Вечерва Вардар го очекува нов предизвик во Лигата на Европа- гостување кај хрватскиот тим Сесвете. Натпреварот започнува во 20:45 часот во салата „Јелковец“. Сесвете се досега пријатно изненадување во ова натпреварување. По поразот од Вардар во Скопје со 32-27 во првото коло, хрватскиот тим остави впечаток со квалитетна игра, што потврди и во дуелите против Кристијанштад и Тулуз. Вардар моментално е лидер на табелата со шест бода, додека ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 му гостува на Сесвете во петтото коло од Европската лига на ЕХФ. Овој натпревар во Хрватска за вардарци може да значи и обезбедување на „виза“ за пласман во плеј-офот на натперварувањето. Со евентуална победа Вардар ќе има сигурно обезбеден пласман на една од првите две позиции. За средбата со Сесвете тренерот Иван Чупиќ ќе биде со една опција помалку во однос на претходниот дуел со Кристијанштад. Вардаровиот ...