Разговорите кои беа најавени како нов дипломатски исчекор меѓу двете земји требаше да се фокусираат на меморандумот за разбирање потпишан од двете страни, а кој отвори рок од 60 дена за постигнување на траен договор, за иранската нуклеарна програма и отворањето на Ормускиот теснец. Според најавите, американската делегација требаше да ја предводи потпретседателот Венс, кој доцна синоќа од Вашингтон порача дека очекува разговорите сепак да се ...

Во Либан е постигнато примирје по нов бран на насилство и дипломатски тензии кои се поврзуваат со застојот во преговорите меѓу САД и Иран, во контекст на пошироката нестабилност на Блискиот Исток, објавува Vijesti.me. Според меѓународните извештаи, договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах бил постигнат по интензивирање на судирите во јужен Либан, кои предизвикаа жртви и дополнителни напади, но и ја нарушија динамиката на ...

Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос. Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот. Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија цел беше унапредување на рамковниот договор, беше откажана во последен момент. Цитирајќи ...

Ирак им наложи на операторите на пет големи нафтени полиња да го зголемат производството на нивото од пред војната, со цел да достигне повеќе од три милиони барели дневно, по договорот меѓу САД и Иран кој има за цел целосно повторно отворање на Ормускиот Теснец. „Басра оил“ (Basra Oil Co.) побара зголемување на производството до максималниот достапен капацитет на полињата Румаила, Западна Курна-1, Западна Курна-2, Зубаир и Артави, според ...

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи патуваат во Швајцарија на нова рунда разговори насочени кон постигнување подолгорочен договор меѓу Вашингтон и Техераn, пренесува Аксиос. Според информациите, Виткоф ќе му се придружи на Џаред Кушнер, кој веќе се наоѓа во Швајцарија. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс претходно го откажал планираното патување поради ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, соопшти нови информации од преговорите меѓу САД и Иран што се одржуваат во Швајцарија, нагласувајќи дека е постигнат „голем напредок“ во досегашниот тек на разговорите. „Веќе постигнавме голем напредок во последните неколку часови“, изјави Венс, додавајќи дека состанокот е од историско значење и претставува редок дипломатски момент на толку високо ниво меѓу двете земји. Тој истакна дека целта на ...

Технички проблем во контролата на воздушниот сообраќај, предизвикан од безбедносните мерки воведени поради мировните преговори меѓу САД и Иран во Швајцарија, го наруши воздушниот сообраќај на аеродромот во Цирих, објавија воздухопловните власти, додавајќи дека проблемот оттогаш е решен, но доцнењата се уште траат. Проблемот се случил над Биргеншток, швајцарското планинско одморалиште каде што се водат преговорите, поради вклучување на зона ...

Цените на суровата нафта од типот Брент денеска се намалија откако завршија разговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија, а Техеран изјави дека обезбедил ослободување од ограничувања за извоз на нафта и петрохемиски производи. Суровата нафта од типот Брент падна за 1,19 долари, или 1,48%, на 79,38 долари за барел. Цените се искачија на 82,30 долари на почетокот на тргувањето, поттикнати од нерамниот почеток на разговорите со заканите од ...

Цените на нафтата се намалија, откако знаците за напредок во преговорите меѓу САД и Иран ги ублажија стравувањата од продолжени нарушувања во снабдувањето преку Ормутскиот теснец – клучна глобална рута за транспорт на нафта. Утрово, цената на суровата нафта Брент беше пониска за 0,91 отсто и изнесуваше 79,12 долари за барел, додека американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) падна за 0,70 отсто на 75,32 долари за барел. Пониските ...