Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, обвинет во случајот „Пулс“, пред судот изјави дека е изненаден и дека, како што рече, „никогаш ама никогаш“ не можел да замисли дека ќе се најде на обвинителна клупа за настани стари 13 години. Димитровски тврди дека обвинението против него е неправедна конструкција, штетна и за семејствата кои ги загубија најблиските. Побара, како што рече, вистинска правда – но правда што нема да гони ...

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“. Бранител на Ратко Димитровски, Ангела Соколова Трагедијата е огромна, сите ние очекуваме вистинска и неискривена правда. Потребна е правда за Кочани која ќе ја добиеме во разумен рок, но потребно е никој виновен да не избегне одговорност, но и никој невин да не биде осуден Обвинителниот акт е нејасен, кривичниот прогон против ...

„Изненаден сум. Никогаш, ама никогаш не би помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за функција што сум ја вршел пред 13 години. Не постојат заменски обвинети. Не може некој невин да одговара за друг.“ Со овие зборови, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, ја негираше вината, тврдејќи дека тој е единствениот функционер кој навремено реагирал, но бил игнориран од централната власт. „Пишав допис до Министерство за ...