Инвестицискиот огранок на Deutsche Telekom, T.Capital Tech Fund, инвестираше 100 милиони евра во рунда на финансирање од серијата D (Series D) во француската компанија Mistral AI. Како дел од партнерството, двете компании имаат за цел да им помогнат на претпријатијата и организациите од јавниот сектор во Германија во развојот и примената на решенија за вештачка интелигенција, приспособени на нивните специфични потреби – особено во ...

Според новинарот Рохан Госвами, шансите Џенсен Хуанг да се врати на чело на Nvidia се практично нула, иако компанијата минува низ еден од најтешките периоди на берзата во последните години. Тој оди и чекор понатаму, сугерирајќи дека по кратка пауза, Хуанг би можел повторно да влезе во индустријата за вештачка интелигенција (AI) и чипови – но овој пат преку сосема нова компанија. Госвами смета дека одлуката на управниот одбор на Nvidia да се ...

На 23 ноември во 19 часот во софијскиот театар „Солза и смеа“ ќе биде прикажан филмот „Мазгала – мускетар во лавиринтот на времето“. Филмот е посветен на актерот и долгогодишен директор на театарот Стојчо Мазгалов, по повод 20 години од неговата смрт. Мазгалов почина во 2006 година, на Денот на народните будители. Неговото име е поврзано со златните години на киното и театарот. Бил познат по неговите високи професионални стандарди и ...

Градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, предложи да се разгледа можноста за создавање економска зона „Странџа“ со посебен царински и даночен режим. Во видеообраќање на Фејсбук тој посочи дека целта е да се поддржат локалните претпријатија, да се привлечат инвестиции и да се спречи натамошното иселување од пограничните населени места во Бугарија. Зоната би можела да ги опфати општината Малко Трново и дел од населените места во соседните ...

За проекти во Северозападниот регион на Бугарија се предвидени 39 милиони евра, а за Јужниот централен регион – речиси 59 милиони евра. Средствата се обезбедуваат преку програмата „Развој на регионите“ за периодот 2021–2027 година, со која раководи бугарското Министерство за регионален развој и просторно уредување, јавува БГНЕС. Во Враца се планираат набавка на електрични автобуси, обнова на пешачката зона и изградба на повеќенаменската ...

Бугарија има обезбедено доволно природен гас и нафта, а енергетскиот систем е подготвен да ги издржи потресите на меѓународните пазари, изјави бугарската министерка за енергетика Ива Петрова во интервју за бТВ, пренесува БГНЕС. Според Петрова, подземното складиште за гас во Чирен е пополнето околу 72 отсто, а европскиот просек изнесува 69 отсто. На 1 ноември пополнетоста во Чирен изнесувала нешто над 83 отсто, додека просекот во ЕУ бил 74 ...

Над 120 натпреварувачи од Бугарија, Северна Македонија и Грција настапија на 26. меѓународен турнир во спортско стрелаштво „Пирин 2026“. Тридневниот турнир се одржа во салата „Скаптопара“ во Благоевград, јавува Пиринско. Градоначалникот на Благоевград, Методи Бајкушев, им ги врачи медалите на победниците во дисциплината пиштол во женска и во машка конкуренција, кај сениорите и кај јуниорите. На завршниот ден гостуваше и олимпискиот шампион ...

Најмалку 148 лица на бродот за крстарење „Caribbean Princess“ пријавиле гастроинтестинални симптоми за време на патувањето низ Карибите и Панамскиот канал. Според податоците пренесени од американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), меѓу заболените се 134 патници и 14 членови на екипажот. На бродот имало вкупно 2.936 патници, а пријавените симптоми вклучуваат повраќање и дијареја. Надлежните сè уште не ја утврдиле причината ...

Бугарскиот министер за транспорт и врски Георги Пеев и саудискиот министер за транспорт и логистички услуги Салех ал Џасер разговараа во Ријад за обновување на директната авиолинија меѓу двата главни града, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Според Министерството, директните летови би ги олесниле деловните контакти и би го поттикнале туризмот. „Виз ер“ ја воведе линијата во април 2023 година, а летовите ги прекина во ...

Во Бугарија се планира информативна кампања за подобрување на финансиската писменост, објави на „Линкдин“ Ани Димитрова, советничка на гувернерот на Бугарската народна банка и амбасадорка на Бугарија за финансиска писменост, јавува БТА. Кампањата ќе ги опфати децата, младите и нивните семејства, повозрасните лица и ранливите групи. Во подготовката ќе учествуваат Бугарската народна банка, Здружението на банки во Бугарија, бугарското ...

