Граѓаните на Валандово од 24 јули повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење. Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина привремената забрана по новата вонредна анализа која покажа 1,47 микрограми арсен на литар, далеку под дозволената граница од 10 микрограми. Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, ја соопшти веста за укинувањето на забраната. Тој рече дека не може целосно да ги објасни различните резултати ...
Повеќекратните лабораториски и теренски анализи потврдија дека водата од градскиот водовод во Гостивар е целосно прочистена од фекални бактерии и од денеска може официјално да се користи за сите домашни технички потреби. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој раководи со Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Според официјалните наоди од ...
Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на состојбата и одржување на водоводниот систем. Во текот на чистењето, ...
Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови. — реклама — Поради интервенцијата, од претпријатието апелираат до жителите во овој период да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво за техничка употреба. — реклама — — реклама — Од ЈП „Маврово“ посочуваат дека по завршувањето на чистењето јавноста ќе биде ...
Општина Крушево информира дека водата од градскиот водовод е здравствено исправна и безбедна за употреба. Според трите последователни лабораториски анализи направени од Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет. Привременото нарушување на квалитетот било предизвикано од прекин во системот за хлорирање поради проблеми со електричното напојување. По отстранувањето на дефектот, биле ...
Општина Крушево информира дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата, како што појаснуваат, бил технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан ...
Општина Прилеп предупредува дека водата од јавните чешми во селата Ореовец и Леништа не е здравствено исправна, поради утврдено присуство на бактерии. Лабораториските анализи покажале дека водата во Ореовец содржи бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии, поради што не смее да се користи за пиење без претходно вриење од најмалку 10 минути. Во Леништа, состојбата е посериозна – анализите покажале присуство на бактерии, ...

