Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч. Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи појасни дека наведената толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но ...
„Правилата за толеранција односно безбедносните разлики кои мора да се одбијат за конкретен прекршок да биде формално правно издржан се и сега регулирани во Правилникот од областа на метрологијата и кои, согласно разговори со експерти и луѓе од струката, мислам дека ќе прифатиме да останат истите. Тие се важечки и сега“, изјави министерот за внатрешни работи во интервју за „Топ тема“ Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека ...

