Дваесет осомничени, меѓу кои 12 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) направиле штета на Буџетот од, речиси, 5 милиони евра, e епилогот од акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Првоосомничен е Марјан Марковиќ, српски државјанин кој имал две фирми во земјава. Подружница на неговата фирма за производство, транспорт, трговија и услуги „Визмарк“ од Врање и уште една со истото име „Визмарк ...
Претреси на 16 локации низ целата земја и 20 лица под под истрага поради сомнение за оштетување на државниот буџет до 4,8 милиони евра! Ова се дедалите по вчерашната акција на полицијата, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Управата за финансиско разузнавање, кои постапиле по известување од Агенцијата за национална безбедност. Како што информираат од обвинителството, за време на претресите привремено биле ...

