САД и Иран ставаат крај на војната. По повеќемесечниот конфликт на Блискиот Исток кој донесе големи последици за целиот свет, конечно е постигнат договор а истиот се очекува да биде потпишан на 19 јуни во Швајцарија. Со потпишувањето се очекува целосното укинување на поморската блокада, повлекување на американската војска од Иран како и повторното отварање на Ормускиот теснец. „Договорот со Исламската Република Иран сега е целосно завршен. ...

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран е општ документ кој содржи само една и пол страница. Тој додаде дека Доналд Трамп би можел да го објави пред петок, кога треба да се одржи негово официјално потпишување во Женева. Деталите од договорот засега не се објавени јавно, освен што беше кажано дека Иран повторно ќе го отвори Ормускиот Теснец в петок, а Трамп ќе ја укине поморската блокада ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека САД и Иран потпишале прелиминарен договор за прекин на конфликтот, иако деталите сè уште не се објавени, а двете земји рекоа дека сè уште не е договорено трајно примирје. Привремениот договор би го продолжил кревкото примирје објавено во април за уште 60 дена и би го отворил Ормутскиот теснец, кој Иран ефикасно го блокираше откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари. ...