Како брат почувствував потреба да го довршам она што го почна татко ми. Се активира барањето за развод, а Катја и Ивана требаше да останат кај мајка ми во станот. Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот, ѝ барал 30.000 евра да му даде за да си оди, за што сестра ми побара од мене да ѝ помогнам. Се согласив, ѝ реков дека мора да бидеме сигурни дека нема парите да ѝ се земат и ништо друго да не се случи – сведочеше ...

Како што посочи братот на Ивана, Александар Стојановски, таа била изложена на континуирани закани, уцени и страв од сопругот, обвинетиот Стојанче Јовановски, кој се обидувал да го преземе нејзиниот имот. Брат ѝ нагласи дека Ивана не се враќала доброволно кај сопругот, туку поради страв за сопствениот живот и за безбедноста на ќерката Катја. Одговарајќи на прашања на јавната обвинителка, сведокот го опиша односот меѓу сопружниците посочувајќи ...