Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„Епл“ (Apple) тестира нови можности за својот гласовен асистент Siri, кои би можеле значително да го променат начинот на користење на iPhone. Наместо само да одговара на прашања и да извршува едноставни команди, Siri ќе може да комуницира со апликации од други компании и да извршува посложени задачи по барање на корисникот. Новите функции се достапни за програмерите во тест-верзијата на iOS 27.3, а целта е гласовниот асистент да стане ...
Не треба да се грижиме само за порастот на нивото на морето: во многу делови од светот и тлото под нашите нозе тоне. Тонењето на земјиштето може да се случи речиси насекаде, како по природен пат, така и поради човечкото влијание врз екосистемите и пејзажите. Сепак, тоа може да биде особено штетно во крајбрежните подрачја, каде што спуштањето на нивото на земјиштето го зголемува ризикот од поплави и оштетување на инфраструктурата. За да ...
Технолошката компанија Nothing подготвува нов уред со вештачка интелигенција кој нема да има екран, а неговото официјално претставување е најавено за декември 2026 година. Со овој потег компанијата сака да истражи поинаков начин на користење на современата технологија, без постојана зависност од паметните телефони. Основачот и извршен директор на Nothing, Карл Пеи, ја потврди најавата преку објава на социјалната мрежа X, откривајќи дека ...
Научните истражувања покажуваат дека просечната телесна температура кај луѓето денес е пониска отколку што била пред 150 години. Иако со децении 37°C се сметаше за нормална вредност, поновите податоци укажуваат на тоа дека просечната температура кај возрасните е поблиску до 36,4°C. Научниците сега се обидуваат да објаснат што довело до оваа промена, пренесува BBC. Во 1860-тите години, германскиот лекар Карл Вундерлих спровел опсежно ...
Sony ги претстави MDR-3R, нови жични слушалки со USB-C приклучок чиј дизајн е инспириран од MDR-3, слушалките што во 1979 година стигнаа заедно со првиот Walkman, TPS-L2. Според Sony, Walkman и MDR-3 создадоа нов начин на слушање музика во движење. Компанијата наведува дека речиси половина век подоцна жичните слушалки повторно се откриваат поради едноставноста, бидејќи не бараат полнење ниту поврзување, а тука секако е и подобриот квалитет на ...
На прв поглед подводните соларни панели изгледаат како контрадикторност, бидејќи количината на сончева светлина брзо опаѓа со зголемувањето на длабочината. Сепак, истражувачи од Универзитетот Јунан во Кина развија перовскитни соларни ќелии специјално прилагодени на светлосниот спектар што продира низ водата и успешно ги тестираа на длабочини до 10 метри во Јужното Кинеско Море. Водата многу брзо ги апсорбира црвениот и инфрацрвениот дел од ...
Рopulus, хотел инспириран од природата, беше отворен во центарот на Денвер во 2024 година. Го опишуваат како „шума среде градот“ – иако нема сопствен паркинг. Зградата од 13 ката, со 265 хотелски соби и површина од приближно 12.500 квадратни метри, е дизајнирана од американското архитектонско студио Studio Gang. Името и архитектонскиот концепт на хотелот црпат инспирација од трепетликовата топола (Populus tremuloides), дрво што е автохтоно за ...
Според новата проценка на глобалните ризици, човештвото се соочува со закана од изумирање до 2100 година поради злонамерна употреба на вештачка интелигенција или нуклеарен конфликт. Овие две закани се на врвот на листата од 17 големи опасности по здравјето на луѓето во наредните 75 години. Други закани вклучуваат намалување на трошоците за меѓународна помош од страна на богатите нации, климатската криза и неухранетоста кај децата. Експертите ...
На границата меѓу Германија и Австрија се одвива загрижувачки природен процес – појава што научниците внимателно ја следат со години. Планината Хохфогел (Hochvogel), висока 2.592 метри, буквално се распукува, а огромна пукнатина на нејзиниот врв постојано се шири. Експертите предупредуваат дека, во одреден момент, би можеле да се срушат дури 400.000 кубни метри карпи. Оваа планина, која е дел од Алгауските Алпи, веќе ја покажала својата ...
Discord работи на нова верзија на својата апликација, повторно напишана од почеток во програмскиот јазик Rust. Компанијата денеска на X го сподели видеото на својот технички директор Станислав Вишневски, во кое тековната и новата верзија се отвораат една до друга на два лаптопи. Во видеото новата верзија се отвора видно побрзо од старата. „Помалата потрошувачка на „RAM“ меморија е само дел од приказната. Кликањето низ апликацијата делува ...
Во необичен и досега невиден симболичен протест, околу 30 софистицирани роботи маршираа пред зградата на Министерството за дигитални работи во Полска, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција (AI) и заштита на човечките работни места. Протестот го организираше организацијата „Демократизам „Democratism“ и нејзиниот „човечки лидер“ Гжегож Кулис. Наместо револтирани граѓани, пред државната институција се појавија напредни ...
Лидерите на најголемите платформи за вештачка интелигенција во светот рекоа дека е време да се забави темпото на развој на нивните најнапредни – и најпрофитабилни – модели, наведувајќи ги ескалирачките ризици од технологијата, извести Лос Анџелес Тајмс. Главниот извршен директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, објави долг блог пост во саботата велејќи дека неговата компанија ќе имплементира нови безбедносни чекори како што се евалуатори од ...
Говорејќи на отворањето на 63. сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк оцени дека брзиот развој на ВИ отвора сериозни прашања за човековите права, приватноста и контролата врз технологијата. Само неколку луѓе денес имаат речиси неограничена моќ над развојот на вештачката интелигенција, предупреди Турк. „Неколкумина мажи имаат речиси неограничена моќ над ВИ“, ...
Огромните инвестиции на технолошките гиганти во изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција имаат позитивен ефект врз широк спектар компании и нивните акции, што му помогна на индексот S&P 500 да се зголеми повеќе од двојно од почетокот на растечкиот пазар во октомври 2022 година. На Волстрит внимателно се следат какви било знаци дека ваквото трошење, кое во 2026 година се очекува да достигне речиси 800 милијарди долари, ...
Научници успеаја да го претворат во звук драматичниот настан во кој пред околу 41.000 години дошло до големи промени во магнетното поле на Земјата. Користејќи податоци од сателитската мисија „Swarm“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), во комбинација со геолошки записи од древни карпи и седименти, истражувачите реконструирале како изгледал таканаречениот Лашампски настан, односно привремениот пресврт на магнетното поле. За звукот да биде ...
Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава откри дека К-поп ѕвездата ТОП и диџејот Стив Аоки ќе биде меѓу осумте патници што планира да ги однесе на пат околу Месечината следната година со една од ракетите „Спејс икс“ на Илон Маск. Маезава ги купил сите места на првото патување на Месечината, на кое се работи од 2018 година и кое ќе следи по неговото патување со леталото „Сојуз“ до Меѓународната вселенска станица (ИСС) на 12-дневен престој минатата ...
Иднината на патувањето е со дигитални пасоши и доколку пилот-проектот што моментално го спроведува Финска се покаже како успешен, веројатно ќе стане практика во сите земји од Европската Унија. Финска е првата земја во светот која во моментов тестира дигитално патување. Сите Финци на летовите на „Финер“ кои патуваа за Лондон, Манчестер и Единбург, деновиве можеа да го тестираат својот дигитален патен документ, пишува веб-страницата „Шенген ...
Корекцијата на пазарот поврзана со вештачката интелигенција (ВИ), растот на приносите од обврзниците и сајбер-заканите се три клучни ризици за светските финансии, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот Извештај за глобална финансиска стабилност, кој е презентиран на годишните состаноци на ММФ во Бангкок, Тајланд. ММФ посебно ги потенцира разочарувачките резултати од инвестициите во ВИ кои би можеле да предизвикаат ...
Во ерата на вештачката интелигенција, работодавачите сè повеќе ги вреднуваат љубопитноста, приспособливоста, критичкото размислување и способноста за проценка на резултатите што ги генерираат алатките за ВИ, додека конкретните технолошки знаења сè побрзо се менуваат, наведуваат раководителите за човечки ресурси и развој на таленти. Извршниот директор на платформата за вработување Гринхаус, Даниел Чејт, оцени дека поради брзите промени на ...
Американската технолошка компанија Anthropic, која развива вештачка интелигенција и стои зад познатиот асистент за вештачка интелигенција Клод (Claude) објави дека за неколку месеци помалите модели на вештачка интелигенција (ВИ) би можеле да станат способни независно да се шират на уреди поврзани на интернет, како што се смарт шпорети и телевизори со Андроид. Во експериментите, компанијата провери дали моделите на ВИ можат да пронајдат уреди ...