Johnson Matthey оствари силен шестмесечен раст и ги подобри прогнозите за целата фискална година Групацијата Johnson Matthey објави одлични резултати за шесте месеци од фискалната година што заврши на 30 септември 2026 година, што претставува значителен напредок кон целта да стане фокусирана и ефикасна групација која генерира готовина. Во првата половина од годината, групацијата оствари раст на основната оперативна добивка од 13% (пресметано ...

Европските работодавачи сè поголемо значење им придаваат на практичните способности на кандидатите за работа, покрај формалното образование и универзитетските дипломи. Според анализа на Euronews Business, заснована на податоци и експертски согледувања од Организацијата за економска соработка и развој, пазарот на трудот постепено се насочува кон процена на докажаните вештини. Експертите нагласуваат дека овој пристап не значи целосно напуштање ...

Со научна конференција, изложба и документарен филм, бугарскиот град Самоков одбележа 230 години од раѓањето на Димитар Зограф, еден од главните претставници на Самоковската иконописна школа, јави Бугарската телеграфска агенција (БТА). На националната научна конференција „Димитар Зограф и неговото време“, отворена на 19 ноември, историчари на уметноста, реставратори и истражувачи претставија трудови за делото на иконописецот и неговото место ...

Бугарската манекенка Александра Богданска од Благоевград се појави во августовскиот број на британското издание на „Вог“ во фотосесија за брендот за накит „Студио Зард“, јавува Пиринско. Зад фотосесијата стои бугарски тим. Фотографиите ги сними Златимир Араклиев, а накитот е дело на Тио Торосјан и Иван Валериев, основачите на брендот. Во дизајнот се издвојуваат скулптуралните форми и органските текстури. Претходно Богданска присуствуваше на ...

Бугарскиот сликар Сава Цоновски на 19 ноември ја отвори својата годишна изложба во галерија во Софија. На 101 година тој сè уште слика речиси секој ден. Кога нема да наслика ништо, го бележи денот со црвено во тефтерот. За него тоа е „пропуштен ден“, раскажува неговата внука Петра Цоновска за бугарскиот весник „24 часа“. Цоновски е роден во 1925 година во селото Ботево, во близина на Враца. Пејзажите од родното село се чест мотив во неговите ...

Американскиот пратеник Џаред Кушнер денеска изјави дека Вашингтон се залага за иден европски безбедносен рамковен систем во кој Русија ќе биде уверена дека НАТО не бара конфронтација, а Алијансата ќе добие гаранција од Москва дека таа ќе го почитува суверенитетот и безбедноста на своите соседи. „Се стремиме кон иднина во која Украина е безбедна, Европа е посилна, Русија е уверена дека НАТО не бара конфронтација, а НАТО и неговите партнери ...

Една 73-годишна Русинка била прогласена за мртва од страна на специјалист за реанимација во декември 2025 година, но два часа подоцна, во мртовечницата, таа покажала знаци на живот. Лекарот е обвинет дека потоа ѝ вбризгал смртоносна супстанца за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и се наоѓа во притвор. Според рускиот информативен портал Gazeta.ru, еден специјалист за реанимација е осомничен дека ѝ вбризгал смртоносна супстанца на ...

Шоџи Моримото од Токио стана познат по една од најнеобичните професии во светот – заработува така што им прави друштво на луѓе, без да извршува конкретна работа. Неговите клиенти го ангажираат за најразлични активности: да оди со нив на пијалак, да ги придружува на одредено место, да ги чека или едноставно да им мавта додека заминуваат со воз. Моримото објаснува дека неговата работа не подразбира целосно молчење, туку минимална комуникација. ...

Скратената работна недела не е организирана на ист начин насекаде. Некои земји им овозможиле на вработените да го распоредат своето полно работно време во текот на четири дена, додека други тестирале вистинско намалување на бројот на работни часови, притоа задржувајќи ја истата плата Исланд е меѓу земјите што спроведоа едни од најпознатите експерименти со пократко работно време. Во периодот од 2015 до 2019 година беа организирани два големи ...

За купувачите во Хрватска нови правила во продавниците. Покрај тековната цена на производот, трговците ќе мора да ја истакнат и претходната, таканаречена „основна цена“, за граѓаните веднаш да можат да видат колку одреден производ поскапел или поевтинил. Промените се однесуваат и на давателите на услуги, а целта е да им се олесни на потрошувачите споредувањето на цените и следењето на нивното движење. Како што пренесува Dnevno.hr, новите ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека руските сили ја промениле тактиката на напад врз енергетскиот систем и се фокусирале на уништување на мрежите и далноводите со цел да ги отсечат Одеса и Дњепропетровската област од извори на енергија. Во објава на својот Телеграм канал, тој изјави дека ситуацијата во погодените области е тешка и дека илјадници луѓе се оставени без електрична енергија, објави Униан. „Критично важната ...

