Американецот рече: „Тоа е исто како Бруклин“. Не знаев што сакаше да каже со тоа, затоа што не сум бил во Бруклин и луѓето што живеат овде дефинитивно не се од Њујорк. Да, овде отсекогаш било многу фреквентно – има некоја посебна магија на таа улица што е заштитена со некои од најстарите дрвореди на Американски сикамор на Балканот, богата со историја и уште побогат со живописен уличен живот. Мали продавнички за храна, еднадодруга, – како огромен ...
Минатиот викенд бев со моето семејство на пикник во Националниот парк „Пелистер“ и беше прекрасно. Возевме од Скопје и донесовме многу работи со нас: храна, напивки, ќебиња, скара, па дури и дрва и јаглен за да ги направиме омилените ќебапчиња. При пристигнувањето на влезот на националниот парк, рејнџерот нè пречека со насмевка и ни даде по една кеса за отпад за сите нас. За тоа нашата обврска е да депонираме 50 денари по кеса – една за пластика ...
Сонцето полека лазе по хоризонтот и ја потопува прекрасната долина на реката Вардар во златна светлина. Патот е груб, а нашиот камион „разнесе“ долга опашка од облак прашина зад нас. Возиме по остатоците од стариот автопат меѓу Куманово и Скопје, кон стариот центар на главниот град, или барем она што остана од него. Овие стари југословенски згради кај населбата Автокоманда се навистина неуништливи, но и таму сите прозорци ги нема, а зградите се ...
„Мораме повторно да ги исечеме гранките“, ја слушнав сопругата како ми вели, кога го отвори прозорецот за да влезе свеж воздух внатре. „Во ред, ќе ги исечеме“ – реков и како добар сопруг отидов и со специјални ножички ги скратив гранките околу прозорецот. Гранките и лисјата од нашата зелена фасада израснаа предолги и време беше да ги ставиме во нашата корпа за органски отпад. Овие зелени фасади што се појавија пред неколку години се благослов за ...
Поглед од планината кон селото. На камењата тропкаат коњските нозе, а некои селанки гледаат оддалеку. Ова е земја надвор од поголемите градови. Ова е земја надвор од големите европски агломерации. Има една мала продавница затскриена зад постерите налепени на излогот. Многу од старите камени куќи се празни. Неверојатно, но има интернет и прием за мобилен телефон од антената поставена на ридот погоре. Тропот на коњите исчезна. Поминува пријателски ...