РЦУК – Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри. Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката ...

Жолто ниво за предупредување од можни поплави-состајбата со водотеците е потенцијално опасна, предупредува УХМР. Останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од течението заедно со притоките. Бранот на вода во текот на денов се движи кон Скопје и низводно кон Јурумлери, Орешани, Орешонци и Зелениково. На потегот од Јурумлери до Зелениково можно е локални излевања на реката и појава на локални заезерувања на водата. До крајот на денот ...

Реката Пчиња се излеа на подрачјето на селото Пелинце, кај Меморијалниот центар АСНОМ и бањата Стрновац, поради обилните врнежи од дожд, информира ЦУК – Куманово. Водата засега не зафати куќи ниту викендици, но кај Коински мост се забележани насобрани дрвја кои го попречуваат нормалниот проток. Под влијание на силниот Џеновски циклон, во последните 72 часа најмногу дожд е измерен во Лазарополе – 104 литри на метар квадратен, додека во повеќето ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Сектор за хидрологија, издаде хидролошка информација на 19.11.2025 година во 14:30 часот, информирајќи за актуелната состојба со водотеците во земјата. Како што велат, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од течението заедно со притоките. „Бранот на вода во текот на денот се движи кон Скопје и низводно кон Ѓурумлери, ...