331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија. 480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците под команда на атинскиот војсководец Темискот ги поразија Персијанците кои ги предводеше кралот ...
– Денеска е Светски ден на мирот 19 п.н.е.- Умре римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, автор на дела во кои го велича римското минато. Тој со своите дела со векови беше пример за европските писатели. 1327.- Англискиот крал Едвард II, сопругот на Изабела од Франција е убиен од нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владееше во името на престолонаследниикот Едвард III кој во 1330 година беше затворен и убиен. 1452.- ...
– Денеска е Меѓународен ден без автомобили 1241.- Исландскиот писател и историчар Стурулсон Снори, автор на најобемните саги за норвешките кралеви, е убиен во атенат во кој учествувал и неговиот зет Гисур Торвалдсон. Убиството било нарачано од норвешкиот крал Хакон VI Хаконсон, бидејки Снору бил пречка за исполнување на неговите планови, вклучувајќи го и припојување на Исланд кон Норвешка, што му успеало во 1262 година. 1499.- Со мирот во Базел ...
63 п.н.е.- Роден е римскиот државник и војсководец Гај Јулие Цезар Октавијан Аугуст, прв римски цар, посвоен син на Гај Јулие Цезар. Во 31 година п.н.е. по освојувањето на Египет ја презеде целата власт и ја укина републиката. Воведе нов облик на Aвладеење и администрација, познат како принципат (централизација на власта). Со новите изградби го разубавил Рим, помагал на науката и уметноста со што неговото владеење е најубавиот период во римската ...
1262.- Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X ел Сабио го зазедоа пристаништето Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја завршија петвековната маварска окупација на градот. 1321.- Умре италијанскиот писател, филозоф и политички мислител Алегиери Дуранте, познат како Данте Алигиери. Изучуваше јазици, право и филозофија, а се бавеше и со политика поради што во 1302 година беше протеран од неговата родна Фиренца. 1523.- Умре папата Адријан ...
1776.- Во текот на американската војна за независност, британскитe трупи под команда на генералот Вилијам Хју го зазедоа Њујорк. 1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник Луиџи Галвани откри струја, која според неговото име подоцна е наречена – галванска. 1789.- Роден е Џемс Фенимор Купер, американски писател. Во пенталогијата „Кожениот чорап“ го слика создавањето на првите населби на американската погранична покраина, борбата со Индијанците, ...
– Денеска е Светски ден на мирот – Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка 1380.- Умре францускиот крал Шарл V Мудриот кој како регант во времето додека неговиот татко Жан II беше заробеник на Англичаните, во 1358 година го задуши големото селско востание познато како Жакерија. Во текот на владеењето од 1360 година успеа по Стогодишната војна со Англичаните да придобие голем дел од територија која Франција ја загуби со катастрофалниот ...
1580.- Роден е шпанскиот писател Франциско Гомес де Кеведо и Виљегас, сатиричар кој заради „зајадливиот јазик и отровното перо“ повремено беше повластен во дворецот, а повремено прогонуван и затворан. 1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума од која умреа околу 70.000 луѓе. 1787.- Делегатите на 12 од тогашните 13 држави во САД го потпишаа Уставот кој со дополнителни амандмани се уште е најстариот важечки устав во светот. 1796.- Првиот ...
– Меѓународен ден на геолозите. 1502.- Шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофер Колумбо пристигна на Костарика на четвртото и последно патување во Новиот свет. 1709.- Роден е англискиот писател и лексикограф Самуел Џонсон. Неговиот „Речник на англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен на англиското говорно подрачје. 1753.- Во Москва умре Христофер Жефарович, еден од најраните македонски преродбеници, ...
1356.- Англиската армија предводена од Црниот Принц, син на кралот Едвард III, ја порази француската војска на кралот Жан II во битката кај Поатје со што заврши првата фаза од Стогодишната војна меѓу Англија и Франција. Истиот ден во 1370 година Црниот Принц го зазеде и опустоши градот Лимож. 1551.- Роден е францускиот крал Анри III, последниот монарх од династијата Валоa. 1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската ...