Џорџ Расел имаше најдобар ритам на последниот тренинг пред квалификациите на трката за Големата награда на Каталонија, а Британецот го потврди таквиот статус и во најважната сесија за ова попладне. Квалификациите за трката во Барселона минаа во знакот на британскиот возач, кој после подолго време доби една битка со својот тимски колега Кими Антонели. Расел во последниот обид ја потврди доминацијата, а во финишот, Антонели падна и на третото ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Каталонија, откако беше најбрз во денешните квалификации. Британецот до најдоброто стартно место стигна со време од 1:14.679 минути, оставајќи го зад себе Луис Хамилтон во Ферари со минимален заостанок. За Расел ова е трета пол позиција сезонава, додека Хамилтон првпат по трансферот во Ферари обезбеди место во првиот стартен ред. Трето ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Барселона-Каталонија, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот стигна до најдобрата стартна позиција во „Каталонија“ со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Најблиску до двајцата најбрзи беше лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, кој беше три десетинки од секундата зад ...
Шарл Леклер ја отвори третата квалификациска сесија во Барселона со амбиции да ја освои пол-позицијата, но уште на почетокот излета од патеката и заврши во заштитната ограда. Членот на Ферари потфрли во клучен момент и во ситуација кога имаше реални шанси да се бори за првата стартна позиција, а овојпат не го обвини тимот, туку призна дека е потиштен по она што му се случи во квалификациите. – Како се чувствувам? Дефинитивно сум засрамен. – ...

