Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари (8,9 милиони евра) на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари (околу 6 милиони евра), информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова. Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска ...

Исплатата на „Мој ДДВ“ е во полн ек: На сметките на граѓаните веќе легнаа 552 милиони денари, се подготвуваат уште 370 милиони. Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, информираше дека заклучно со вчера се исплатени над половина милијарда денари. Сепак, таа предупреди дека кај некои граѓани може да има застој во исплатата, најчесто поради технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што се невалидни трансакциски сметки. ...

Расте наплатата од даноци и придонеси. До октомври собрани се 3 милијарди и 600 милиони евра по овој основ, што е за 250 милиони повеќе од истиот период лани. Ова е доказ дека економијата е стабилна и има добра даночна дисциплина, вели директорката на УЈП, Петрова. Потфрлања има кај данокот на личен доход, и се должи на тоа што граѓаните не го пријавиле остварениот приход од игрите на среќа, но и лицата кои работеле во странство и не платиле ...