Повеќе медиуми вечерва објавија дека во моментов се одвива голема полициска акција поврзана со заплената на петте тони мариухана во соседна Србија на која земја на потекло наводно е Македонија. Овие компании за легално производство на производи од канабис наводно со години ја злоупотребувале дозволената дејност да нелегално произведуваат и продаваат марихуана на црниот пазар. Неофицијално голема полициска акција во моментов се спроведува во ...

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), синоќа преземаа мерки и активности на повеќе локации во Скопје и Струмица во врска со сомнежи за опојна дрога. Од Министерството најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршувањето на акцијата, додека Јавното обвинителство веќе има оформено предмет за случајот. Според информациите што ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи открија лабораторија за производство на дрога во околината на Обреновац. Во продолжение на акцијата за сузбивање на дрогата, припадници на УКП и Повисокото јавно обвинителство во Белград, во селото Звечка кај Обреновац, открија лабораторија за производство на дрога. Досега се уапсени две лица. – „Во просториите кои се користеле како лабораторија за производство на дрога, запленети се 160 ...

Македонската полиција спроведе историска акција за заплена на марихуана, поради поврзаност со претходната конфискација на пет тони дрога во Србија, која била прошверцувана од Македонија. Синоќа, полицијата заплени околу 27 тони марихуана, што претставува најголема конфискација на дрога досега во земјата. Во рамките на акцијата беа претресени магацините на компанијата за производство на медицински канабис „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во ...