Атина, 16 јануари 2026 (МИА) – Во пресрет на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите, онаму каде што се веќе речиси 50 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Да останат отворени патиштата и автопатиштата е еден од предусловите поставени од Владата за средба со земјоделците, а портпаролот на ...
Постои начелен договор за средба на земјоделците со премиерот в понеделник во 13 часот, под услов сите патишта да останат отворени, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Мнозинството од грчките земјоделци, кои протестираат од 30 ноември, во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис, бидејќи, како што рекоа тогаш, не беа исполнети нивните предуслови ...
Нема шанси повторно да се затвори царинска служба на граничен премин и тоа го нагласувам јасно, истакна министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Михалис Хрисоходис говорејќи за блокадите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за радиото „Скај“, Хрисохоидис посочи дека Владата покажа огромна толеранција за сето она што се случува во економијата на земјата веќе 40 дена со протестите на ...

