ДУИ излезе со нови обвинувања кон коалицијата ВЛЕН, тврдејќи дека партијата Алтернатива и натаму фигурира како посебен активен политички субјект во Централниот регистар, а во официјалните податоци како нејзин претседател е запишан Зекирија Бериша. Според ДУИ, Бериша е шеф на кабинетот на министерот Беким Сали, а промената на претседателот на Алтернатива, како што тврди партијата, не била јавно соопштена ниту на членството ниту на граѓаните. ...
Повикувајќи се на документи од Централниот регистар, од ДУИ велат дека како претседател на Алтернатива е запишан Зекирија Бериша, шефот на кабинет на првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, како и дека за неговото назначување за прв човек на партијата не било информирано ниту членството ниту јавноста Демократската унија за интеграција во вторникот (18 август), исто така повикувајќи се на документи од Централниот ...

