгледуваат ...
Украинскиот претседател Зеленски ги повика европските земји да усвојат закон што ќе овозможи таканаречената „сенка флота“ на Русија да биде блокирана во нивните води и да биде запленета руската нафта. „Потребна е заедничка акција за да се создадат силни закони во Европа што ќе им овозможат на земјите да ги запираат руските танкери и да ја запленат нафтата“, рече Зеленски во видео обраќање до лидерите на Заедничките експедициски сили (JEF) ...
Американскиот претседател нагласи дека има шанса да се постигне договор меѓу Украина и Русија за да се реши конфликтот. Тој потврди дека САД вложуваат напори за тоа. „Мислам дека ситуацијата малку се смирува и мислам дека имаме шанса да го доведеме ова прашање (постигнувањето договор) до крај. Работиме напорно за да го решиме“, рече американскиот лидер. Шефот на Белата куќа нагласи дека решавањето на украинската криза би било чест за ...
Според рускиот претседател тешко е да се предвидат последиците од конфликтите на Блискиот Исток. Смета дека нивното потенцијално влијание веќе се споредува со последиците од пандемијата на ковид-19. Според него, конфликтот предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става под силен притисок компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива „Сè уште е тешко ...
Врховниот суд на Финска ја прогласи пратеничката Паиви Расанен за виновна за поттикнување омраза откако ја нарече хомосексуалноста „развојна нарушеност“, во пресуда која предизвика критики од министри од крајната десница во владата и повторно ја отвори дебатата за границите на слободата на говорот. Расанен, лекарка и членка на партијата на Христијанските демократи, ги изнесе овие тврдења во брошура која првпат беше објавена во 2004 ...
Храбра продавачка во мостарската населба Залик спречи обид за грабеж на продавница, спротивставувајќи му се на напаѓач вооружен со автоматска пушка, јавија локалните медиуми. На снимките од надзорните камери се гледа како маж облечен во црна јакна влегува во објектот, а по кратко време од под јакната вади автоматска пушка. Наместо да се повлече, вработената застана пред него, по што дошло до турканица и борба за оружјето. Напаѓачот во ...
Силно невреме со грмежи и обилен град попладнево ги погоди деловите на Херцеговина. Најпогодени се подрачјата на Широки Бријег и Груде, каде за многу кратко време падна огромно количество град. Сообраќајот беше во целосен прекин или се одвиваше со големи потешкотии. Локалните медиуми пренесуваат снимки на кои се гледа како патиштата се прекриени со слој мраз, додека возачите биле принудени да ги запрат своите возила поради екстремно ...
За девет години, бруто-домашниот производ (БДП) на Бугарија успеал речиси да се удвои, достигнувајќи вредности кои значително го менуваат економскиот пејзаж на нашиот источен сосед. Овој раст се припишува на комбинација од фактори, вклучувајќи го приливот на европски средства, зголемениот извоз и привлекувањето на странски инвестиции, особено во ИТ секторот и производството. Економските индикатори покажуваат нагорен тренд кој ја ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...
На 26.03.2026 во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затвореното одделение-амбуланта. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. На 26.03.2026 во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата” ...
На 25.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, Ј.И.(27) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде извршувал работни задачи како болничар, бил физички нападнат од негов колега болничар Ф.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, Ј.И.(27) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот во Ургентниот центар при Комплексот клиники ...
Сообраќајна несреќа се случи пред малку на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром. Џип удрил во возач на електричен тротинет, а поради увидот, за сега, сообраќајот се одвива отежнато. До овој момент нема информации за здравствената состојба на возачот на тротинетот. View this post on Instagram A post shared by 24 info (@24info.mk) Сообраќајна несреќа се случи пред малку на улицата „Владимир Комаров“ во скопската ...