Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на театарот, 27 март. Возобновувањето на театарскиот живот во Охрид не е од важност само за охриѓани и тимот актери, туку и за сите љубители на театарот. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар Охрид опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. ...
Театарот е потреба од човечка природа. Не е важно местото, важна е идејата и суштината. Театарот не е филм. Тој е сега и овде, жив и право в очи. Отвора важни разговори и буди теми за кои мора и вреди отворено да се зборува, се вели во македонската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март, која за годинашното одбележување ја состави независниот театар „Златен Елец“, основан во 2020 година во Скопје. Како што наведува, театарот е ...
По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Дајнерс клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и поттик за развој на нови проекти и активности во интерес на публиката. ...

