Добивај вести на Viber Во последните часови, Иран објави дека го затвора стратешкиот Ормутскиот теснец за поморски сообраќај како одговор на наводни прекршувања на договорот за привремен прекин на огнот и продолжувањето на воздушните напади во јужен Либан. Иранскиот централниот штаб на Хатам ал‑Анбије соопшти дека затворањето е „прв чекор“ во серијата мерки доколку, според Техеран, англо‑американските и израелските сили продолжат со ...
Американската армија ја следи ситуацијата по претходно објавеното иранското соопштение за повторно затворање на Ормуската Теснина поради продолжените израелски напади во Либан. Централната команда на американската армија за Блискиот Исток преку соопштение посочува дека американските сили остануваат „будни“ во однос на спроведувањето на договорот за прекин на огнот со Иран. Според истите информации, денеска низ Теснецот поминале 55 трговски ...
Иранската војска тврди дека Ормускиот теснец останува затворен за поморски сообраќај, спротивно на соопштенијата на Соединетите Американски Држави дека комерцијалните бродови и натаму непречено пловат низ стратешкиот морски премин. Според иранската државна новинска агенција „Фарс“, Морнарицата на Револуционерната гарда сè уште не издала дозвола за премин на ниту едно пловило и мерката ќе остане во сила до понатамошно известување. — реклама — ...
Иран ќе го држи Ормутскиот теснец затворен додека не стапи во сила прекинот на огнот во Либан, објавија државните медиуми. Пред тоа ќе треба да се издадат ослободувања од санкции, со што ќе се дозволи продажба на иранска нафта, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим. Иако Либан не е страна во договорот меѓу САД и Иран, Иран постојано повторува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах мора ...
Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна точка на сопнување во преговорите меѓу САД и Иран за прекин на нивниот конфликт е што ќе се случи со Ормутскиот теснец и дали овој воден пат, толку важен за глобалната трговија, ќе биде целосно отворен. Во исто ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да има такси за премин низ Ормускиот теснец за време на 60-дневниот прекин на огнот со Иран, додавајќи дека нема планови за такви мерки по тој период, освен ако преговорите не успеат. Трамп ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social, каде што нагласи дека сите такси можат да бидат наметнати единствено од САД. „Нема да има такси во Ормускиот теснец за време на 60-дневниот ...
По завршувањето на техничките разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија, иранските претставници објавија дека е постигнат напредок околу спроведувањето на идните договори и регионалната стабилност. Според официјални информации од Техеран, формирани се неколку специјализирани работни групи кои ќе се занимаваат со прашања поврзани со санкциите, нуклеарната енергија, економскиот развој и спроведувањето на постигнатите договори. Дополнително, ќе ...

