Шкендија Арачиново, дебитантот во нашата елитна фудбалска лига не престанува да изненадува. Имено вечерва го промовираше своето најново засилување, а тоа е дефанзивецот Есин Хакај (29). Тој е некогашен репрезентативец на Албанија. Хакај има богата кариера што го вклучува дресот на Самсунспор во Турција, како и добро познатите албански клубови Влазнија и Партизани. Есин Хакај се приклучува на ФК Шкендија Арачиново за да донесе искуство, ...
Шкендија Арачиново се пофали со ново засилување откако доцна синоќа го официјализираше трансферот на Есин Хакај, 29-годишен албански интернационалец кој има и неколку настапи за својата репрезентација. Хакај има настапувано из а турскиот прволигаш Самсунспор како и за Влазнија, Eлбасан и за Партизани во албанскиот шампионат. „Левиот бек ќе ја засили оваа страна од нашата одбрана и ќе помогне со своето искуство за остварување на клупските ...
Шкендија Арачиново не тргна како што посакуваше во Првата македонска лига и веќе на самиот старт доживеа убедлив пораз од Струга Трим Љум (3-0), но тоа не го обесхрабрува новиот прволигаш кој се надева на позитивни резултати во иднина почнувајќи од мечот со Силекс. За таа цел доведе уште едно засилување и дефанзивец од Албанија, поранешен репрезентативец на оваа земја Есин Хакај. Станува збор за искусен играч од одбраната, фудбалер кој ...
Шкендија Арачиново и Силекс одиграа 1-1 во натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој двата гола паднаа од пенал. Домаќинот, кој своите натпревари ги игра на стадионот во Чаир, одигра храбар натпревар против фаворизираниот Силекс и стигна до првиот историски бод во елитното друштво. По почетната иницијатива на кратовчани, Шкендија постепено воспостави рамнотежа, а во 32. минута доби можност од белата точка. По ...
Кристал Палас официјално го потврди потписот со јапонскиот фудбалер Такехиро Томијасу, кој пристигнува во лондонскиот клуб со повеќегодишен договор. Деталите од соработката не се објавени, но англискиот премиерлигаш добива искусен дефанзивец кој може да покрива повеќе позиции во одбраната. Томијасу минатата сезона го носеше дресот на Ајакс во вториот дел од сезоната, а пред тоа беше дел од Арсенал, Болоња, Сент Труиден и јапонскиот клуб ...
Шкендија Арачиново и Силекс ремизираа 1-1 во натпревар исполнет со возбудувања, два досудени пенали, ВАР-интервенција и одлични интервенции на двајцата голмани. Првото полувреме донесе претпазлива игра со мал број шанси. Домашниот состав поведе во 32. минута, кога по досуден пенал капитенот Бесир Демири сигурно реализираше за 1-0. Тоа беше и првиот гол на Шкендија Арачиново во Првата македонска фудбалска лига. До паузата домаќините имаа ...
Во второто коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија Арачиново и Силекс одиграа драматичен натпревар на стадионот во Чаир, кој заврши без победник 1:1 (1:0). Во дуел со два досудени пенали, неколку прекрасни одбрани и ВАР-интервенција, двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод. Првото полувреме донесе претпазлива игра на двете страни и малку изгледни шанси, но домашните први го скршија мразот. Во 32 минута, по ...

