Во соопштението, данската армија наведува дека распоредила „неколку капацитети“ како одговор на ноќните прелети, но не даде дополнителни детали за природата на одговорот. Прелетите се наречени „хибриден напад“, а премиерката Мете Фредериксен сугерира дека зад нив може да биде Русија, која, како што рече, претставува „главна закана за европската безбедност“. Според одлуката на армијата, цивилните дронови ќе бидат забранети од понеделник до петок ...

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон, денеска изјави дека летовите на дронови над неколку аеродроми во Скандинавија, кои се случија пред самитот на ЕУ во Копенхаген оваа недела, најверојатно се поврзани со Русија, но нагласи дека тоа сè уште не е со сигурност утврдено. „Доста голема е веројатноста дека Русија со тоа сака да испрати порака до земјите што ја поддржуваат Украина“, изјави Кристерсон за ТВ4, додавајќи дека „никој тоа не го знае со ...

Данска воведе забрана за сите цивилни летови со дронови во пресрет на неформалниот Самит на Европската Унија во Копенхаген в среда, соопшти министерот за транспорт Томас Даниелсен. Според него, мерката е донесена за да ѝ се олесни на полицијата обезбедување на настанот, поради зачестени „инциденти со дронови“ над воени бази и аеродроми. Само во изминатата недела, поради неидентификувани летала, привремено беа затворени аеродромите во Копенхаген, ...

Во исчекување на неформалниот самит на Европската Унија што ќе се одржи в среда во Копенхаген, Данска објави забрана за сите комерцијални летови со беспилотни летала, изјави министерот за транспорт Томас Даниелсен. Според неговите зборови, оваа одлука е донесена со цел да се помогне на полицијата во обезбедувањето на самитот, особено поради зголемените „инциденти со дронови“ над воените бази и аеродромите. Минатата недела, поради присуство на ...

Данска ги забрани сите летови на цивилни дронови до 3 октомври, пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот министер за транспорт. Министерството објави дека одлуката е донесена за „олеснување на безбедносната работа“ на полицијата, објаснувајќи дека не можат да дозволат „странски дронови да создаваат несигурност и одвлекување на вниманието“. Данска, како и неколку други европски земји, пријави неколку „инциденти со ...