Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - На 03.07.2024 година во 18.00 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле В.С.(28) од тетовска Стримница. Тој бил баран со централна потерница за издржување на казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот ...
Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - На 05.07.2024 во 09.10 часот во Полициската станица Свети Николе, од Итната медицинска помош Свети Николе било пријавено дека кај нив дошол И.А.(44) од Свети Николе кој, според пријавеното, се здобил со повреди при работа со трактор. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полициски службеници од ОВР Свети Николе излегле на местото на настанот. СВР Скопје поднесе ...
Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари. По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и ...
Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - ОВР Кичево поднело кривична пријава против Ј.Л.(52) од кичевското село Зајас, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. При преглед во неговиот автомобил „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, соопштија денеска од МВР, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. На 04.07.2024 ...
Скопје, 4 јули 2024 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против У.А.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2019 година, пријавениот дошол на плац на лице во гостиварско и побарал да купи две машини во вредност од 26.500 евра, а за исплатата да се направи компензација со железо, дел да се платат на рака, а дел преку сметка од банка. За ова ...