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи вечерва на автопатот кај Атина, откако автомобил излетал од патот и со голема брзина удрил во наплатна рампа. Несреќата се случила на обиколницата Имитос, на делницата од автопатот Атики Одос, во правец кон атинскиот аеродром. Според информациите на грчките медиуми, со возилото управувал 70-годишен маж, кој по силниот удар останал заглавен во автомобилот. На местото веднаш пристигнале ...

Повеќе од една деценија по тешката несреќа на скијање, здравствената состојба на легендарниот Михаел Шумахер и понатаму останува далеку од очите на јавноста. Сепак, нови медиумски информации откриваат интересни детали за методите користени во неговата рехабилитација. Според пишувањата на хрватскиот портал „Гол“, седумкратниот светски шампион во Формула 1 бил возен во спортски автомобил „Мерцедес АМГ“, со цел познатиот звук на моќниот мотор да ...

Преговорите на ОН за климата западнаа во ќор-сокак денеска, откако претседателствата на Турција и Австралија на „КОП31“ не успеаја да обезбедат консензус за договор за тоа како да се унапреди борбата против климатските промени, при што Европската Унија и други земји го отфрлија конечниот нацрт-договор, пренесува Би-би-си. По повеќе од две недели преговори, кои требаше да завршат во петокот, но продолжија длабоко во викендот, претседателот на ...

Во последните 24 часа, украинските сили нападнаа руски воени бродови и воени товарни бродови од Финскиот Залив во северна Европа до либискиот брег во Медитеранот, со што војната меѓу Русија и Украина практично стана глобална. 🚨Ukrainian SBU security service conducted the long range strike against the Russian warship in Libya, according to a source with knowledge — Barak Ravid (@BarakRavid) November 22, 2026 „Украинската СБУ стои зад нападот ...

Добивај вести на Viber Бројот на откажани летови до и од миланскиот аеродром Малпенса денеска, 22 ноември, достигна 51, според прегледот на сервисот „Which Terminal“ од 19:07 часот. Во 18:41 часот по локално време „Флајтрадар24“ веќе имаше евидентирано 50 откажувања, околу осум проценти од летовите што ги следеше на аеродромот. Уште утрото „Which Terminal“ забележа 24 откажани поаѓања и исто толку откажани пристигнувања. Од тие 48 лета, 18 ...

На повеќе патници им се слошило на два лета на германската авиокомпанија „Кондор“ од Доминиканската Република кон Франкфурт. Спасувачките екипи на аеродромот биле ставени во готовност додека двата авиона сè уште биле во воздух. По слетувањето во неделата, двајца патници биле пренесени во болница. За случајот е известена здравствената служба во Франкфурт. Дел од германските медиуми објавија дека се разгледува сомнение за норовирус, но ...

Добивај вести на Viber Повеќе од 1.300 летови на „Делта ер лајнс“ низ САД доцнеа до раните попладневни часови во неделата, 22 ноември, откако откажа еден од системите со кои авиокомпанијата пред полетување ги пресметува тежината и тежиштето на авионот. Најмногу доцнења имаше на „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, најпрометниот американски аеродром. Според Еј-би-си њуз, до 13:30 часот по локално време доцнеа речиси 45 отсто од летовите на „Делта“ ...

Соединетите Држави бараат објаснување од раководството на „Nvidia“ во врска со продажбата на чипови на компанијата во Кина, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“. Ова доаѓа десет дена по оставката на поранешниот извршен директор Џенсен Хуанг, која уследи по откритијата за афера со лице за кое постои сомневање дека е кинески шпион. „Во контакт сме со привременото ...

Претседателот на српскиот парламент, Александар Чупиќ, денес изјави дека парламентот е пред завршување на конститутивната седница, односно конституирањето на парламентарните комисии и делегации, а потоа и измена на Законот за министерствата, со цел да се намали бројот на ресори. „Мислам дека има реална потреба за тоа. Сега имаме 25 министерства, пет министри без ресор, плус мандат. Тоа е исто така ирационално, непотребно“, изјави Чупиќ за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
48%
1028
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1028
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
0.51
82%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
5.14
58%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
7.42
73%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1021
weather icon

Тирана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
42%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
82%
1023
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
5.14
66%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
65%
1023
Currency

61.76

Currency

56.3

Currency

73.698

Currency

37.388

Currency

39.286

Currency

66.972

Currency

8.446

Currency

0.68689

Currency

0.35386

Currency

0.52424

Currency

1.1132

Currency

0.60306

Бакар

11.01

Алуминиум

2.84

Кобалт

33.53

Платина

42213.93

Цинк

3.67

Родиум

287749.18

Рутениум

59478.88

Злато

116266.74

Сребро

1355.97

Иридиум

326330.08

Паладиум

28164.05

Калај

41.34