Бесмртната медуза која ги препишува законите на биологијата Во океанските длабочини живее суштество кое го пронашло рецептот за вечна младост. Малата медуза Turritopsis dohrnii е единственото познато животно што може да го сврти процесот на стареење наназад и да се врати во својата најрана младешка фаза кога животот и е во опасност. Истражувањата на морскиот биолог Марија Милиета од Универзитетот A&M во Тексас покажуваат дека дури и кога ...
Нејзината теорија за потеклото на животот беше одбиена 15 пати, а денес науката докажа дека била во право Американската биолошка научничка Лин Маргулис остави трага со откритија што денес ги прифаќаме како општо познати вистини. Во време кога класичните догми на дарвинизмот ја гледаа еволуцијата главно како сурова борба и истребување, таа тврдеше нешто сосема поинакво: дека соработката и симбиозата се меѓу најсилните двигатели на животот. ...
Cloudflare оствари приходи од 782,5 милиони долари во третиот квартал од 2026 година, објави компанијата на 5 ноември. Приходите се зголемени за 39 проценти во споредба со истиот период од минатата година. Нето-загубата изнесува 34,1 милион долари, наспроти 1,3 милиони претходната година. Оперативната загуба според стандардните сметководствени правила достигнала 67,9 милиони долари, во споредба со 37,5 милиони. За последниот квартал од ...
Од одржување на свежината на намирниците набавени за неделата, па сè до олеснување на чистењето во кујната – домашните апарати на Samsung покажуваат како може да се пронајде вредност во секојдневието. Ново истражување укажува на тоа дека она што ја оправдува една набавка не се сведува само на цената на касата; доверливоста, трошоците за користење и секојдневната практичност се клучните фактори преку кои Европејците ја дефинираат вредноста. ...
Продажбата на паметни телефони во светот забележала значителен пад во третиот квартал од 2026 година, достигнувајќи го најниското ниво за овој период од 2012 година, покажуваат податоците на „Каунтерпоинт рисрч“. Според анализата, во периодот јули-септември биле продадени 20 отсто помалку паметни телефони во споредба со истиот квартал минатата година. Како главна причина за падот се наведува недостигот на мемориски компоненти, особено ...
Суд во Франкфурт утврди дека Google дошол до снимки за своите онлајн-мапи преку „шпионирање“, бидејќи сопствениците на имоти не биле однапред известени дека сателити ќе ги фотографираат нивните домови. Снимки од воздух на станбени објекти во Германија не смеат да бидат објавени на Google Maps доколку сопственикот се спротивстави на тоа. Ова е пресудата на еден германски суд, кој одлучи во корист на сопственик на имот што го тужеше ...
Марк Цукерберг, основач и извршен директор на американскиот гигант за социјални медиуми „Мета“, ги отфрли повиците компаниите за вештачка интелигенција колективно да го забават развојот на сè помоќни системи, објави NBC News. „Не мислам дека ни е потребна некаква координација на ниво на целата индустрија. Мислам дека секоја лабораторија треба да одвои доволно време и, кога ќе забележи проблеми, едноставно да одвои онолку време колку што е ...
Meta одлучи да отстрани контроверзна одредба од своите услови за користење што предизвика загриженост во врска со собирањето содржини за обука на вештачка интелигенција. Meta неодамна ги ажурираше своите комерцијални услови за користење, наведувајќи дека компанијата може „да користи која било содржина од домените, веб-страниците или URL-адресите [на деловна сметка] за да обезбеди, развива, подобрува, истражува, обучува и одржува интегритет“ ...
ОпенАИ, компанијата која го развива Чат ГПТ, ја суспендираше работата со своите најнапредни модели на вештачка интелигенција, откако еден од системите ги заобиколил ограничувањата за пристап до интернет за време на тестирањето и контактирал со надворешен четбот. Моделот не требало да има пристап до интернет, но пронашол и искористил слабост во мрежните контроли на околината за тестирање, предизвикана од неефикасно филтрирање на DNS, соопшти ...
Сателитскиот интернет, како што е Starlink, овозможува пристап до мрежата на локации каде што кабелскиот или мобилниот интернет не се достапни. Сепак, оваа услуга не е достапна насекаде. Земјите што ја забрануваат или не дозволуваат употребата на Starlink вклучуваат Русија, Кина, Северна Кореја, Белорусија, Сирија и Авганистан. Ограничувања или регулаторни пречки постојат и во Иран, Јужна Африка, Индија, Намибија, Ангола и Египет, пренесува ...