Невремето што од утрово ја зафати цела Грција со обилни врнежи од дожд и грмежи, снежни врнежи и во места со ниска надморска височина и силен ветер, резултираше училиштата во повеќе делови на земјата да останат затворени, да се воведат мерки за заштита на вработените, да се испратат предупредувачки пораки до граѓаните, а на трите атински пристаништа е воведена забрана за пловидба, јави дописничката на МИА од Атина. За претстојното невреме ...
Силно невреме се очекува денеска да ја зафати јужна Грција, па поради тоа ќе бидат затворени сите јавни и приватни основни и средни училишта, како мерка на претпазливост. Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за силен дожд и грмотевици во централна и јужна Грција, локално обилни врнежи од снег во планинските области на Тесалија и Северна Грција. Се очекува бурите да се интензивираат во источен и јужен Пелопонез, Атика, ...

