Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Екипите на Пари Сен-Жермен и на Астон вила вечер ќе се борат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија со почеток во 21 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите во 2025/26 година, додека Астон вила ќе игра како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни носители на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. Екипите на Пари Сен-Жермен и ...
Необичен инцидент повторно ги вознемири капачите во Каштел Лукшиќ во Хрватска, откако млад човек бил каснат од голема морска желка додека се наоѓал во водата. Инцидентот се случил во неделата на плажата „Миљенко и Добрила“. Според сведоштвата на присутните, желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот, при што му нанела повреда која крвавела. По нападот веднаш била побарана медицинска помош. ...
Денешниот ден носи засилени емоции, потреба за расчистување на старите дилеми и можност некои работи конечно да се придвижат од мртва точка. Кај дел од знаците во центарот на вниманието ќе бидат љубовта и односите, додека други ќе мора да се посветат на работата, парите и одлуките кои долго ги одложувале. Некои ќе добијат вест што ја очекувале, други ќе се соочат со личност од минатото, а за неколку знаци 12 август може да донесе сосема ...
Соопштение на Левица: Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето”. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени ...
Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се венча со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез. Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени. Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и ...
МВР трага по 52-годишниот Љупчо Стојановски, чие исчезнување било пријавено вчера во СВР Скопје. Според информациите од семејството, тој исчезнал на 6 август, а последен пат бил виден на подрачјето на Ново Лисиче во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање. „На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
Без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Карпош и Петровец. – во периодот од 08:30 до 13:00 часот, во населба Момин Поток, поточно на ул. Калош Дани, фирмите Стил Железо,Синтекс, Европа 92 ( Oпштина Карпош ) – во периодот од 09:00 до 13:00 часот, објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец ( Oпштина Петровец ) – во периодот од 09:00 до 14:00 часот, главниот објект на ЈП Паркови и Зеленило ( Oпштина Карпош ) Без ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, во врска со кривично дело „кражба“. Според информациите од полицијата, на 3 март 2026 година, Т.М. во СВР Тетово пријавил дека два дена претходно, на 1 март, од неговиот дом биле одземени околу 3.500.000 денари. Во пријавата тој ги посочил сопствените дедо и баба, тврдејќи дека тие ги ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт ...
ДУИ на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији, соопштија денеска од Мала Речица. „Со Аркин целиме кон поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за секое населено место и за секој граѓанин. Заедно, со поддршка од граѓаните, ќе работиме за подобра иднина на Брвеница. Веруваме дека Брвеница има голем потенцијал и ...
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана” во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор”, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во една демократска и правна држава, довербата во институциите не се создава само со тоа што тие носат одлуки. Таа се создава тогаш кога секој граѓанин може да разбере како, врз основа на кои правила и според кои принципи тие одлуки се донесени. Тоа особено треба да важи за пензискиот систем. Тој не е само механизам преку кој секој месец се исплаќаат пензии. Тој е систем во кој со ...
Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче”, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење, велат од Град Скопје. „Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка. Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат ...
Соопштение за јавност на Левица: Вработените во МВР повторно остануваат без здравствено осигурување, па полициски службеници се враќаат од лекарски прегледи, дијагностички процедури, хемотерапија, па дури и операции. Додека власта се расфрла со милиони за „безбедноста”, набавки, опрема и НАТО-стандарди, повторно заборава на најважниот дел од безбедносниот систем – луѓето кои треба да ја обезбедуваат таа безбедност. Уште поскандалозно е ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” во врска со кривично дело „кражба”. На 03.03.2026 во СВР Тетово, пријавениот лажно пријавил дека на 01.03.2026 во неговиот дом, неговите дедо и баба одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради ...
Интегрален текст од прес-конференција на ВЛЕН: Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал. Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот договор. Не во потписите што ...
На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска” во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500″ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...
Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“. Независниот полициски синдикат потврди дека повторно се појавил проблем со здравственото осигурување на вработените и побара итно решение. На вработените кои побарале здравствена услуга им било кажано или ...
На ден 11.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, а 6 пожари се изгаснати, информираат од ЦУК Активен пожар: Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Пожар под контрола: Општина Делчево – градска депонија (депонија). Изгаснати пожари: Општина Виница – с. Блатец (ниска ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара (Турција) користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“. Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран. ...
На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на ...