Денвер Нагетс убедливо ги победија Портланд со 103:157 (27:41, 26:41, 32:43, 18:32) во натпревар од регуларната сезона на НБА лигата. Старото ривалство меѓу двата тима стана мртва буква на хартија. Тимовите играа натпревари со повеќе продолженија, постојано елиминирајќи се меѓусебно во плејофот, а сега Нагетсите ја остварија најубедливата победа во текот на регуларната сезона во историјата. Нагетсите го победија Портланд со неверојатни 54 ...

Јокиќ мечот го заврши со 32 поени, имаше девет скокови, седум асистенции и четири украдени топки. Сето тоа го оствари за помалку од половина час. Во првата четвртина Србинот постигна 19 поени, и сигурно ќе дојдеше до нов трипл-дабл доколку тренерот Дејвид Аделман не одлучеше да го одмора во последниот период. Дури седум играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени во рекордната победа. Покрај Јокиќ, треба да се издвојат и Џамал Мареј ...